1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дали мажите се попаметни, поинтелигентни од жените или?

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Boyfromtown, 14 април 2010.

  1. JollyGirl

    JollyGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    6.108
    Допаѓања:
    75.389
    Пол:
    Женски
    Ех во времето Васил и Калиопи кога беа заедно :(


    Јас мислам дека Никола е најпаметен од сите овде набројани.
    Цели 11 години да е*еш некој во здрав мозок, мајка да им расплачеш и уште да те бранат на крај, па треба да си гениј.

    И ме интересира кои се тие Мирко и Борка?
    Да не си мислил на Мирка Веселиновска?
    :^)
     
    На PogbaPol, Cinderfakinrella, theowndemon и 2 други им се допаѓа ова.
  2. BlackAndWhiteSwan

    BlackAndWhiteSwan Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2012
    Пораки:
    406
    Допаѓања:
    3.227
    Пол:
    Женски
    Сметам дека полот не е поврзан со интелигенција или глупавост. Како на пример некој да нѐ праша кој е поубав: Бред Пит или Леонардо ДиКаприо. Јас секако ќе кажам Лео, но некој ќе каже Бред.
    Како што убавината е субјективна, така е ѝ со паметот. Всушност, (скоро) сѐ во животот функционира на тој начин. Од наша гледна точка.
    Но како припадничка на понежниот пол, морам да признаам дека жените се полукави, поитри. Незнам колку лукавоста е поврзана со интелигенцијата, но ова е мој личен став.
    Прочитав еден (офф топик) податок за жените. Во едно тенџере со зовриена вода биле ставени машки и женски јастози. Јастозите требало да бидат зготвени. Машките јастози се обиделе меѓусебно да си помогнат, за да излезат од тенџерето. Додека пак, женските се обиделе да се удават меѓу себе. Ова е секако мит - метафора за женскиот антагонизам, женското битие како посурово од машкото. Не се сложувам, но не ни порекнувам. Во секој случај интересен "мит".
    Ама ај да не забегувам од темата :)
     
    На Rama и eliesaab им се допаѓа ова.
  3. Cinderfakinrella

    Cinderfakinrella Популарен член

    Се зачлени на:
    17 ноември 2016
    Пораки:
    957
    Допаѓања:
    7.433
    Пол:
    Женски
    Секој пол има свои предности и недостатоци. Коефициентот на интелигенцијата кај секого е различен. Така што, теоријата за „попаметен“ паѓа во вода.
    Некој можеби не е толку интелигентен, ама е лукав и снаодлив.
    Некој пак е натросечно ителигентен, ама пак е наивен.
    Све е дискутабилно.
     
    На sj *O* и Rama им се допаѓа ова.
  4. Lella

    Lella Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.299
    Допаѓања:
    28.804
    Пол:
    Женски
    А можеби, само можеби тоа се должи на фактот што девојките немале еднаква можност да се едуцираат и да ги развиваат своите таленти како мажите. Можеби живееле во општество каде никој не ги слушал и сите ги сметале нивните идеи за неважни и налудничави, од чиста причина што се жени.
    Ама да, Ајнштајн е маж, тоа кажува сѐ, нели?
     
    На ♣ Alba Viduam ♣, Mishela, sj *O* и 4 други им се допаѓа ова.
  5. Црна Ружа

    Црна Ружа Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 март 2017
    Пораки:
    1.000
    Допаѓања:
    3.684
    Пол:
    Машки
    Да, но тоа е само мал дел од сликата, и 99% од мажите немале пристап до образование и биле неписмен товарен добиток низ вековите и милениумите, не би рекол дека се должи на тоа.

    И денес кога после 70-80 години еднакви шанси - повторно имаме многу помалку генијални умови помеѓу женската популација. Како што имаме и многу помалку дебилни особи меѓу жените во споредба со мажите. Дали е тоа нешто еволуциски условено или нешто трето не знам.

    Најголемата разлика е во креативноста и начинот на нејзина артикулација би рекол.
     
