1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дали мажите се попаметни, поинтелигентни од жените или?

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Boyfromtown, 14 април 2010.

  1. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.184
    Пол:
    Женски
    Генерално, таа емотивност многу ги кочи жените повеќе да рационализираат. Среќа, има исклучоци, ама недоволно.
     
    На Anah, blonde_supergirl, parksey и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.089
    Допаѓања:
    163.461
    Пол:
    Женски
    Ја прочитав целата дискусија и, пријателе, посебно за овој дел си во доста голема заблуда.
    Не зборуваме тука за опресираност од типот на Саудиска Арабија, политиката на Ердоган и други исламски диктатури, па и Индија и слични. Туку во прашање е next level - можност, општествена поддршка и поттикнување на жената во реализирање на своите натпросечни квалитети и интелигенција.
    Во нашиве балкански земји, па и медитеранските кои и тоа како се сметаат за нормален свет, ова што ти го болдирав од твојот впечаток е далеку од општа реалност. Посебно во помалите места и руралните средини во овие земји, и тоа како бракот и раѓањето деца како најголемо достигнување на жената опстојува како стереотип длабоко вкоренет во менталитетот.
    И колкава е можноста да се оствари и развие како генијалка за девојче кое уште од 11-12 години има натпросечен капацитет и е посветено на учењето, а најблиската околина го прекорува дека треба тоа и тоа што порано да научи да прави во домаќинството оти утре треба своја куќа да води, па потоа штом ќе стигне до 18ка кога баш е време за стручното високо образование - ќе почнат и муабетите од најблиски возрасни женски особи од типот јас веќе на твоја возраст дете чував...? Немој само да ми речеш дека не ти се познати овие муабети од балканското секојдневие и ден денес, те молам...
    Уште потажен детал е што и на женски личности успешно се индоктринираат co тие заостанати цели наметнати на сопствениот род, па и самите ги шират. Докази имаме и тука - на самиот форум кој е предоминантно женски, низ годините можеме да прочитаме трагични мислења од жени за други жени дека се себични оти раѓаат после 40, или дека се бесчувствителни ако одлучат по свој избор воопшто и да не раѓаат...
     
    Последна измена: 17 јули 2017
    На theowndemon и Lella им се допаѓа ова.
  3. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.169
    Допаѓања:
    177.063
    Пол:
    Женски
    Има некој баланс.
    Ама ако се спореди бројката доаѓаме на скоро исто рамниште.
     
  4. Црна Ружа

    Црна Ружа Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 март 2017
    Пораки:
    1.000
    Допаѓања:
    3.684
    Пол:
    Машки
    Немаш никаква поента.
    Не постои такво нешто како алфа мажјак, тоа е резултат на псевдо-научни трипања на некои медиуми. Постои кај волците ама тие не се раја.
    И јас верувам дека ако ти купеа мотор коа беше мала сега ќе победеше на гран-при некаде :devil:
    А тек пиштолче или мало калашњикофче...

    Во балканските земји нема можности ниту за мажи, нема генијалци а има многу имбецили.
    Несериозно е од вакви килави општества да се очекува некаква подршка на нечија евентуална натпросечност, машка или женска.
    Види, генијалност е екстремно ретка појава и поради низа еволуциски условени причини и во помал дел општествени - се јавува повеќе кај мажи. Сериозно не знам зошто толку ја погоди членката Лела едноставниот факт дека има повеќе генијалци помеѓу мажите?
    Останатите 99,99% жени и мажи не целат кон развивање на генијалност, креативност или иноваторство туку гледаат да го поминат животот.


    Не знам каква е бројката на запишани женски особи во високото образование тука, но ете на запад, Британија во случајов - далеку повеќе се жени. Има осетна разлика, како и во подобри оцени во средно. Сеа онаа Лела ќе ни објасни дека тоа е пошто ги тераат да се мажат на 17 ваљда. И пошто не им давале да играат со вофчиња како мали - бираат право, родови студии, историја на уметност и слични општествени правци.
    А тек Скандинавија и Бенелукс...

    http://www.bbc.com/news/education-36266753

    Основна грешка која ја правите е што замислувате дека генијалците се ствараат во образовниот систем.:DНе, во школа не се ствара генијалец, тој се раѓа. Ваљда знаете какви проблеми имале или пак биле скроз лишени од формално образование голем дел од генијалците.
    Пример е Кина каде што армии студенти секоја година се запишуваат, милиони буквално...и пак не знаат да направат едно скутерче без да ископираат до последен шраф некој модел на Пиаџо. Али каде и да е, заедно со Индија еден убав ден ќе направат нов модел на упаљач без да копираат од запад.
     
  5. ninavila

    ninavila Активен член

    Се зачлени на:
    13 октомври 2017
    Пораки:
    22
    Допаѓања:
    344
    Пол:
    Женски
    Mozebi ima, nevelam ne...no jas ne sum sretnala masko da e popametno od zensko....zosto e toa taka , jas neznam
     
  6. orevka

    orevka Популарен член

    Се зачлени на:
    17 август 2016
    Пораки:
    1.332
    Допаѓања:
    5.405
    Пол:
    Женски
    Не нема и кога мислев дека има тогаш увидов дека не се дека мн јако сум се заебала.
     
