1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дали мажите се плашат од амбициозни жени?

Дискусија во 'Сингл' започната од Gea, 14 јуни 2011.

  1. Mr.Limonko

    Mr.Limonko Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2025
    Пораки:
    1.535
    Допаѓања:
    6.268
    Пол:
    Машки
    Сигурен сум дека би можел да си го чувам детето, да му сменам пелена, да му направам да јаде, да го учам, се не само пари да му давам..
    Немам дете уште ама живеам со девојка и замисли покрај тоа што одам на работа придонесуваме во сите домашни обврски и уште не ми се исуши братот.
     
  2. Mr.Limonko

    Mr.Limonko Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2025
    Пораки:
    1.535
    Допаѓања:
    6.268
    Пол:
    Машки
    Донекаде си во право, ама не треба маж да одбегнува амбициозна жена, сосема нормално е и жена да има поголема плата од маж..
    Проблем е што мажот не помага во семејните обврски не тоа што би заработувал помалку..
     
    На Adidas888 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Adidas888

    Adidas888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    7.731
    Допаѓања:
    35.006
    Пол:
    Женски
    Токму така. Плус, амбициозна жена може се да постигне во животот, многу повеќе од тоа шо може маж.
    Имам една во моја околина, амбициозна, работи на државна работа за поголема плата, и плус гледа 3 деца, и чисти и готви, ништо не им фали. Разведена е нормално, пошо мажот и бил љубоморен на нејзините постигнувања и не сакал да ги чува и да се грижи за нивните деца. Денеска не ни ги гледа ниту плаќа алиментација. Жената се сама постигнува :muscle:
     
    На Simon4e0507, lady1987 и Mr.Limonko им се допаѓа ова.
  4. mKdevojce

    mKdevojce Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    2.587
    Допаѓања:
    18.449
    Треба да си бара жена во свој или понизок ранг. Тука најмногу грешат жените што не се вреднуваат доволно па се потценуваат да завршат со некој три класи под неа.
     
    На Tam4yy и Simon4e0507 им се допаѓа ова.
  5. DarkStormm

    DarkStormm Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2021
    Пораки:
    1.985
    Допаѓања:
    5.868
    Пол:
    Женски
    А не ти текнало дека можеби тој потоп е заради мамини синови ? Закоравени мажи кои наместо да сакаат амбициозни жени со кои заеднички би имале напредок, си бараат подводливи слугинки покорни ?
     
    На la.malparida, baby-star, Simon4e0507 и 4 други им се допаѓа ова.
  6. mKdevojce

    mKdevojce Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    2.587
    Допаѓања:
    18.449
    Па од тој таков секако немаш никаква корист. Поарно и полесно без него во секој случај.
     
    На Tam4yy, Simon4e0507, Mr.Limonko и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. Attenzione

    Attenzione Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јули 2023
    Пораки:
    74
    Допаѓања:
    91
    Пол:
    Машки
    Никаде не пишав дека само јас би бил провајдер, ништо не работам дома а и она да седи без работа. Коментирав само зошто мажите не бираат претерано амбициозни жени, што често пати го запоставуваат и семејството на сметка на кариерата ама вие ја однесовте темата во сосема др правец како што ви одговара

    Нормално дека улогата и природата на мажот и жената не е иста, може да се надополнуваат но едниот не може да го замени другиот во никој случај!

    Искрено каша попара направи со толкувањево како ти одговара, ретко читам на форумов ама те имам приметено дека ова ти е чест случај не знам како мислиш дека некој ќе дискутира со тебе


    Секоја чест за искреноста, ретки се девојките жените како тебе што ова директно го кажуваат. Ако се паметни лимонко и другите како него ќе научат нешто со време, да не живеат во заблуда дека може така
     
    На Simon4e0507 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Amellie13

    Amellie13 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 јануари 2017
    Пораки:
    4.860
    Допаѓања:
    63.730
    Пол:
    Женски
    Ама не сфаќате вие, зошто сѐ оди надолу криви се жените, кариерата, материјалното, феминизмот... Сѐ освен мажите. Тие си се совршени како и секогаш. :D
    Иако фрустрира, за жал многу мажи (па и жени) се со размислувањето како на членот. Жената само дома затворена и домаќинка да е, ништо друго не ѝ треба. А за тоа што 90%+ од маживе не го заслужуваат тоа никој не зборува. Како прво, за тој сон да го живеат треба да заработуваат за двајца најмалку, да не зборуваме за карактерот, а колку мажи го прават тоа денеска? Тие една вечера да частат некоја девојка ќе цимолат после со месеци ако не легнат или не им стани женска како "ги искористила".