  6. Lella

    Lella Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.299
    Допаѓања:
    28.804
    Пол:
    Женски
    Навистина мислиш дека веќе живееш во општество каде зборот на жените се слуша исто колку зборот на мажите? Па погледни околу себе, уште корисиме изрази како „збориш како жена" демек жените само знаат да дрдорат. И со ваков менталитет ми велиш дека жените имаат исти шанси да се издигнат како мажите без никакви пречки?

    Уште од корен сме спречени да кажеме што мислиме. Пред некој месец гледав една емисија со мали деца во супермаркет, ги прашуваа нешто, како игра беше. И од сите деца само машките збореа, водителите мораа да ги замолчуваат за девојчињата да дојдат до збор.

    Во квизовите за знаење една жена нема да се најде. Дали тоа автоматски значи дека само мозокот на мажите е способен да запомни со кои држави граничи Индија?
    Не, туку жена на квиз на знаење не доаѓа предвид... Тоа е апсурд во нашево општество.

    Повеќе генијалци имало мажи отколку жени. Жално е што да имаа можност сите жени кои се генијалци да работат на своите таленти ќе имавме многу поголем прогрес во науката. Но, наместо тоа, на сите им е предодредено да се омажат да и да произведуваат деца како машини. И пред 200 години, и сега.
     
    На Mishela, sj *O*, Gosh и 4 други им се допаѓа ова.
  7. Црна Ружа

    Црна Ружа Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 март 2017
    Пораки:
    1.000
    Допаѓања:
    3.684
    Пол:
    Машки
    Не ја проектирај Македонија на цел свет.
    А може и помалку жени да се пријавуваат на квизови, замисли можно е и тоа?

    Некои ствари не зависат од општествените односи и денес и утре и по 1000 години повторно ќе имаш несразмерна разлика на генијалци во корист на мажите. Исто и за 1000 години ќе има повеќе имбецили мажи него жени. Такви не напраи еволуцијата, сега ако ти кажам за разлика во големина на мозок и на број на синапси (види што значи тоа) меѓу жени и мажи ќе се навредиш, ќе си речеш "овој се прави паметен" но тоа се фактите.

    https://www.livescience.com/2855-brains-wired-differently-men-women.html
    http://www.pnas.org/content/105/38/14615.full

    Имаш куп релевантни извори од соодветни студии каде можеш да видиш.
    Тоа не значи дека жените се инфериорни или нешто такво, напротив.
    Генијалните особи се екстремно ретки и тоа што далеку повеќе се појавуваат помеѓу машка популација не значи многу во секојдневен живот, не значи дека Митре е попаметен од Митранка по дифолт пошто е маш.

    Она што може да се каже е дека има огромна разлика во видот на креативност, мажите се привлечени од различни ствари а жените од различни и како што кажав различно ја артикулураат креативноста.
    Nature, nurture...
     
  8. Vitaly

    Vitaly Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2016
    Пораки:
    2.593
    Допаѓања:
    4.648
    Пол:
    Машки
    Поинтелигентни зависи во кое поле. :) Доволно е да ги набројам: Тесла, Ајнштајн, Ватсон, Томас Едисон, Коперник, Алберт Хофман... Ова споредување наликува на дискриминација нели. Мислам дека не треба да споредуваме мажи со жени бидејќи нашите тела и умови како физички така и психички се различно градени и програмирани. :)
     
    На sj *O* му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Lella

    Lella Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.299
    Допаѓања:
    28.804
    Пол:
    Женски
    Чекај малку, одлучи се. Дали еволуцијата ве направила генијалци или имбецили?

    Големината на мозокот нема врска со интелигенцијата, размерот на мозокот и телото веќе да, затоа и луѓето се најинтелигентни животни. Бројот на синапси исто така не значи со сигурност дека човекот е поинтелигентен. Секако може и да има помалку синапси, ама да се користат повеќе и да влијаат на интелигенција повеќе отколку поголем број синапси.

