1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дали македонскиот стандард паѓа?

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Tanjamm, 25 март 2019.

  1. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.004
    Допаѓања:
    11.124
    Јас мислам дека паѓа и едноставно куповната моќ се намалува. 1.000 денари се ништо кога ќе влезете во маркет и купувате за дома. Малку по малку цените скокаат, а платите тешко ги стигаат. Што мислите вие?
     
    На Herrera, Youknow, elimkd и 5 други им се допаѓа ова.
  2. Swatt

    Swatt Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 март 2019
    Пораки:
    192
    Допаѓања:
    367
    Пол:
    Машки
    Само погледни колку народ се иселува периодов, па ќе ти биде јасно.
     
    На hermosa, menov, Shmizla94 и 4 други им се допаѓа ова.
  3. Snowflake97

    Snowflake97 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2018
    Пораки:
    2.175
    Допаѓања:
    8.862
    Пол:
    Женски
    Прееска бев во маркет и за 1000 денари купив само гел за туширање, шампон, дезодоранс, паста за заби и влошки.
    А имам братучедка во Германија е и баш за ова зборувавме и ми прати слика полна количка и вика види јас за 1000 ден.колку имам земено, а јас и пратив слика од 5 работи само.
    1000ка за најосновните работи не стасува, многу лошо, треба оскар да ни дадат како преживуваме цел месец со 200 евра плата.
     
    На afrodita94, Gosh, elimkd и 18 други им се допаѓа ова.
  4. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.582
    Пол:
    Женски
    Оддамна е паднат мак.стандард...нокаутиран, егзитус леталис.
    Мислам дека реанимација, реинкарнација и триста салтанати, НЕ ПОМАГА...КРАЈ!
     
    На Shmizla94 и Tanjamm им се допаѓа ова.
  5. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.004
    Допаѓања:
    11.124
    Јас се помалку давам пари за шетање, затоа што тие пари ги пренаменувам или за секојдневни потреби или за да ги штедам. Помалку можам да си дозволам од порано.
     
  6. marchi-cool

    marchi-cool Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    6.880
    Допаѓања:
    14.234
    Пол:
    Женски
    IMG_20181222_060757_343.jpg
     
    На afrodita94, Brinetka, темјанушка и 7 други им се допаѓа ова.
  7. PaLaVa

    PaLaVa Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2011
    Пораки:
    472
    Допаѓања:
    3.704
    Пол:
    Женски
    Чекајте, тек следат нови бранови поскапувања.

    Погледнете што им се случува на Хрватска, Грција и Бугарија.
    И нас не чека исто сценарио, ние ќе си се селиме од тука и ќе работиме за западњациве, кај нас ќе доаѓаат од исток други што ќе преживуваат со 200 евра и така...
     
    На темјанушка, hermosa, Animali и 3 други им се допаѓа ова.
  8. marchi-cool

    marchi-cool Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    6.880
    Допаѓања:
    14.234
    Пол:
    Женски
    во моето семејство само татко ми работеше со плата од 17 000 ден. Абе и во ресторани на вечери сме оделе и останувале. Сметки подмирени. Ама во тоа време немавме трошок за интернет и имавме само еден телефон - фиксниот. Со телефоните +3 сметки од 600 ден = 1800 и интернет 500 = 2300 ден непотребен трошок. Т.е дополнителен. Лебот беше 20 ден кило сега е 20 ден 470 гр. Со два леба цел ден го врвевме 4ца а денес еден леб на еден човек во еден оброк. И да не правам споредби долго ќе биде. Парите не вредат денес. Мајка ми ми кажуваше вујко мој продал кола за да направи куќа а денес со пари од една кола можеш да купиш само влезна врата за куќа,а за да купиш кола треба 10 години да работиш за да ја исплатиш.
     
    На Sofice, Brinetka, g8lQQk и 8 други им се допаѓа ова.
  9. Ма.нев

    Ма.нев Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2019
    Пораки:
    780
    Допаѓања:
    1.224
    Пол:
    Машки
    Македонскиот стандард е паднат, но не е тоа ново или од сега.
    Порано, пред 15 години и повеќе, со 1.000 денари во Веро/Тинекс 4 ќеси ќе наполнеше, а сега со 1.000 денари само една ќеса можеш да наполниш.

    Мислам дека цело време си паѓа стандардот. Но по малку, за да не се осеќа кај народот.

    Платите за цели 5 години се покачени за 500 денари.
    Со 200 евра плата живееш на шкрги.
     
    На marchi-cool и Tanjamm им се допаѓа ова.
  10. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.004
    Допаѓања:
    11.124
    Не можеш ни на шкрги со 200 евра. За самец ако се притесни ок, ама семејство нема шанси. Тешко, претешко.
     
