Некои мажи се плашат, да. Ама тие што не се остварени, задоволни од својот живот, со застарени сфаќања дека жената секогаш треба да е на пониско ниво од мажот и да бидат главни во куќата. Спротивните од овие се разбира дека не се плашат. Напротив, задоволство им е да имаат амбициозна партнерка покрај себе. За жал во нашето општество сеуште преовладуваат првите.
Не сум официјално образована. Неофицијално, освен за струката негова, за се' друго исто ниво на знаење имаме. А став, Бога ми, не ми фали ич
Според мене некои мажи(помал процент) не се плашат од амбициозни жени. Напротив таквиот тип на мажи сакаат покрај амбициозната жена да се шлепаат во животот. Во тој тип на мажи според мене спаѓаат мажи кои имаат помал капацитет за снаоѓање во животот, помалку снаодливи се во кариерата, а повеќе се снаодливи на полето на освојување на жените, на тоа поле тие се понадарени од други мажи. Тие мажи не се плашат од амбициозните жени
Повеќе би рекла дека не се чувствуваат доволно 'мажи' со амбиционзи жени, отколку дека се плашат. Ако си тип на маж кој верува дека мажот е бредвинер и глава на семејството, егото ќе ти се сроза ако имаш жена која е финансиски независна и самостојна.
Потполно си во право. Во ваков случај кога жената е амбициозна и сака да напредува во кариерата, или на било кое поле машкото его е повредено. Особено кај оние машки кои немаат некои посебни амбиции во животот како што има амбициозната жена
Да ви раскажам една дешавка. (кип ин мајд јас работам во областа со финансии) Една проклета нова година запознавам дечко, он работеше во кафичот кај што славев дали келнер дали шанкер беше, ме наоѓа од нигде никаде на соц. мрежи прави муабет неколку дена и на крај вика '' маче се е топ, само штооо не можам да си дозволам да имам поуспешна девојка од мене па така да кога ќе дадеш отказ и ќе дојдеш со мене да работиш ќе бидеме заедно иначе не бива работа'' And that was the last day he heard of me Реакцијата ми беше вата фак што читаат моите очи, во овој конкретен случај не се плашат изгледа его е ,што ли е, зарем уште постои тоа верување женското да биде испод машкото.. А знам и друг случај каде што машкото нејќеше да работи за 200е. мама го ранеше па си најде девојка со добра работа и секој месец на 1рви кога ќе земеше плата и земаше 150е да си го плаќа кредитот...изгледа зависи каков ќе ти се погоди..еве не знам, ама јас конкретно до сега немам сретнато машко да не ми ја вадел работата низ нос или да не му сметала.
Па речи му маче и ја не би била со таков што нема факс. Боже боже уште ли има такви запустени несреќни кои сакаат да си под нив заради тоа што си жена.. Мочко
А шо треба да учеме факултет 5 години и да имаме амбиција најубава баклава да правеме во маалоо е не иде,
Има такви кои на први не само што добиваат пари за кредитот, туку им земаат на жените за по некоја партија в казино да појдат, по некое ливче да уплатат, или пак да се повозат и пофраерат во "женината" кола
Силните и амбициозни мажи сакаат силни и амбициозни жени до нив. @hellocity Што има врска правење баклава со школување 5 години? Како демек успешните жени не треба да знаат да готват. Ако знаеме да готвиме тоа значи дека децата убаво и слатко ќе јадат. Инаку тој што го бива за се го бива.