    И повторно, дури и жените да имаа повеќе синапси и да се докажеше дека поради тоа тие се поинтелигентни, повторно ќе знаевме повеќе машки генијалци отколку женски.
    Овде општествените фактори влијаат далеку повеќе отколку природните, колку и да ти изгледа чудно тоа. Причината зошто постојано ќе има повеќе машки генијалци е просто бидејќи женските генијалци немаат шанса да работат на своите полиња, да истражуваат, да се истакнат, а не бидејќи мажите имаат поголем мозок. Апсурдно е.

    Исто како да кажуваш дека мажите ги носат тешките ќеси од маркет бидејќи жените не можат да кренат 7 килограми. А всушност и жените можат, ама мажите се физички посилни. Сфаќаш?

    Но, овие нешта важат конкретно за темава, а не за генијалците.
    Таа разлика во мозоците не ги одредува генијалците. За да бидеш генијалец како Њутн, Ајнштајн, па и Бил Гејтс и Стив Џобс не е доволно само да имаш висока интелигенција. Треба многу вежбање на мозокот и работа. Тоа што, како што велиш, генијалците се појавуваат далеку повеќе во машката популација се должи на фактот што жените имале/имаат далеку помалку шанси да се истакнат од мажите. Во некое утописко општество, каде навистина ќе имаа еднакви шанси, да речеме оваа небитна биолошка предодреденост (во која пак, еволуциски најверојатно развојот на примитивното општество има удел) ќе изигра улога и пак ќе има повеќе генијалци мажи отколку жени.
    Which is fine by me, бидејќи тоа не значи дека се попаметни и бидејќи ќе имаме повеќе генијалци, што е одлична вест за сите.
     
  10. Црна Ружа

    Црна Ружа Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 март 2017
    Пораки:
    1.000
    Допаѓања:
    3.684
    Пол:
    Машки
    Ете овој пост е типичен пример :D
    Реагираш емотивно, како да ти одземале нешто, како да си засегната.
    Еволуцијата, за која треба да прочиташ нешто, посебно онаа на ХСС е таква каква што е. Нема место за емоции, лутења, идентификации во неа, тоа е наука. И таа кажува дека чоекот, кој 100,3% е еволуиран како ловец-собирач ги делел улогите према психо-физичките можности.
    Пошто мажот бил ловец, риболовец, лешинар и по троа собирач - морал да развие сосема поинакви способности за да опстане во однос на жената како мајка, хранителка на потомството и собирач.
    Тоа е, така сме еволуирани, затоа синапсите кај мажот се повеќе и мрежата на неурони е појака и поинаку развиена, за да може да лови животиње, да ги брка и да вреба по 16 часа некаков Елен, да го надмудри волкот и мечката или тигарот јер они би му се крви напили :devil: да ја заштити мајката и потомството од истите и т.н.
    Значи милиони години се во прашање како хоминиди и некои 195.000 како ХСС. Само 6.500 и тоа не секаде постои цивилизација, земјоделие и сточарство. Машините се тука само 300 години.
    Не иде тоа преку ноќ. А во далечна иднина можно е да се промени тоа и да се наголеми процентот на женски генијалци, но тука зборуваме за милениуми.

    http://www.dailymail.co.uk/sciencet...-neural-networks-make-behave-differently.html

    Јас ти кажувам факти, не се идентификувам ниту со генијалци ниту со имбецили чунки не спаѓам во ниту едната категорија, а маш сум биолошки, што не треба да значи дека нешто ми значи тоа што имало повеќе мажи генијалци од жени, никако не ме засега тоа. И да беше обратно ќе беше сеедно.
    Кои тоа ние бре? :D
    Убаво, фино, концизно напишав што тоа значи и што не значи.

    И по запад ете веќе 60-70 години се запишуваат повеќе женски студенти него машки, имаат појаки оцени и сето тоа, али нема генијалки, тоа ти е.

    Тоа ти е како да кажам дека денес врнеше дожд, едноставен и лесно проверлив факат.

    Бројот на синапси велиш дека не е поврзан со квалитетот на умот?
    Дали ти тоа спремаш научен труд кој ќе ги разбие досегашните заблуди или се лажам?
    Шведската академија на науки е на стенд бај.
     