    Арно ви е, треба да ве одбиваат за такви Тејтовски ставови и да плачите дека сте сами. Можи сосема нормално да се организира времето меѓу работа и гледање деца, бидејќи децата не ги правела сама мајката. Но друго е тука проблемот а сите знаеме што.
     
    На Gosh, baby-star, Simon4e0507 и 8 други им се допаѓа ова.
  9. Adidas888

    Adidas888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    7.731
    Допаѓања:
    35.006
    Пол:
    Женски
    Буквално сите се согласуваат и дискутираат со мене. ;)

    И не, не пиша дека само ти ќе бидеш провајдер нормално, пошо не си способен за тоа, исто пиша дека мажите не се способни за да гледаат деца па затоа жена ти ќе ги гледа, исто пиша дека денес не се пери на рака туку во перална која жена ти мора да ја уклучи, и сега пишеш дека и жена ти ќе работи пошо со твојата скромност тешко дека ќе имате нормален живот.

    Другото шо го пиша, викаш браво за членката шо пиша дека амбициозните жени ќе си бараат некој на нивен левел или некој на повисок, пошо со заспани мажи неможат да напраат ништо.
    После викаш дека денеска во голем раст биле амбициозните жени и заради нив ќе сме немале пензија, и они биле криви за се што се случува во светот :rofl:.
    Друже, па дали си нормален?
    Денеска скоро секоја жена е амбициозна и не сака пасивен маж. Сакаат провајдер. Никоја не сака повеќе од вашата скромност.
    Не се криви жените шо вас не ве бива за ништо, ни за провајдери ни за деца гледање.
     
    На Tam4yy, baby-star, Simon4e0507 и 2 други им се допаѓа ова.
  10. FriendOfDorothy

    FriendOfDorothy Популарен член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2024
    Пораки:
    2.735
    Допаѓања:
    22.718
    Еманципираноста на жените доведе до тоа таа повеќе да не мора да прифаќа, туку да избира. Е сеа, ради изборот, кај поголемиот дел на мажи се развива неебитис. Огорченоста ради неебитисот се претвора у начин на размислување и фрустрација, така се создаваат инцели кои тврдат дека општеството е у пропаст ради амбициите на жените и нивните титули.
     
    На Tam4yy, Gosh, baby-star и 8 други им се допаѓа ова.
  11. FriendOfDorothy

    FriendOfDorothy Популарен член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2024
    Пораки:
    2.735
    Допаѓања:
    22.718
    Да бе, па едни ебачи што се, едвај 2 минути.
     
    На Tam4yy, Gosh, baby-star и 7 други им се допаѓа ова.
  12. Mrs. right

    Mrs. right Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 ноември 2022
    Пораки:
    5.070
    Допаѓања:
    21.294
    Па сеа, ако е толку е перформансот :worried:
    Битно да се учествува :rofl:
     
    На Gosh, Simon4e0507, FriendOfDorothy и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. mKdevojce

    mKdevojce Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    2.587
    Допаѓања:
    18.449
    Некои мислат дека со тоа што мажот "помага" по дома тоа е решено. Но не е. Никогаш нема да биде иста улогата на мажот и жената во домот. Посебно околу децата, обврските никогаш не се 50/50.
     
    На Tam4yy, Simon4e0507 и Attenzione им се допаѓа ова.
  14. Panda00

    Panda00 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2021
    Пораки:
    842
    Допаѓања:
    3.220
    Пол:
    Женски
    Не ми се верува што читам во 2026 година. На ЖЕНСКИ форум.

    Идете си на Кајгана, таму може ќе ви пројдат муабетиве. Тука не.
     
