Јас знам само дека периодов многу народ се иселува. Со глобализмот се отворија вратите на младите. Не можат политичарите веќе да ги лажат со празни приказни.
Нормално е да напредува технологијата и да се отвараат молови, проблемот е во платите и куповната моќ на луѓето. Просечна опременост со бела техника, опуштање на обично кафе и сл. треба за сечиј џеб и дом да е вообичаено нешто, а не луксуз. Жално е како се изместува дефиницијата за „луксузирање“, луѓето тешејќи се и нелогично бранејќи ја државата, губат секаква емпатија и аргумент им е секој што во моментот ќе им се најде пред очи како си дозволува мал оддишок, макар и да не го познаваат воопшто со финансиската состојба. Тоа доволно покажува каков е македонскиот стандард...
Генерално е така. Нема што да додадам. Сакав да кажам стандардот е тој. Ниту е кренат, ниту опаднат. Понудувачката е драстично зголемена. На таа понудувачка поголемиот дел не можат да одговорат, па им се чини дека стандардот опаѓа. Но и стилот на младите е различен од тој на нивните родители. Сакаат скапи одмори, скапа гардероба, скапи автомобили, излегување по кафани. Не гледам ништо лошо во тоа. Само кажувам дека е така.
Ахахахаха, сега забележавте? Добро утро! Македонија откако е самостојна, никогаш и немала некој стандард, не само економски туку и културно-уметнички, ментален, духовен и каков не... добро де, ако ви е за утеха има и далеку полоши земји. Еве на пр. македонскиот пасош е посилен од пасошот на Русија, Албанија, Турција...
Мислам дека беше посилна од БиХ или не? Како и да е, тогаш таа заедничка држава ја вадела како целина. Верувам на сите би ни било драго да ѝ се поврати куповната моќ на илјадарката како во на пр. 1998 или барем 2003 година!
@Swatt Нема потреба од пишување пораки. Прашањето ми беше вид реторичко, со очигледен одговор. Нормално дека станува збор за Скопје, кое патем нема потреба да ми го покажуваш. Исто така, news flash, Скопје не е Македонија, туку дел од неа, а темата е општа.
Нас можат да не фарбаат Мицковци, Заевци, Груевци, Димитровци, али реалноста не стига секојдневно. За жал сме дно.
Платите се КАТАСТРОФА. Дури сега сфаќам колку е озбилна и мизерна ситуацијава. Сакам да се иселам. Со години сакам!
Па што чекаш ? Некој да дојде од дома како принцеза да те земе на раце и донесе во странство ? Едно е да сакаш нешто , а друго е сама да се потрудиш за да го постигнеш тоа што го сакаш. Многу ме нервирате вака ко ве читам мрзеливи луѓе што сакаат се на готово да им средиш. За жалење први сте, а за нешто сами да се потрудите никаде ве нема. П.С. Морав да те цититам оти многу ве има како тебе така што сакаат и остануваат на тоа само да сакаат. Пример ; сакаат некои промени во државата , а никој не мрднува со прст за ништо. Арно спомна некаде @WildMk до народот е.
Најточно кажано, права вистина..само на кратко имавме подобар стандард и тоа за времето на Анте Марковиќ. @Herrera браво душо, убаво и скреса...ем седат дома, тато им носи а мама им меси и пак кукаат..а не дека ке отидат.
ебате стандардот македонски кога со една плата неможеш ни мини шпоретче да купиш или кога ти требаат 3 просечни плати за да купиш само ЕДЕН МЕТАР КВАДРАТЕН....која беда сме бре луѓе..некој треба цела година да работи, ништо да не јаде, да не троши за само еден помочан метар квадратен стамбена површина...да се отепаме
Течело мед и млеко во Германија и Англија. Можеш да се иселиш таму. Платата е 2.000 евра. Ќе живееш ко "богиња". Стан 200 евра било, за јадење и пиење не повеќе од 150 евра ќе ти биде, струја, вода, комуналии се џабе пари...има едно опшесво за сите (сиријци, Македонци, германци, казахстанци, кинези, арапи).
Исселеноста во Мк е повеќе и од 600 000 како што веќе тие "израчунале" ама не дорачунале. Само 600 000 имаат бг пасош а тек и сите оние со визи. Ехеее. И сега циркузот е што еднаш ќе се спомне 600 000 исселени а друг пат ќе се спомне 2 милиони била Мк односно 2 милиони имало епа каде се?! Математика нешто? Или овци сме. Ок. За стандартот во Мк говори исселеноста на народот па поготово и разочараноста. Го дупчиме дното како држава, како народ, општо како се, јако потфрливме и ние како народ посебно политичарите. Искрено не ја гледам Мк во иднината колку тоа и да ми паѓа тешко. Човек со тек на време до толку па и се навикнува надвор што нема воља ни да оди таму.