  11. Црна Ружа

    Црна Ружа Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 март 2017
    Пораки:
    1.000
    Допаѓања:
    3.684
    Пол:
    Машки
    И наброи еден куп психо и социопати, секаков отпад од типот на Тед Банди или Чикатило.
    Не се знае зошто, но бројот на психопати е несразмерно поголем помеѓу машка популација.
     
  12. elimkd

    elimkd Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 октомври 2012
    Пораки:
    7.850
    Допаѓања:
    47.947
    Пол:
    Женски
    Не дека нема и жени кои биле големи умови и одлични стратези како што биле Клеопатра, Катерина Велика, Кралицата Викторија, јас верувам во постоењето и на Папата Јована. Нивниот број е значително помал за разлика од мажите генијалци, како причина за тоа е забраната за нивно школување, немање на право на глас, бришење и промена на историјата, доминацијата на мажите.
     
    На Someonespecial му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Lella

    Lella Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.299
    Допаѓања:
    28.804
    Пол:
    Женски
    Еве за ова ти зборувам цело време. Не „веруваш“ дека зборовите на жените не се сфаќаат сериозно, а еве ми реплицираш дека сум реагирала емотивно. И ова треба да докаже дека вашите мозоци (мозоците на мажите, еве, да не прашуваш пак), размислуваат рационално, а нашите емотивно? Па ќе ми простиш, ама подло е на опресирана група луѓе да им кажеш дека се емотивни кога ќе ти се спротистават на деградацијата. Да не помешаш, не зборувам за мене и тебе, туку за мажи и жени општо.
    Секако дека сум засегната, не како поединец кој си мисли дека е генијалец, туку како дел од женскиот род, и ме фрустрира што ти мислиш дека причина за малкуте истакнати жени генијалци е бидејќи се поглупави од мажите. И тоа го кажуваш во стилот well... science, not my fault. А главната причина е дека немале можности (немаш право да го негираш тоа), а не големината на мозокот и бројот на синапсите.

    Добро, во ред, знаеме зошто се разликуваат мозоците на мажот и жената. Your point? :)

    http://www.dailymail.co.uk/sciencet...-neural-networks-make-behave-differently.html

    Во линков што го стави само се кажува дека мажите се имаат подобри способности во една област, жените во друга. И тоа работи како motor skills и меморија кои не се нешто битни кај генијалците. Да не заборавиме дека границата не е остра, мажите не се значајно полоши во меморирање од жените и обратно. Затоа не ти ја сфаќам поентата со мозоците. Нема значајна разлика, барем не за да направи толкава дупка разлика меѓу мажите генијалци и жените генијалци.

    Треба ли да ти ја нацртам причината за тоа? Ова ти е типична сексистичка игнорантност. Не им е отворен патот на генијалките човеку. Тие постојат, ама затворени се дома со деца и маж, без можност да си го продолжат образованието. И ти си земаш за право ова комплетно да го игнорираш и да зборуваш за безначајни разлики во мозокот.

    Не реков дека не е поврзан, реков дека не значи со сигурност повисока интелигенција. Поважна е нивната ефикасност, односно како ќе се искористат.
    Само едно ме интересира. Еве ако ти имаш повеќе синапси од мене, генерално, бидејќи мажите имаат повеќе од жените, а генијалците (и мажи и жени) имаат многу повеќе и од тебе и од мене, поточно тие се феномени, тогаш која би причината за поголема појава на овој феномен кај мажите отколку кај жените?
    Еднаква е појавата и кај мажи и кај жени (или приближно еднаква), но мажите имаат поголема можност да ја искористат. Тоа е.

    За научен труд, за жал не, немам доволно синапси, ете. :D Ама стварно ова... :lol:
     
    На ♣ Alba Viduam ♣, Someonespecial и crimson им се допаѓа ова.
  14. Црна Ружа

    Црна Ружа Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 март 2017
    Пораки:
    1.000
    Допаѓања:
    3.684
    Пол:
    Машки
    Не е на арно да се расфрлаш со фрази како сексизам секогаш кога немаш аргументи. Тоа е комплекс на жртва а тој произлегува од комплекс на пониска вредност, не чини така.

