Сеуште стојам на мислењето дека се плашат... Најчесто оние што се тотална спротивност на погоре опишаните жени ... Иначе оние другите нема зошто да се плашат... можат слободно да застанат рамо до рамо со амбициозната жена
Секако дека мажите кои седат во коперации дека ке се плашат од интелигентна и начитана жена. За други мажи незнам дека се плашат.
Јас би рекол дека не се плашат и како што успешните мажи прифаќаат девојка поради нејзиното образование или убавина ,а не заради парите мислам дека и успешните жени би требало да прифатат мажи кои се образовани .Бидејќи образованите мажи кои ете немаат пари се плашат дека ќе бидат грубо одбиени од една успешна жена и ете ја губат самодовербата пред неа значи реално зависат од тоа дали таа ќе го прифати или не .
@Кирил.ск се плашат. Тоа е факт. Страв им е да не им кидне. Оти на образованата нормално дека и' работи мозокот и мисли. Затоа бараат помалку образована, за да може да доминираат и вреѓаат. Најчесто е вака (без лутење од страна на жените). И многу мои другари кажале дека се плашат да пристапат, со исклучок. Еден исклучок. Замисли сега ти. Ама и типот цели кон повеќе, затоа бира амбициозна и успешна девојка.
Моето мислење искуство не вика така, не се согласувам со тебе, старите како викаат за секое грне си има капаче! Зошто би му киднала ако имаат добра врска и ако се прилагодат еден на друг? Ајде размисли обратно, дали жените се плашат од амбициозни мажи, нели тежнееме да бидеме рамноправни?
Жените не киднуваат од поуспешен маж, бидејќи егото не им е толку големо. Уште повеќе, ако жената може да ужива во животот повеќе заради него - ништо нема да ја спречи и да официјализира таквата врска. А маж ако макар и сосема малку жената успее повеќе од него - егото му е повредено, ќе почне љубомората да работи. И се сложувам со погорното мислење - мажите сакаат да потценуваат и врегаат, а тоа само поглупавите жени го дозволуваат.
Сакаат некултурни простачиња кои така гледале по дома и така мислат дека треба, зашто нешто поинакво не се способни да конципираат во главите. Нив не гледам зошто некоја би ги зела предвид. Интелигентен и совесен човек не се однесува на тој начин.
Мажите не се плашат од успешни, образовани и амбициозни жени, напротив сметам дека им се предизвик, кој е тој што не сака покрај себе таква женска?
Од машка гледна точка... Насловот на темата малку генерализира. Ама да, мислам дека дефинитивно постојат. Можеби дури и поголемиот дел дури и да имаат иницијална храброст да пристапат или почнат нешто со поуспешна жена, но со текот на времето ќе се повлечат. Причината веројатно е тоа што таквата жена веќе има изградено цврст карактер, знае што сака, знае да се снајде, знае да живее сама. Е сега, за еден маж да се носи со тоа, дури и ако не е многу "успешен", мора да има изграден и цврст карактер за да и парира на жената и да се носи со нејзиниот карактер. У превод - да има здрава самодоверба. Тоа ќе му помогне да не го вмешува егото. Така да проблемот е што голем број од пријателите и други машки со кои сум бил у контакт у животов, немаат целосно изграден карактер, имаат ниска самодоверба, или пак фејк самодоверба зад која се кријат комплекси. Моментот коа ќе го сфатат и прифатат ова е момент на будење. Ако се самосвесни може да ја надминат оваа состојба. Од друга страна има доста машки кои го надминале ова. И дури и да не се многу успешни, се амбициозни, имаат соништа и планови и се задоволни од самите себе.
Еднаш пишав и пак ќе го пишам истото, ама малку по различно. Без разлика маж или жена има два вида на луѓе: едните сакаат партнер ин крајм, другите некој/а кој/а ќе го/ја влечат за нос. Кај првите има разбирање кај вторите ако не е по нивно не важи.
Уф, колку ги има на кои ич не им треба амбициозна женска, ехее... Како би можел некој да биде деспот на некоја си таму амбициозна, што знае што сака...
И да посака, џабе ако не и влегува во нејзините критериуми. Амбициозните женски се најчесто тие кои бираат.