Ако е некој готован шо не се интересира за ништо, зошто би имал параноја од амбициозна жена, кога од неа ке чека буквално се, би му годело и ќе и трчка како кутренце.
Во машко-женските односи битно е дозирањето. Типката мора да стои цврсто на две нозе,независно дали денес работи у Македонија за 500 ЕУР,или утре е у Германија,Америка или Англија и работи за многу повеќе.Јас лично сакам амбициозни жени,од проста причина, доколку сме у сериозна врска,онака си правам одредени проекции каде работава би идела.Меѓутоа,битно ми е да одржува релативно константен однос со мене,затоа што ова се динамични времиња,денес можеби земам 700 ЕУР,утре ќе земам 2000 ЕУР,а ќе ја имам истата амбициозност,а исто и она.Затоа што во овој систем амбициозноста не значи по автоматизам и "успех", одма и сега.Може да има delay,а може и воопшто да не се реализира. Мојот однос кон девојката е колку што може понеутрален,и не зависи само од пазарната верификација на нејзината амбициозност,стручност,посветеност. Доколку нејзиниот однос кон мене драстично варира,во зависност од тоа каде е она у хиерархиска смисла,имаме проблем. Доколку е поамбициозна од мене,има поголема плата и подобра работа од мене е ОК за мене,се додека нејзиниот однос е коректен.Ако кога доаѓа доцна од работа се однесува прилично дрско као зошто ова,зошто она,нели се договоривме да пуштиш машина итн.имаме проблем.Други домени каде односите можат да ескалираат се излегувањата и сексот,во форма на чести girls-night(s),или драстично намалена фрекфенција во сексуалните односи."Хаха,добив унапредување,нема blowjob", "Веќе сум шефица,у помалечка приватна фирма.Anal?No way", "Од денес сум,financial controller у интернационална компанија.Sex?Ма, што ти е на тебе.Вечер сакаш? Не можам.Овој месец те молам немој да ме чепкаш,имам работа.Ќе водам љубов со финансиските извештаи.И следниот месец,и месецот по него...". Во таква ситуација не знаеш дали да се радуваш на успехот на "партнерката" или да тагуваш за поминатите прекрасни моменти и онака да евоцираш спомени.Можеш и да имплементираш cost-benefit анализа,но на крајот ќе дојдеш до првобитниот заклучок дека умерени промени во однесувањето се ОК и прифатливи. Инаку околу проекциите,денес многу е тешко да проектираш со жена.Затоа што може да има голема дискрепанца помеѓу оние средства кои би имале одредена заедничка цел т.е. би биле во функција на градење на семејство итн.и оние средства у реалноста. .Нормално,типката си купува само по 9 нови чанти секој месец,и воопшто не води грижа дека дел од тие средства сте се договориле да идат за уметничка слика у новиот стан,а она као уметничка душа . Или пак за време на викенд ги киднапирала децата и му ја дувнала за Италија. Викенд будење со нејзиниот авантуристички дух,онака со Interpol да ја бараш . Да резимирам,амбициозни жени се ОК,но потребно е и да имаат и чувство за баланс. Претерана дрскост,арогантност од женска кон машка страна нема да помине, независно што типката може да е амбициозна.Не е воопшто привлечно,а и јас не паѓам на такви типки.Доволно е да бидеш паметна,да имаш смисол за хумор(можеш да ме зезаш онака дека земаш повеќе плата од мене,ама треба да знаеш како тоа да го направиш),да бидеш амбициозна,но не добиваш бонус поени со тоа што ќе бидеш дрска и арогантна. Кога жена ми покажува заби,мене ми е смешно.Нема потреба од такви работи.Доволно е на Светот да му покажеш заби и тоа онака со одважност .
Жени дај свестете се и не причајте свашта само колку да се тешите самите со тоа што сте сингл и покрај тоа што сте амбициозни и си имате свои паричиња и све остало... И кој!? Мажите се криви, се плашат зашто "Јас не сум била жена Јас сум суперженка и најдобра сум во се. Ма нема маж за мене" Секоја чест на исклучоците, зашто има се низ светот, ама муабетов дека "Мажите се плашат од амбициозни жени" е пуштен од прилично искомплексирана амбициозна жена, која НЕСАКА да прифати друга причина дека е сама и бара вина во другите.
Уфф јас колку нејќам и мажи и жени што не знаат ништо друго во животот освен работа и пари, опседнати Што ќе ми се мн пари и јака функција кога немам со кој да ги споделам, кога не би имала време во денот да си поветам на себе си, на семејството? Мене најважно во животот ми е прво здравјето па семејството, кариерата на 3то место. Како давате совети во темите за љубовни проблеми , ако имаш дечко не значи дека треба да ги запоставиш другите работи во животот...исто е и со работата, не се оди во животот како коњ, кој гледа само напред во една насока, треба да се свртиш малку и лево и десно.
Не дека се плашат, ама тука најчесто се јавува машкото его кое секогаш бара да бидат доминантни врз жените. Мислам оти се јавува повеќе срам (непријатност) или мала доза на љубомора кога мажите имаат покрај себе "ваков" тип на жени.
