Дали мажите се попаметни, поинтелигентни од жените или?

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Boyfromtown, 14 април 2010.

  1. Boyfromtown

    Boyfromtown Нов член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2010
    Пораки:
    411
    Допаѓања:
    90
    Прашањето на целото човеково постоење.Прашање коешто нкогаш нема да го доживее својот момент на вистина поради задоволување на некои свои лични полови ега но зашто да не утепаме еден муабет пред чешма(коперација).Што мислите вие дали Адам е попаметен од Ева,Мирко од Борка,Бред од Анџелина,Васил од Калиопи,Никола од Борка,јас од таа,он од неа........ :!:
     
  2. Nina24

    Nina24 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    667
    Допаѓања:
    330
    "Паметот" и интелигенцијата се многу комплексни поими и неможеш да земеш одреден критериум според кој ќе го измериш паметот на некоја особа, а уште помалку да генерализираш за сите припадници на еден пол. Значи постојат луѓе кои се генијалци во одредена област, во која им нема рамен, во друга се сосема просечни или пак потпросечни. Така, неможеш ниту да оцениш дали едниот пол е попаметен од другиот. Има области во кои предничат жените, а и такви во кои предноста ја имаат мажите. Притоа не мислам на стереотипите у стилу техничките науки се за мажи, а јазиците за жени. На крајот на краиштата тоа си е индивидуално, има многу паметни мажи и многу паметни жени, а и обратно... Незнам дали може да се измери паметот? Која е единица мерка за памет? Коефициентот на тестот за интелигенција? Па не би рекла... Интелигенцијата е многу покомплексна... Некој можеби ќе покаже екстра резултат на тој тест, а од друга страна е емотивно неинтелигентен... Така да нема правила, нема обопштувања, нема генерализации... Сето тоа е според мене бесмислено и е само вечна тема за ривалство меѓу половите.
    Но...морам да напоменам декажените сепак :D се поспособни за извршување на повеќе задачи истовремено, поусмерени се кон целта и можеби емотивно позрели :)
     
  3. Boyfromtown

    Boyfromtown Нов член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2010
    Пораки:
    411
    Допаѓања:
    90
    Секогаш се зема генералното не индивидуалното.Ти еден народ го земаш според генералното,а не според индивидуалното(нема врска со полот но онака го треснав).
     
  4. Nina24

    Nina24 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    667
    Допаѓања:
    330


    Не, паметот не се мери според постигнувањата во животот, грешиш. Тоа се вика малку памет, усмереност, упорност, работа на себе, пратење на случувањата во светот-усмерување кон тоа, среќа да се родиш во организирана, развиена држава... Многу потешко му е на етиопиец да постигне нешто во животот отколку да речеме на швајцарец. И многу други фактори кои немаат баш многу допирни точки со паметот, повеќе со снаоѓањето во дадена ситуација- што можеби и е некој вид способност.
    Што ако некој генијалец се роди во некоја неразвиена, неорганизирана држава и општество? И што ако неможе да се реализира заради тоа и пропадне целата негова генијалност? Значи може човек да е генијалец а да нема организациски способности, да неможе ни сопствениот живот да го организира.
    Друга работа е сосема што може да постигнал човекот се на професионален план, а емотивно да не направил ништо со себе. Во тој случај реализиран е човекот? Постигнал нешто во животот?
     
    На sj *O* му/ѝ се допаѓа ова.
  5. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.548
    Допаѓања:
    19.937
    Нина..само да ти кажам дека правилно размислуваш,во право си за се што е горенаведено.. :clap:
     
  6. Boyfromtown

    Boyfromtown Нов член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2010
    Пораки:
    411
    Допаѓања:
    90
    Симон Трпчевски дојде од смешен факултет којшто сеуште нема средени вецеа,Тоше Проески дојде од градче којшто едвај се гледа на карта,зар Марко Чаласан е роден во силиконската долина па бидна најмладиот што добил сертификат по информатика од мајкрософт :!: .Најлесно е да кукаме на другиот според нашиот неуспех.Јапонците после втора светска војна беа тотално разрушена држава со неписмено население,никаква инфраструктура погледни ги сега кај се.Тоа е памет и интелегенција сам да си створиш услови подобро да ти биде.За мене не е паметен оној што прочитал 500 книги и филозофира со жаргони,стилски изразни средства и мислиш вауу гледај колку е комплициран. за мене интелегенцијата и паметот ти е животното искуство она што секојдневно го вкусуваш и акумулираш.Ме мрзи сега да разглабувам и онака ја отеравме темата у другправе.Темата е дали мажите се поинтелегентни од жените или сметате спротивно? :hai:
     
  7. Nina24

    Nina24 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    667
    Допаѓања:
    330
    Да, ти наведуваш примери за луѓе кои успеале во ОДРЕДЕНА област, а пак ќе кажам тоа не е мерило за памет.... Да не се повторувам, поентата на она што го кажав беше дека интелигенцијата е широк поим и најмалку се мери според успехот... Многу генијалци низ историјата биле непризнати и умреле во беда, дури после нивната смрт се признал нивниот труд...
    И да ако сакаш одговор од типот жените/мажите се попаметни, тогаш жените с епопаметни. Еве ќе го искористам твојот пример- се избориле сами од домаќинки и копачки да седат во ракети и да вршат операцци на мозок, да се вратат дома и да го учат синчето како да биде паметно и да успее во животот... :)
     
    На sj *O* му/ѝ се допаѓа ова.
  8. maca.81

    maca.81 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2010
    Пораки:
    114
    Допаѓања:
    16
    Нина ме изнасмеа ама потполно си во право, кога веќе се бара конкретен одговор те поддржувам и јас :D
     
