Мажите денес се такви пички што коментаров погоре го сметам за 100 посто точен. Се плашат да и се пуштат на секоја девојка оти ќе ги одбила, а нив круните ќе им паднат. Мразам вака како баба што звучам ама на времето машките се бореа да добијат девојка, сега бегаат и онлајн
И замисли некој што нема храброст да ти пријде, ќе треба утре жена си да ја застапува пред неговата фамилија? Нее. Ќе треба да гради фамилија? Nope. Но не можам да ги обвинам само мажите за тоа што се такви. Од кого да научат како треба да бидат мажи и што значи да си маж? Пример гледаат од татко, дедо, комшија. Емоционална интелигенција учат од мајката. Немаме здрави размислувања за воспитување ни на мажи, ни на жени. Ни треба растење и созревање како општество. На сите.
Апсолутно се согласувам со тебе .. Не почитуваат, не сакаат ..се е формално..никаква култура не постои ни на однесување ни на комуникација..ништо.Многу брзо, многу промени на негативно, вчера некаде на нет прочитав во просек по 6 разводи на ден имало..ќе има и повеќе во иднина и бракот дали ќе постои како институција ..како што сме тргнале ..незрелост,неспремност ..неизживеаност,себичност итн..а семејството те обврзува и ограничува во секој случај и треба да е свесен секој колку може да се даде во одредена релација за да не носи на душа недолжни личности. Убав ден на сите
Мажите треба да се плашат од нас. Така ние ќе бидеме побезбедни. Имање амбиција не секогаш оди со имање способност да се препознае манипулација.
Проблемот е што во некои аспекти се плашат, а во други се чувствуваат надмоќни, па од позиција на моќ некогаш многу директно го наметнуваат своето влијание. Еве пример, другар еднаш ми има речено дека ние жените сме поитри и подмукло знаеме да направиме фантастични работи. И така е. За разлика од нив, ние размислуваме слоевито и многу подлабоко.
Не знам баш дали би било подобро така, побезбедно. И жена кога се плаши од нешто, нема мир така? Сака да се реши од стравот. Кога нешто не плаши сакаме да го победиме, надвладееме, скротиме. Кај мажите тој момент е далеку поизразен. Треба да тежнееме кон состојба на мир, двата пола. ... Можеби грешам.
Според мене има главно две причини зошто маж би се плашел од амбициозна жена.. Едните се манипулативни мажи кои имаат желба да имат моќ над жената, многу е полесно да манипулираш некој и да го држиш во некој свој "затвор" ако е зависен од тебе финансиски (небитно целосно или делумно). Другата причина е притисокот од општеството дека маж мора да биде финасиски по моќен од жената, дека не си доволно маж ако жена ти заработува повеќе..
Очигледно недоволно слоевито кога уште им дозволуваме да навладуваат во некои сфери. Треба да бидеме похрабри и да ги спуштиме на земја. Нашите проблеми извираат од тоа што како пол не сме толку сложни колку нив.
Еве женски форум им дозволивме да ни даваат памет на сите можни теми. Кога видов дека машки објаснуваат во темите за менструација и рачунаат плодни денови Ние сме сложни само во изјавата: "сите машки се исти!" И само на тоа остануваме. А од многу мажи сум слушала нешто во стилот: "И ѓаволот се плаши од жените." и што е најтрагично они се сложни во тоа и се водат по тоа.
Напротив со тоа што ќе направиш да се плашат мажите од тебе, нема да направиш да ги почитуваат твоите одлуки и да ја добиеш нивната почит. Тоа што го бараш ти е почит, а не страв погрешно ти е дефинирано. Или пак не значи дека си побезбедна, ако си во близина на машко кое се плаши. Полот не гарантира за твојата безбедност. Така да многу погрешно мислење. Треба да направиш да те почитуваат, а не да ти се плашат.
Wrong. Мажите функционираат поразлично од нас, не не ставај во ист кош. Кај нив има хиерархија, они го почитуваат тој од кого се плашат.
Изгледа мислењава ги пишуваш тука само да им се умилкуваш на жените. Реалноста е дека мажите не се плашат ама едноставно не преферираат претерано амбициозни жени, кои често пати поради таа амбициозност и кариера/пари ја ставаат работата на прв план и го запоставуваат семејството.
А вие не го запоставувате семејството за работата и кариерата? Незнаете ни во колку саат јадат вашите деца, незнаете ни учителките и докторите како им се викаат на вашите деца, незнаете чорапите каде ви стојат, го запоставувате семејството ради швалерките..... А очекувате жена која ќе се грижи за се тоа, а вие ќе бидете глава на фамилијата.... каква е таа глава? Таква глава можете да бидете само меѓу другарите, не и во семејството.
Да да, семејството е у опасност ако жена е претерано амбициозна, пошто ќе нема време гаќите да ти ги испере.
Покорност е различно од почит.. Ако со страв направиш некој да те "почитува" ќе добиеш послушност затоа што се плаши од тебе не затоа што те сака или почитува и секогаш ќе чека момент на слабост за да те урне.. Во врски кај што едниот се плаши од другиот нема љубов.. Здрав однос не се гради со хиерархија на страв, токсично е.. Која е поентата цел живот да се бориш за престол со партнерот, кога може заедно да седите.. Треба да има страв ама не страв еден од друг туку страв еден за друг... Сакаш маче и тебе да ти се умилкувам? Имам девојка друже, и не не ми пречи кога е амбициозна дури и се гордеам со секој нејзин успех.. Семејството е и мое колку што е нејзино, на децата им требаат двајца присутни родители не еден..
Па тоа го зборам. Не зборам за здрава врска или однос. Мажите така функционираат, со покорност, ние жените функционираме посоцијализирано. Затоа во брак кога се влегува, жената очекува партнерски однос и делење на обврските а мажот очекува да биде глава на фамилијата само ради тоа шо е маж, и да команда на сите, без никакви обврски. Не зборам за сите, ама поголемиот дел така функционираат, ете гледаме и шо коментираат низ интернетов. Маж шо сака партнерски однос е ретка врста, да не кажам чудо на природата.
Секој си бара тоа што му одговара. Ако јас заработувам ок доволно за фамилијата не ми треба и претерано амбициозна жена па да нема кој да се сврти дома да се грижи за децата да бидат пуштени на автопилот Кога двајцата се амбициозни нешто мора да трпи, најчесто се децата фамилијата Машина ги пере гаѓите одамна, не се перат на раце Убаво звучи ова во теорија ама во пракса сосема е друга ситуација, мора да има некаква прераспределба на обврски до одредена мера. Нормално дека на децата им треба двајца присутни родители, каде реков дека не е тоа така ?
АКО заработуваш . Повеќето работите за минималец и пак истото го очекувате. Машината ги пере гаќите, и затоа не сакате ни машината да ја уклучите