Прво јас мислам дека нема потреба од вакви генерализации. Значи, некои мажи навистина се плашат од амбициозни жени, некои едноставно не ги сакаат (од различни причини), а некои пак сакаат амбициозна жена покрај себе, исто така од различни причини. Според мене оние кои се плашат од амбициозни жени се всушност поретки во денешно време. Бидејќи амбицијата честопати се поистоветува и се меша со желба за доминација и моќ, обично во таа група би сместила претежно срамежливи мажи без самодоверба кои се свесни дека лесно можат да се најдат подредени во таква врска, па да излезат дури и оштетени (а најинтересно е тоа што обично мажите кои се плашат од амбициозно-доминантни жени неретко знаат и да завршат со такви, па после цел живот си се плашат ) Е сега, друга работа...Ова амбициозни жени, зависи кој како ќе го сфати... Некои за амбициозни жени ги сметаат и оние кои си бараат богата фамилија да си се наместат после мажачка ... Па што, и тоа е некаква амбиција А денеска, ретко кој и не е амбициозен во оваа или онаа смисла, кој повеќе, а кој помалку. Лошото е во тоа што многу не знаат ни, како што би се рекло меѓу народот, до каде им е чергичето и после при првото разочарување следат патетики од типот "Јас ништо не постигнав во животот, ништо не направив, не е до мене, имам лоша судбина" Добро, назад на главното, ако зборувам за себе, некој можеби и мене ме гледа како амбициозна, ако се земе во предвид дека отсекогаш ми било важно и сум сметала дека заслужувам во иднина социјалниот статус и финансиската состојба да ми бидат решени и тргнати во значително нагорна линија, и се трудам да постигнам повеќе во животот. НО, за се мора да се има граници, сепак јас не би ги ставила работните обврски на прво место пред се останато во животот и не би била спремна во иднина да занемарам се или да направам нешто што се коси со моите поимања зa здрав памет за да дојдам до целта. И најискрено, и јас кога би била машко не би го сакала покрај себе стереотипот за амбициозна жена. Не би можела да поднесам некоја воркохоличарка која божем мозокот го остава во канцеларија, не се интересира за ништо наоколу, а во слободно време изигрува д мен ин д хаус, не сфаќајќи дека не личи на ништо повеќе од хистерична квази-феминистка која потајно и очајнички пати за машко внимание Се на се, малку е напорен таквиот тип, не само на жени, туку и на мажи. Секако, зависи и од тоа кој што смета за амбиција, кој што и до каде може да толерира, каква е таа амбиција и до каде може да оди.
Има разлика од жена со амбиции и жена со постојано кренат нос,самобендисана и егоистична,мажите не се плашат од нив,туку едноставно не сакаат врската да им биде бустање на нечие его. А нема кој маж не би сакал покрај себе жена што сака да просперира во животот,под услов таа да знае навистина што прави и да не жртвува се околу себе,па дури и врската,за да си ги постигне целите.
Еве јас сум амбициозна женска и работам секој ден а за викенд навечер сум скоро секогаш зафатена ретко кога сум слободна.. Знам да готвам да перам да пеглам све што треба да знае жена имам и дечко кој го има истото темпо како мене и си се разбираме е шо има везе ако јас заработувам повеќе од него, па нема да му досадвам да ми купува чевли ќе си купувам сама.. Од амбициозни жени се плашат само оние слаби мажи кои немаат свое јас а таков не ми ни треба!
Одамна ги читам истражувањата на оваа тема, и имам на киndle-от неколку книги на темава, нели, амбициозни жени што кукаат не можеле маж да си најдат. Социолошки гледано, причината зашто амбициозните жени не можат да си најдат маж е затоа што дис-пропроционално им растат стандардите. Жена која е магистер, одбива да збори со маж кој нема докторат... Жена која е доктор по науки, одбива да збори со маж кој нема 2 докторати. Жена која е милионер, одбива да збори со маж кој не е милијардер. Нема апсолутно никаква вистина у тврдењето дека мажите нејќеле успешни жени, тоа е оправдание кое амбициозните жени си го кажуваат да не се погледнат себе и своите социјални вештини. Истражувањата баш обратното го покажуваат, мажите и те како би биле најнормално задоволни да имаат шанса со жена која е поуспешна од нив. Меѓутоа вистината е дека амбициозните жени не даваат шанса на просечни мажи туку се преценуваати и имаат нереални критериуми. Друг голем проблем е што амбициозните жени мешаат успех и привлечност Мажите се неутрални према успехот. Мажите гледаат карактер и физички изглед. Голем број од амбициозните жени тоа го забораваат и мешаат поими. Мислат дека само затоа што успеале, дека вредноста им пораснала и се преценуваат. Еееееее, види ме колку сум успешна, сеа заслужувам фраер, иако имам 40 години и изгледам просечно физички, заслужувам богат фраер... Али богатиот фраер брка 20 годишни келнерки. Жал ми е, но тоа е реалноста. Може да се жалат кај мајка природа и господин еволуција... Но реалноста е дека женската привлечност не расте со успехот. Значи не е дека женската привлечност опаѓа... туку проблемот е што амбициозните жени се преценуваат и не сфаќаат дека успехот не те прави попривлечна. Истите мажи би те бркале и да беше помалку амбициозна.
Упс, да нагласам дека не одговарав на никого лично Помина ова за едитирање текстот. Зборам у трето лице кога велам ти/тој... Доста видов годинава излегоа бест-селери и статии во америка на темава книги за амбициозни жени кои не можат да најдат партнери, па ги ѕирнав, одговарав на тие, значи одговарав на пошироката тематика, не на никого лично на темава. Не ја прочитав темава тука на фемина.
Јас мислам дека дефинитивно мажите се плашат од жени кои немаат проблем со казувањето на своето мислење, жени со став, кои цврсто се држат до своите одлуки и кои имаат визија за тоа што сакаат за себе, што сакаат од другите и каде се гледаат себе во општеството. Мажите секогаш сакаат да бидат тие чиј глас ќе биде повисок, но кога се во прашање амбициозни и цврсти жени, тие сепак се држат во сенка. Како и да е, и за ваквите жени има мажи кои би им биле одличен пар и наместо да се плашат дека нема да бидат ГЛАВАТА во врската (љубовна, пријателска, професионална), ќе ја подржат и заедно ќе ги остваруваат сништата и визиите. **