    На ninavila му/ѝ се допаѓа ова.
  7. blonde_supergirl

    blonde_supergirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 октомври 2016
    Пораки:
    821
    Допаѓања:
    2.131
    Пол:
    Женски
    Како жена, мислам дека ќе ми беше полесно да се родев како машко. Ќе можев да бидам студена, со кул глава и разум а притоа да не бидам етикетирана како којзнае каква. Мажите уживаат многу повеќе привилегии. НО... но, сметам дека помеѓу маж и жена да кажеме со многу доблести, оние на жената имаат повеќе длабочина, а на мажите поголема тежина.
    Интелигенцијата е индвидуална.
     
  8. Sweetlove_0312

    Sweetlove_0312 Популарен член

    Се зачлени на:
    17 октомври 2017
    Пораки:
    1.579
    Допаѓања:
    12.852
    Пол:
    Женски
    Кога ќе сум со другар или дечко се чувствувам безбедно и убаво, не сум имала досега другар со кого ќе можам да излегувам,ама да ми е само другар, бидејќи ми беше некако срам и сите ќе ме видат и ќе речат дека тој и тој ми е дечко, затоа со дечко излегував тајно, ама сега пронајдов една личност, другар кој е добар и би сакала да сум само другарка со него, за мене машките општо се глупави, откачени, интелигентни во мал процент, инаку за секого не е така, постојат и другари кои можда те сакаат и како повеќе од другар, а ти да не го приметуваш тоа и да се грижи за тебе како брат, ама ти пак да сакаш да си само другар со него таква е мојата ситуација во моментов, ама сепак мислам дека жените имаат поголема вредност од мажите и горда сум што сум женско. :)
     
  9. Queen8

    Queen8 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2018
    Пораки:
    4.279
    Допаѓања:
    20.711
    Пол:
    Женски
    Интелегенцијата кај личноста е индивидуална работа, нема правила за тоа, ниту е пресуден полот.
     
    На Anah, Lovelybaby<3, Недопирлива5 и 2 други им се допаѓа ова.
  10. Briar Rose

    Briar Rose Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2016
    Пораки:
    2.387
    Допаѓања:
    13.681
    Пол:
    Женски
    Ова застарено верување претставува последица од историјата на развитокот на човештвото и поставувањето на улогите на машкиот и женскиот пол. И навистина не сум изненадена што вакво застарено верување, како производ на илузорен впечаток од минатото сеуште постои и покрај тоа што живееме во период каде и мажите и жените се еднакви во поглед на можности за образување, вработување и научно творење.

    Кога една поголема група во која одреден поединец се придружува кон верувањата кои ги имаат еден колективитет, автоматски тоа верување има голема тенденција да изгледа како да има повеќе позитивни и конфирмирачки резултати.

    Инаку, од историски аспект, веќе стотици илијадници години, хомо сапиенс еволуирал при што барал од жените да се занимаваат со домашни обврски, како готвење, одржување на домот, чување на деца, итн. Од друга страна, мажите излегувале надвор за да ловат и со самото тоа може да се види дека актовностите кои ги извршувале жените не придонесувале директно за племето да се развива. Од тука, многу е логично дека машките достигнувања биле повеќе ценети.

    Дури и во подоцнежната историја, поради креирање на верувањето во општеството дека машките достигнувања се поценети од женските, тоа се транферирало и во поглед на интелигенцијата преку тоа што жените немале еднаква положба во човековото општество со мажите и поради тоа биле лишени од многу права, како на пример правото на образование. Поради тоа, се креирал впечатокот дека мажите се поинтелигентни од жените поради образованието и творештвото во науката.

    Меѓутоа, сега се претпоставува дека живееме во период каде машките и женските се еднакви во поглед на овие права. Ова е доста поврзано и со современата социјална и технолошка еволуција што ослободила многу жени од начинот на живот во домаќинството.

    Со други зборови, општеството диктирало дека мажите се поодговорни и поценети во поглед на нивните достигнувања. И така се креирало ова застарено верување, за кое ќе биде потребно многу повеќе време за жените, па и целото човештво да го надмине.

    Интелигенцијата инаку претставува доста комплексен поим за дефинирање, и самиот човек сеуште нема ни јасно определена дефиниција за интелигенција, меѓутоа истата може да се претпостави дека е определена мерка за способноста на еден човек да совладува одредена специфична когнитивна функција, како логичко размислување, свест за себе, и решавање на проблеми, независно од полот.
     
    Последна измена: 13 август 2019
    На Glossy-girl му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Аргентина *

    Аргентина * Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    9.185
    Пол:
    Женски
    Wtf
    In your dreams
     
  12. Puellapulchra

    Puellapulchra Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 август 2022
    Пораки:
    2.021
    Допаѓања:
    6.016
    Пол:
    Женски
    Се е до човекот. Секој човек е различен.
     
  13. Marijana93

    Marijana93 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2013
    Пораки:
    1.132
    Допаѓања:
    6.607
    Има и такви :)
     
  14. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    14.127
    Допаѓања:
    43.694
    Пол:
    Женски
    Па не би рекла дека се попаметни. Бидејќи Господ на мажите им дал сила како предност врз жените, а на нам, ум.
    Затоа се рекло ,,жена шо ќе смисли ни ѓаволот не може”
    Ја до негде мислам дека сме попаметни. Бар за некои работи.
    Амаа, машките па размислуваат пологично, а ние жените се водиме повеќе по емоции и интуиција. Затоа и ни искачаат работите. Пошо нели сепак логика е логика, ако нешто штима, тоа е тоа. Ама мислам дека ние сме боље ради тоа
    А и превише анализираме ситуации, се замараме, се потресуваме
     
    На L.i.n.a.a му/ѝ се допаѓа ова.