    Ако не ги сфаќав за сериозно твоите постови на темава немаше да ти реплицирам.
    Но тоа што соговорникот го третирам еднакво не треба да биде погрешно сфатено, ете имаш примери на други теми исто се однесувам и кон мажи и кон жени па и кон еден трансексуалец што беше, апсолутно ми е сеедно од кој пол е оној на кој реплицирам.
    Од каде да знам, може во реалност си албанец од Арачиново со брадетина кој се претставува како жена на форумот а и од каде знаеш, јас можеби сум 19 годишна ромка од Шутка?!:devil:

    Каде се тоа затворени бре генијалките, во Сауди Арабиа? Правиме муабет за нормален свет а не за исламски диктатури. Најмалку 5 пати го имам чуено тој муабет и од женски и од машки особи дека ако не основале породица ќе направеле не знам што, после било касно, нема грешка.
    Јас мислам дека жените во поголем дел од светот со ништо не се опресирани денес, насекаде се намалува наталитет, број на бракови е во жестоко опаѓање, никој повеќе не прави општествен притисок за имање деци, жени слободно влегуваат и излегуваат од социјални односи, се запишуваат на највисоки чколии, земаат највисоки академски титули ете некои 60-80 години но и тоа не е доволно за да видиме поголем број на генијалки, најверојатно поради еволуциски причини. Ете за литература и музика не бараат институционализирана патека за успех, зошто и таму има помалку?

    Не е причина тоа што се поглупави, затоа што не се, концентрирај се, наведов веќе неколку пати, мажите се истовремено со поголема и со пониска интелигенција од жените, види bell curve, настрана што и пропалитети како наркоси, алкоси, кокцари, кримоси и остала забегана раја се јавува повеќе помеѓу мажи него жени. Зошто е тоа така не знам. Тоа не значи дека секој маш е потенцијален криминалец него дека статистички повеќе е случај меѓу мажи.

    Со апсолутно ништо не си засегната, имаш исти опции за учење, напредување, кариера како и било кое машко.
     
  15. Lella

    Lella Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.299
    Допаѓања:
    28.804
    Пол:
    Женски
    А што очекуваш да ти кажам кога пишуваш сексистички работи? Замотани и спакувани, ама сепак се препознава.
    Ти кажав и еве уште еднаш. Ако на црнците им кажеш дека ним не им даваат оскари бидејќи мозокот им се разликува, што значи дека не се толку добри актери како белите, тие ќе се бунат. Сега ти кажи ми дали чини да им кажеш смирете се, аман, имате комплекс на пониска вредност, не изигравајте жртви. Подмолно е, како што кажав.

    И пак ќе се повторам... Сексистичка игнорантност. Негираш дека има социјална неправда, веројатно бидејќи не сакаш да мислиш дека има. Ама реалноста е таа. Најголем дел од луѓето (мажите) уште се сексисти, само што сега не толку очигледно како пред 200 години години кога не им давале на жените да носат панталони, да одат на работа, да гласаат и сето тоа. Денешното општество се разликува од тогашното само по тоа што овие права се исполнети, но деградацијата уште постои, почнувајќи од секојдневните изрази, работата во домот, непримање на работа бидејќи може да ти текне да раѓаш, па сѐ до значајни позиции и генијалци.
    Девојките го немаат менталитетот да станат генијалец. И не, ова не е поврзано со бројот на синапси, туку со фактот што тоа ни се презентира уште од мали. Секогаш слушаме само за мажи кои успеале да постигнат нешто, мажи претседатели, мажи генијалци... Секако дека девојка со генијални предиспозиции веднаш ќе си помисли дека местото не ѝ е таму.

    Едукацијата била проблем во минатото, сега е менталитетот. Нешто им кажува дека не се предодредени да бидат славни и успешни. Немој случајно да ми кажеш дека и за ова причината се синапсите и еволуцијата, бидејќи не се, општеството е.

