Многу си интересна со претпоставкиве Продолжи си да бидеш амбициозна во Македонија, да ве чита тука некој ќе помисли на Вол Стрит во Америка работите за 6 цифрени суми а не за 40тина илјади денари. Али океј ако сте доволно амбициозни ќе ви качи газдата уште 50-100 евра кои многу ќе ви променат во животот
Не напротив затоа и би заработувал нешто помалку, ама да имам повеќе време за семејството иако некако универзумот си ги мести работите па кога си поскромен ти дава повеќе, многу повеќе од просечен македонец
Па нормално, бракот е измислен од мажи за мажи, за и најскромниот односно најсиромашниот да си добие бесплатна работна сила , слугинка и редовен пристап до секс.
А зошто ти да градиш кариера а таа не? Еве зошто не земеш амбициозна жена па таа нека носи пари ти седи дома чувај деца, пери, пеглај, прави јадење, а таа кога ќе дојде дома нека седне нека пушти серија и нека вика по тебе "мажууу дај ми пиво! Каков домаѓин си прашина колку сакаш! Детето плаче среди го!"
Некоја што е амбициозна нема да се замара со некој на кој цело време треба да го потсетува и да му вика за обврските ако веќе се договориле така да ги распределат.
Јас мислев дека сексот е взаемно уживање, не знаев дека тоа е бенефиција само за мажите. Фала на појаснување ама намали малце со фрустрацииве, не мора сите на нож да ги дочекуваш што мислат поинаку. Нема таква жена што ќе прифати нешто, еве пробај па кажи како ќе поминеш. Прв услов да се нафатиш на такво нешто е тестостерон помал од 200 нг/дл бидејки против природата не се оди. Жените инаку се природно предодредени да бидат подобри во некои работи, еден од нив е и гледање учење воспитување на децата
Сакаш да кажеш дека вас мажите не ве бива за гледање деца? ПА тогаш не ни треба брак, шо ќе ни е . Направете си дете, жената со детето ќе си седи кај нејзините кои ќе и помагаат во одгледувањето а ти само плаќај алиментација.
Читаш погоре што пишав ? Дека радо би прифатил и помалку пари да заработувам ама да имам повеќе време да бидам повеќе со семејството да допринесувам и во обврските. Ама ако некој мисли дека мажот може да ја замени улогата на мајката во семејството тогаш очигледно му се ептен помешани брзините
Колку си ограничен и прост, како впрочем и поголемиот дел од мажите, се гледа по тоа што амбицијата ја перцепираш како реална само ако се мери во шестцифрени суми...има жени кои се толку образовани и еманципирани, кои се страшно стручни на полиња кои не ни знаеш дека постојат, со милион титули зад себе, што не можеш ни на мал прст да им се фатиш. Тоа што ти сметаш дека максимално што една жена може да постигне во животот е молење кај газда за 5000 плус е само одраз на твојата мизогинија. Буквално ни една вистински амбициозна жена не би била со некој како тебе кој смета дека ако доволно заработува, жената треба да си се стокми дома и да го убие својот развој.
Различна е улогата на мајката и таткото врз воспитување на децата, не може едниот да го замени другиот. Ве има на форумот некој инфрустрирани разведени жени па ширите негативна кампањата кон се машко, али океј тоа е трендот сега насекаде уште се радуваат што 50% од жените до 30 години не биле во брак немале деца И што кажав, дека различни се улогите на мажот и жената во бракот ? Не може едниот да го замени другиот Ништо не може да го замени празниот простор во домот оставен од претерано амбициозна мајка сопруга Прилично сум сигурен дека сум многу поспособен од тебе. Ти реков пробај па ќе видиш дали може ти да седиш дома, готви се прави додека жена ти заработува за сите па ќе кажеш колку време ќе функционира тој брак
Најдобра титула на секоја жена е да биде добра мајка и сопруга, останати мики маус титули не ме интересираат Од титули, материјализам и претерано амбициозни жени ни се случува демографски потоп. Благодарение на тој демографски потоп ќе нема во иднина ни од каде пензии да се исплаќаат на сегашниве генерации
Сакав да кажам дека појма немаш шо пишеш, ама многу убаво си знаеш шо пишеш, како и секој маж, во своја полза. Прво викаш дека АКО си бил провајдер, ти ќе си провајдирал за твоето семејство се да има, не морале они да работат. Па викаш дека улогата на машкото и женското во семејството не била иста, жената е таа која била подобра и која требала да ги гледа и воспитува децата. Фактички се ставаш во позиција во која ти само даваш пари и ништо повеќе. После викаш дека си бил скромен . Епа да ти кажам нешто, скромноста не иде со твоите размислувања. Жените шо ќе ти седат дома и гледаат децата, не сакаат скромен човек . Си сакаат мажот да ги плаќа и сметките, и облеката нивна, и јадењето, и одморите, и шетањата, и се шо ќе им прдне на жената и децата.. ама таквите жени ги нарекувате спонзоруши, по незнам која логика. Ваљда оти неможете да си го дозволите тој лајфстајл, па зборите тука за некое идно потенцијално време шо никогаш нема да се случи. Скромен бил, ама очекува жената да му седи дома и да му гледа деца, и да оди на работа за помалку од неговата минимална и да плаќа сметки 50-50 , пошо со неговата он неможе ни основните работи да ги купи за дома. И после се чудат зошто жените се разведуваат
Реално и така треба. Гледам многу примери на успешни жени заглавени со мажи заспани во комфорт зона без никаква амбиција за напредок. Плус, мажите ја имаат привилегијата ништо во животот да не им се менува кога ќе се роди дете па затоа немаат оправдување за тоа жената да ги влече во секоја смисла.
Сега сврте дека се форсирал материјализмот и све отишло у неповрат значи освен што сака да му готви и чува деца, жената треба скромна да биде и да не тражи многу. Знаев дека е Ендру Тејт и Мирољуб фан.
Малце ручна... @Attenzione што подразбираш под мики маус титули ? Јас градев кариера во брак. Со помош на сопруг. Ако некој смета дека жена не треба да е амбициозна, туку треба да биде само домаќинка и мајка, тогаш тој некој треба да е милионер кој ќе се погрижи за сите нејзини желби, потреби и соништа. Нека ми плати некој мене дадилка, приватни градинки и училишта за децата, слугинки дома, да не морам да се секирам за ништо, нема ни да сум амбициозна, чему то ? Што ќе се мачам, за што повеќе да добијам ?