Според мене нема врска маж или жена се си зависи од карактерот. Јас лично сакам девојки/жени кои знаат што сакаат, кои наместо да седат и кукаат ги завиткуваат ракавите и се борат за тоа што го сакаат. Мене не ми треба роб, јас сакам партер ин крајм. Без драми и љубомори на се живо што мрда, да се има почит и разбирање и да се гази заедно напред. Целите се освојуваат полесно тимски отколку сам.
На моја другарка и сосетка татко и велеше „ќерко бирај, па потоа тебе ќе те бираат“, и девојчето се омажи на 18 години, веднаш по завршување на средно. Апсолутно неточно. Ако жената не е млада, не значи дека ќе ја „бираат“ како што тој сметаше, туку секој си бира она што му одговара па дали е на 30,40, 50.
@Tanjamm па тоа и велам, секоја ќе си најде спрема себе. Конкретно твојот пример - девојчето го сметам за дете, а не за возрасна и тука има разлика. Она може така си сфатила на тие години. Секоја има избор да избере. Секогаш. Дури и на 60 години.
Се омажи на 18 години, и денес има 33 години, ни ден поминат на работа, ни ден стаж. Дома, чување деца, готвење...Жените треба да имаат некаква кариера. Таткото почина, мајката е болна, братот си има свое семејство, а во животот никогаш не се знае, на 50 години може да се разведе и да остане без ништо. Едноставно тоа се лоши совети од родителите. Демек бирај додека си млада. А што одбра? Да живее во заедница со свекор, свекрва, две золви на почетокот, со деца и да седи дома без денар, да мора да зависи од волјата на мажот дали ќе однесе до кај родителите?Секој има избор, дури и на 60 години како што кажа. Кога на колешки им раскажував како една познаничка со скапи подароци се труди да задржу мувач, тие рекоа „оо боже, па нема 60 за тоа да го прави, па и да има 60, што дека, секој треба да има самопочит“.
@Tanjamm разбирам што кажуваш. Ама таа така си одбрала, нејзино е што ќе ја снаоѓа. Денес без кариера е тешко. Светот се смени и ако немаш кариера буквално немаш на што да се потпреш. Вториот случај и не е нешто ново, познавам доста што им купувале скапи подароци. И ова е сосем погрешно бидејќи љубовта не се искажува преку тоа. А за да се труди под дифолт да задржува било кој значи се погазува самата. Тогаш џабе и' е кариерата кога се понижува за внимание. Сите имаат избори. Ни треба нас финансиска едукација прво (за да се смени менталитетот), па после муабетите за мажење/женење. Прост пример. Ми стига порака "не можам повеќе од долгови, трошам 3000 денари на ден помогни ми". 3000 денари?? Како што јас умеам да штедам секој месец, се кратам од мои луксузи за да си тргнам некои грижи во иднина - некој ќе се жали од бес. Никогаш во животот немам потрошено 3000 денари, баш секој ден, секој месец, цела година. Помош? За ваквите само во долгови да се удават.
Леле 3.000 денари на ден? Сум потрошила, ама кога сум купила парче облека или повеќе парчиња, храна за дома, сум седнала на кафе тој ден. Како така бе? Луѓето се гребат. Се сложувам, без кариера е тешко. Децата не се гаранција. На 50 години мажот може да си најде помлада, и да ја шутне жената која му родила две деца, а при тоа таа да нема каде да оди.
@Tanjamm еве не знам ни јас како. Некои фамилијата си ја гледаат со 100 евра цел месец, а ова ти е типично лигавење.
Не е лигавење да потрошиш три илјади денари во еден ден. Има луѓе на кои и 30.000 на ден не им се многу. И сигурно вие ако сте во тие што имаат, нема да престаните да трошите 'оти други немале'.
А делот дека е заглавена во долгови додека троши 3000 ден на ден го прескокна или колку да пишеш нешто?
Не мислам дека се плашат, туку на некои машки им се разнишува егото по малку ако не се тие "главата" на фамилијата, на финансиски и социјален план. Па од секакви несигурности ке почнат драми да прават- што има да дежураш навечер, докторат спремање дополнително ке те оддели од фамилија и слични пасивно агресивни изјави. Мажи од поинаков калибар има доволно, за среќа . И жени.
Заради општествените норми за машкост и женственост. Колку ќе беше поедноставно да не си наметнувавме непотребни правилници. Иначе потполно се согласувам
Луѓето општо имаат страв од амбициозните. Сите се себични, не им е искрено мило некој друг да предничи. Повеќе жените се плашат од амбициозни жени и од цврсти женски карактери. Колку и декларативно да даваат поддршка, во пракса не стојат на зборот, туку подмукло бараат начин да ја разубедат и да ја пренасочат за да не стане помоќна од нив. Тоа е провидно и бедно. Од машко донекаде и поголема поддршка можеш да видиш....Мажите гледаат само да си им убава, останатото не се осмелуваат да го калапат по нивно дури не си ја осигурат позицијата....проблемот е што не можеш да знаеш за некој дали не му пречи амбициозна партнерка или потајно поинаку се чувствува. Неретко се случува во брак да и се постават ограничувања на жената и работите да не бидат како порано иако претходно вешто криел како размислува. Не сум во брак, ама од она што имам видено. Е сега велат дека постоеле некои ептен глупи дечковци кои на сам старт си го покажувале вистинското лице, ама не сум била во контакт со такви личности.
Не сум склон да генерализирам, па ќе кажам од лична гледна точка ко машко. Баш напротив, амбициозни жени ми се многу привлечни и за восхит. Не се гледам себеси со некоја што се задоволува цел живот со малку, а има можност за многу повеќе.
Да, се плашат од амбициозни жени. Не знам по која логика, еве ако може жената да е успешна, да има добра плата, да има сопствен стан и кола - зошто да се плаши некој од тоа? Не ми е јасна нивната логика, демек нема да е домаќинка дома и да му роди деца во иднина. Искрено, ако им пречи на мажите да сум успешна, поарно ќе си бидам соло. Нема да дозволам некој да дофрла демек мн работам или слично. Тој ќе ми дава пари ако јас немам? Исфрустирани нема потреба да трпам!