    Сигурен си во ова? Наталитетот се намалува? Никој не врши притисок да се има деца? На 90% од луѓето животна желба им е внуци да имаат, ми викаш дека никој не врши притисок а девојките да создадат семејство што побрзо? Сакаш да кажеш дека ако една девојка каже чао мамо тато, одам да си го посветам цел живот на науката, мислиш нема низ нос да ѝ го извадат тоа? Ако маж го направи истото, најмалку барем ќе се помират и ќе се тешат дека ќе биде новиот Ајнштајн.
    Тоа е она за што постојано ти зборувам. Од девојките се очекува да формираат семејство, а од мажите да никнуваат генијалци. И тоа се случува.

    Абе маж да пуши ајде, ама девојка да пуши, ужас.
    Абе маж да плука на улици, ќе речеш ај, ама девојка, одвратно.
    Абе маж да пие, пцуе и се коцка, ајде, ама на девојка не личи бе.

    Да ти кажам по 54. пат? Имаат повеќе слобода. Девојка што е наркоман ќе заврши силувана и веројатно убиена. Девојка коцкар, ќе се откажат во весник од неа (не велам дека маж коцкар не е срам, туку дека девојка коцкар е срам и пол)...
    И пак доаѓаме на истото. Очекувања и прифаќања.

    Јас како обична девојка имам исти опции за школување како обично машко.
    Девојка генијалец (од поразвиени држави еве), има исто така иста можност за школување како машко генијалец, ама ја нема поддршката од општеството. Прочитај ја реченицава повеќепати .
     
    На ♣ Alba Viduam ♣ и Someonespecial им се допаѓа ова.
  16. Црна Ружа

    Црна Ружа Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 март 2017
    Пораки:
    1.000
    Допаѓања:
    3.684
    Пол:
    Машки
    Нема никаков сексизам, ниту отворен, ниту прикриен, ни запакуван, ниту со панделка на него.
    Наведувањето на научни студии и резултатите и заклучоците кои произлегуваат од истите не се сексизам него научна реалност. И нема ништо лошо во тоа.
    Сличен муабет еднаш коа споменав дека меѓу мажи има далеку повеќе психопати и социопати (тоа се вродени особини а не стекнати) и дека имаат нанесено неспоредливо повеќе зло него жените низ историјата, разни цареви, кралеви, диктатори, генерали и остала патологија и демек сум бил против мажите. Оооок. Тоа е факат, темелен на бројна евиденција и тоа е тоа.

    Секако дека имало неправда и нееднаквост и секако дека влијаела, но тоа од далеку не е единствената причина, има nurture ама има и nature. Пак ќе ти кажам, читни нешто за еволуција на ХСС, интересно е.
    Е тука доаѓаме до нешто друго а тоа е што различни ствари ги интересира мажи и жени.
    Замисли дејт, и некој лик да праи муабет за осовината на камионот што го поправал, па кубикажи па коњи па обртен момент, па потрошња...и после ќе се чуди женската шо не дошла на втор дејт, што го избришала од социјални мрежи и што и било така...досадњикаво.
    Исто би било и во обратна насока.
    И нема ништо погрешно или потценувачко или не знам што во тоа, таква е реалноста.
    Различни ствари ги интересираат мажите и различни жените воглавно.

    Треба да знаеш и дека неправдите кон жените биле само еден дел од општата слика во која мажите биле товарни животни, машки деца почнувале да рмбачат на 6-7 годинки, маш не бил маш ако не одел во војна, маш требало да донесе леп на софра, да работи во рудник, да умре од 1001 болест која доаѓа од тешки, загадени и никакви работни места. Па и денес мислам дека 98% од смртните случаи на работно место се меѓу мажи.
    Точно е дека седењето дома и гледањето деца и чистење и готвење не придонесувало многу за развој на интелект меѓу жените но истото може да се каже и за мажите пошто црнчење на лента во фабрика или копање руда на 600м под земја, лапање јаглена прашина и отпишување на белите дробови после неколку години, долга и тешка агонија во недостаток на лекови...не придонесувале особено за развој на интелект кај 99% од мажите.
    Кај аристократија, свештенство и тешка буржазија да, но тоа биле минорни проценти од население.