  9. Boyfromtown

    Boyfromtown Нов член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2010
    Пораки:
    411
    Допаѓања:
    90
    А ти што мислиш дека еден Никола Тесла што бил меѓу најинтелегентните луѓе би свирел како Битлси и слично.Мислиш дека ако тој ги поставил темелите на модерната наука дека би и бил поет на пијано како Евгениј Кисин,Франц Лист и Шопен :!: .Да да се се мери според успехот.Денеска се вреднуваат луѓе што оставиле вредно за човештвото,а не што филозофираат.Ти на Хемингвеј само му ги читаш книгите но од Тесла ти ги корстиш благодетите па сега направи ја разликата.Вториот дел од постот го поштуем зашто сакам да чујам мислење на конкретната тема ,а не да одиме водесета тема мада не се согласувам со некои твои тези но сепак тоа се твои тези и незначи дека моите се исправни :hai:
     
  10. Boyfromtown

    Boyfromtown Нов член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2010
    Пораки:
    411
    Допаѓања:
    90
    Ако е така тогаш има и многу научници или што било коишто низ историјата не биле признаени па ни после нивната смрт никој не ги признал и не оставиле ништо трајно :!: .Квалитетот секогаш избива на површина тоа нека ти е јасно дали сега или утре тоа е неважно.
     
  11. glow

    glow Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2009
    Пораки:
    3.023
    Допаѓања:
    1.250
    Во случајов не можеш да генерализираш! :!: Секој човек, било тоа да е маж или жена си е посебна личност со свој изглед, карактер, степен на интелигенција! Значи можеш да кажеш овој маж е многу интелигентен или не е воопшто, како што можеш да кажеш и за секоја жена што ја знаеш дали е интелигентна или не е, и според тебе до кој степен. А во никој случај не смееш да правиш групна анализа за степен на интелигенција! Било тоа да е помеѓу полови, народи, раси или било какви други поделби на луѓето... |(
     
  12. Nina24

    Nina24 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    667
    Допаѓања:
    330
    А кој го тврди спротивното? Незнам што е поентата? Кој рече дека се вреднуваат луѓе што филозофираат? Во кој момент јас реков дека човек што се занимава со општествени науки или книжевност на пример е попаметен од некој што се занимава со природни науки, медицина, техника? Јас го мислам токму спротивното...Затоа и сум дел од тие што се занимаваат со вториве- во природните науки е вистината.

    Да има - не биле генијалци биле просечни. Кој го тврди спротивното???

    Нема поента препиркава... И така не беше темата што е мерило за интелигенција и "памет".
    Имаме различни сваќања и начин на гледање на работите и тоа не значи дека треба да се препираме.
     
  13. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.899
    Допаѓања:
    9.136
    Пол:
    Женски
    Според мене жените се попаметни од мажите и се столб во семејството,затоа што мажите размислуваат и ги гледаат нештата со разумот,додека жените со срцето,затоа што мажите се слаби понекогаш на збор или дело за разлика од жените,а да споменам дека жените се водат во животот според интуицијата и ретко кога грешат.
     
  14. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.378
    Допаѓања:
    14.702
    Глобално гледано - мислам дека не се мажите попаметни. Тие поповршно гледаат на работите од жените, често знаат да избегаат од проблемите и да избегнуваат разговори на чувствителни теми.

    Сакам да споделам со вас една статија која можеби сте ја прочитале, со оглед на тоа што ја имаше на оваа страница пред некое време:
    http://www.femina.mk/%D0%BD%D0%BE%D0%B2 ... 1%82%D0%B5
     
  15. Boyfromtown

    Boyfromtown Нов член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2010
    Пораки:
    411
    Допаѓања:
    90
    А зашто овдека сето мислење само го сведувате на меѓуполови односи односно социјализација?Зашто не ја гледате интелегенцијата во научни,технолошки,медицински,географски,психолошки,уметнички достигнувања односно добра коишто ги користат сите.Вие вашите тези ги сведовте само на меѓучовечки односи но тоа не е мерило на интелегенција. човек може да биде гад но тоа не значи дека не е интелегентен.
     
  16. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    17.263
    Допаѓања:
    36.367
    Исто мислам дека тука не може да се направи некаква генерализација. Како што има глупави мажи, има и глупави жени и обратно.
     
  17. Speechless

    Speechless Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2010
    Пораки:
    3.282
    Допаѓања:
    1.806
    Пол:
    Женски
    Точно! ;)
    Каква жена - Таков маж :)
     
  18. ozbilnazena

    ozbilnazena Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2010
    Пораки:
    1.154
    Допаѓања:
    13.152
    Пол:
    Женски
    NA istava tema moze da se razgovara do bez kraj ,Pametot i intelegencijata ne mozes da gi meris na vaga ...
    Ovie dve raboti cesto ne odat zaedno ,se zavisi od licnosta koja gi poseduva a ne od polot.
    Sepak mislam deka zenata e nesto povece od pamet i intelegencija zenata e SOVRSENSTVO
    ZAD SEKOJ GLUP MAS STOI USPESNA ZENA :D :D I OBRATNO :lol:
     
  19. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.284
    jas samo kratko bi kazala deka inteligencijata voopsto ne zavisi od polot ;)
     
    На sj *O* му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Speechless

    Speechless Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2010
    Пораки:
    3.282
    Допаѓања:
    1.806
    Пол:
    Женски
    Паметно кажано ! :clap: :clap: :clap:
     
    На Podarok му/ѝ се допаѓа ова.