    На baba Rada му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Ма.нев

    Ма.нев Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2019
    Пораки:
    780
    Допаѓања:
    1.224
    Пол:
    Машки
    За од човек зборам, а за фамилија теоретски шанси нема...
    За цела фамилија од 4 души да се издржи, требаат минимум 1.000 евра за колку да живееш, без да шеташ, излњгуваш на кафиња и тн...
     
    На Snowflake97, baba Rada и Tanjamm им се допаѓа ова.
  12. cresa-jagoda

    cresa-jagoda Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јуни 2012
    Пораки:
    8.263
    Допаѓања:
    34.534
    Пол:
    Женски
    Чекај малку да не претеруваш 1000 евра месечно за четири члено семејство без шетања, кафиња и слично?
    Па знаеш ли дека има многу семејства со 200-300 евра што го поминуваат месецот, ама најскромно, најдомаќински, без шетања, кафиња. А за малку повеќе опуштеност, нормално дека 200-300 евра се малку. Ама во нашава држава премали се платите за жал и плус не се наоѓа лесно работа. Па така за 1000 евра месечно многумина можат само да сонуваат.
     
    На Herrera, Sofice, Elen4e_sonce и 6 други им се допаѓа ова.
  13. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.004
    Допаѓања:
    11.124
    Со 200-300 евра многу, многу тешко ќе поминат месец. Сметка за струја во зима може да биде 12.000 денари ако се греат на струја, а и дрва да се купат не е евтино. Ние дома имаме над 40.000 денари, па колку пати фрижидерот кога ќе го отворам, внатре само најносновното го има. Не се луксузираме. Шетање и кафиња на минимум. Станува тешко за живот.
     
    На senza.parole му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Ма.нев

    Ма.нев Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2019
    Пораки:
    780
    Допаѓања:
    1.224
    Пол:
    Машки
    Кога ќе видиш трошоци вода, струја, парно, паркинг, превоз, храна и други работи што случајно ќе ти испаднат, а мора да ги купиш...толку ќе испадне.
    Збориме за 4 члено семејство со поголеми деца.

    Вкупно за секој кога ќе собереш, 1.000 фаќа па и повеќе.
     
    На elimkd, baba Rada и Tanjamm им се допаѓа ова.
  15. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.004
    Допаѓања:
    11.124
    Точно, сметки, храна, облека, некој непланиран трошок, да се отиде на свадба, роденден, школување на деца итн. Скап е животот, се собира.
     
    На senza.parole, Ма.нев и baba Rada им се допаѓа ова.
  16. Stache

    Stache Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2019
    Пораки:
    377
    Допаѓања:
    815
    Пол:
    Машки
    И на исток се каде каде повисоки платите.. Ни нема рамни.
     
  17. Nigredo Odor

    Nigredo Odor Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2016
    Пораки:
    3.549
    Допаѓања:
    19.459
    Тања, добра тема.

    Што се однесува до македонскиот стандард, тој не постои како категоријален поим во економијата. До толку сме очајни. :)
     
    На Snowflake97, hermosa, DAngel и 2 други им се допаѓа ова.
  18. Swatt

    Swatt Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 март 2019
    Пораки:
    192
    Допаѓања:
    367
    Пол:
    Машки
    Разликата од тоа кога јас бев со пубертетски бркови и сегашниве деца со пубертетски бркови е што се отворија многу молови, дуќани, многу скапа гардероба низ продавниците, многу скапи гарнитури, бела техника со европски цени, а македонска плата. Преплавени сме со роба на секој агол, а едноставно човечкото љубопитство и незаситност за материјализам си го прави своето, но со 300 евра тоа не се заситува до некое разумно ниво, па ни се чини дека стандардот ни опаѓа.
     
    На Elen4e_sonce, Tanjamm и Snowflake97 им се допаѓа ова.
  19. Animali

    Animali Популарен член

    Се зачлени на:
    21 септември 2016
    Пораки:
    1.161
    Допаѓања:
    9.423
    Пол:
    Женски
    @Swatt Македонскиот стандард е до толку паднат, што едно семејство не може да си дозволи во месецот да си го наполни фрижидерот од-до, а ти зборуваш дека стандардот си е океј, само шопингхоличари сме :|
    Кој материјализам човеку? :^)

    Па и плус, ако сака човек да си купи нешто ново, зарем тоа е луксуз? Луксуз е јахта и приватен авион, а не да се купува нешто што се подразбира дека е нормално и вообичаено да го има просечниот човек. Бела техника и гарнитура, мај ес.
     
    На Miss666, Elen4e_sonce, glosipgirl и 4 други им се допаѓа ова.
  20. Swatt

    Swatt Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 март 2019
    Пораки:
    192
    Допаѓања:
    367
    Пол:
    Машки
    Не е паднат кога се во прашање плати. Цените за живот поскапуваат. Плус увозничка земја сме. Да паѓа стандардот не би се возеле така скапи автомобили и не би се кревале згради на секој агол. Значи има побарувачка.