    Мешаш менталитет со социјален притисок.
    Е тука веќе треба самите жени да не потпаѓаат под тоа не може со закон да се измени менталитет.
    И мене не ми се допаѓа традиционалната слика за праф маш, дури ми е тоа комично од што е застарено, и мене ми имаат кажано 29778 пати зошто не сум бил оженет, не сум бил маш пошто не сум бил оден војска, еден лик ме праша дали сум имал вагина наместо пенис и такви работи, пошто спиење во касарна во соба со 30 други мажи било виза за станување праф маш.
    И сеа одма ќе се обесам пошто неам одено војска, готово, депре, мрак. :D

    Но има мнооогу жени и мажи кои не им смета толку традиционалната улога, така да, секој има каков таков избор.
     
  17. Lella

    Lella Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.299
    Допаѓања:
    28.804
    Пол:
    Женски
    @Црна Ружа А дали јас не го напишав зборот игнорантност десетина пати, за ти пак да ми зборуваш за минимални разлики во мозоците? Сексист си бидејќи го игнорираш фактот што жените се опресирани, а не бидејќи ги потенцираш разликите во мозоците. А ти објаснив убаво погоре зошто статистиките се такви какви што се, од што зависат, и зошто најмалку зависат од мозоците.

    Ова со камионите и колите ти е чувај боже.
    Мажите имаат генетски предиспозиции да се заинтересирани за коли, а жените за кукли. Океј. :D Сигурно крвта на мажите е сина, а не жените розова штом така. Не ги оправдувај нашите глупави општествени измислици со квази наука како оваа.

    Едит: Случајно испратив, ќе продолжам.
    Многу лошо за мажите, ете... Но имале можност да бидат рудари, а имале можност и да бидат генијалци. Ништо не им стоело на патот.
    Пред да кажеш пак дека жените генијалци се самите криви дека не можат да се истакнат, направи rewind на вековите перење мозок дека се помалку вредни и пак истото кажи го.
    Како што кажав, исто како некој од Академијата на Семјуел Џексон или Идрис Елба да им каже, еј, слушам на црнци не сме давале оскари, жалам ама, требало да се изборите против општеството ако не ви чини, не е битно што ние што ние ве опресираме со години. Peace!
     
    Последна измена: 17 јули 2017
    На ♣ Alba Viduam ♣ и Someonespecial им се допаѓа ова.
  18. Црна Ружа

    Црна Ружа Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 март 2017
    Пораки:
    1.000
    Допаѓања:
    3.684
    Пол:
    Машки
    Нит сум сексист, ниту пак повторување на поимот игнорантност ќе ја промени реалноста.
    Пак се расфлраш со фрази а фразите не можат да променат милиони години еволутивни процеси, ниту резултатите да исчезнат поради нечиј гнев.

    Да, женските многу помалку се интересираат за коли, мотори, свеќици, авиони, ротори, статори, рамови, ромови, може и практично да се провери ова. Ѕирни пар страни од последни мислења на форумов, нели е женски и дај да видиме колку има теми активни за наука, техника, коли, мотори, филозофија, оружја ти реков ми рече...
    И пак ќе кажам, нема ништо лошо во тоа.
     
  19. fana

    fana Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 август 2012
    Пораки:
    15.840
    Допаѓања:
    108.845
    Пол:
    Женски
    Оф боже темата(facepalm)... Генерално како е можно да се каже дали овој или оној е попаметен. Од поединец до поединец има разлика и баш од таа причина не може да се пресече кој е попаметен. Модераторите треба да размислат за клуч:!:
     
  20. Lella

    Lella Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.299
    Допаѓања:
    28.804
    Пол:
    Женски
    And why the fuck is that? Со ова само ја докажуваш мојата поента. Мислиш дека ти што наводно се интересираш во алфа-мејл работи бидејќи си маж, да живееше во општество каде од мал ќе ти кажуваа дека мажите се интересираат за кукли, кујни и бебиња, пак ќе се интересираше за мотори?
     
    На Someonespecial му/ѝ се допаѓа ова.