    На LibreGirl, Medea., Gosh и 3 други им се допаѓа ова.
  15. Attenzione

    Attenzione Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јули 2023
    Пораки:
    74
    Допаѓања:
    91
    Пол:
    Машки
    Е многу е тешко да се согласуваат со тебе кога 99% се женски и по некој маж што мисли дека ќе клецне нешто на страна ако се се согласува со вас :D

    Јас сум способен да бидам провајдер доколку е потребно, но мислам за жената не е добро некоја да седи само дома и да стагнира на професионално поле воопшто да не напредува. Но во денешно време како што реков се оди во крајности, претерано фокусирани на кариера пари па се случува и обратно да го запоставува домот - кој по моја логика и начин на живот мора да биде приоритет.

    Браво пишав оти кажа дека не е можно тој филм да го гледаат машките, да заработуваат помалку да ги извршуваат домашните обврски а жената да биде таа што ја превзема главната улога во поглед на финансии

    Очигледно немате многу избор чим 50% од жените до 30 години не се во брак и немаат деца

    Јасно е дека ги бирате само топ 10% од мажите затоа и таква е демографската слика каква што е, еден куп стари моми и мажи без свое семејство деца и државата без иднина. А тие топ 10% мажи свесни се за својата позиција можности и не им е до верност па после кукате како сите биле исти
     
    На Aenarion му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Attenzione

    Attenzione Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јули 2023
    Пораки:
    74
    Допаѓања:
    91
    Пол:
    Машки
    Тоа го викам и јас ако двајца се фокусирани на кариера амбициозни ќе трпи нешто најчесто децата
    Мора некој во бракот да биде помалку амбициозен, да превземе поголем дел од обврските тоа еднакво е мит!

    Некој мажи мислат дека ако неколку пати смениле пелени или направиле јадење, готово еднакви се со мајката исто допринесуваат дома
     
  17. Mr.Limonko

    Mr.Limonko Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2025
    Пораки:
    1.535
    Допаѓања:
    6.268
    Пол:
    Машки
    А зошто да не можат и двајцата еднакво да се грижат за децата?
    Не не неколку пати да смениш пелена, треба секој ден..
    Единствено нешто што не може маж да направи е да роди дете се друго може.
     
    На Simon4e0507 и bicycle им се допаѓа ова.
  18. Adidas888

    Adidas888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    7.731
    Допаѓања:
    35.006
    Пол:
    Женски
    :rofl::rofl::rofl::rofl::rofl:
    Провајдер е провајдер цело време а не само доколку е потребно :rofl:
    Пак збориш за некое идно потенцијално време шо нема да се случи.
    На провајдерот не му е гајле дали жената е амбициозна или не, пошо он може да си го дозволи тој лајфстајл и на себе и на неа.

    Ти се шо викаш во ппстовите, вришти на еден "скромен" несигурен неспособен маж, кој не сака амбициозна жена, туку жена шо ќе работи, ќе му плаќа сметки 50-50, а децата и домот ќе му ги гледа 100%.
    И накрај ќе завршиш разведен, и ќе кукаш дека жените се материјалистки оти не сакаат да ти слугуваат, и нема да плаќаш алиментација за децата за да ја малтретираш неа, а она поспособна од тебе ќе изгледа во сечии очи, пошо ем шо ќе работи сама, ем и дом ќе гледа ем и деца ќе гледа сама, без твоја помош. Пошо ти си призна дека си неспособен за се тоа.
     
    На Tam4yy, Gosh, baby-star и 4 други им се допаѓа ова.
  19. Attenzione

    Attenzione Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јули 2023
    Пораки:
    74
    Допаѓања:
    91
    Пол:
    Машки
    Доколку е потребно > доколку жената се одлучи дека не сака да работи и да се посвети на домот

    Пак ќе кажам врие од треба ифрустрираност дури и преку монитор се осеќа, и продолжи со прогнозиве :D

    Се читаме утре, доста е со негативност за денес.
     
  20. Adidas888

    Adidas888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    7.731
    Допаѓања:
    35.006
    Пол:
    Женски
    Нели скромен беше? :rofl:
    Шо ќе се смени и како, кога жена ти ќе одлучи да не работи?