Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дали македонскиот стандард паѓа?

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Tanjamm, 25 март 2019.

  1. afrodita94

    afrodita94 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2013
    Пораки:
    150
    Допаѓања:
    531
    Убаво реков да се родиш тука е баксуз.Преживуваме, буквално.
    Веќе нема средна класа.Има екстремно богати и луѓе кои живеат скромно, месец за месец. И тоа некој ќе го нарече живот?
    Политика навлезена во сите сфери на општеството, ветувања мед и млеко само пред избори.:puke:
     
    На sleepingbeauty, PaLaVa, Tanjamm и 6 други им се допаѓа ова.
  2. marchi-cool

    marchi-cool Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    7.006
    Допаѓања:
    14.447
    Пол:
    Женски
    Реално сите сте во право со коментариве. Само мене едно не ми е јасно. Плати мали стандард паѓа а луѓево дури и децата ги облаакаат во скапа облека од познати марки па козметиката која ја котистат е скапа нели este lauder Vichy... А леб нема да се јаде. Или подобро да дадам пари за крема од 1000 ден нели проблем со кожа одколку да купам здрави намирници со кои преку исхрана ќе си ја избалансирам кожата. Или подобро да купам фармерки од њу јоркер него од пренди ако со истата цена два пара можам да си купам. Ама нели јас ко ќе врвам по улица луѓе етикетите ми ги гледаат. Не,јас навистина не можам да им се начудам на луѓево.
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  3. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.260
    Имаат пари тие што купуваат скапо.
    Не им се на сите само платите приход иначе.. Еден куп имаат споредни извори на финансии...
     
    На Animali и DAngel им се допаѓа ова.
  4. marchi-cool

    marchi-cool Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    7.006
    Допаѓања:
    14.447
    Пол:
    Женски
    една моја школска работи во болница со 15000 плата. Абе средена нашминкана дотерана мислиш 1000 евра плата зема. Маж је кога ќе го викнат конобар работи. Ама со 400 ден дневница и тоа не секој ден што може да се придонесе дома? Ама сепак луксузно живеат. Сигурно имаат некоја позадина не верувам да со една плата све се постигнува
     
    На Tanjamm, WildMk и Deni87 им се допаѓа ова.
  5. Ма.нев

    Ма.нев Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2019
    Пораки:
    780
    Допаѓања:
    1.224
    Пол:
    Машки
    Обично купи-продај си подработуваат некои. Знам такви многу. И вадат добри пари од тоа, само треба да ги имаш луѓето.
     
    На WildMk и marchi-cool им се допаѓа ова.
  6. parrot

    parrot Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 септември 2010
    Пораки:
    205
    Допаѓања:
    500
    Не паѓа, го буши дното и поставува рекорди
     
    На Justicija, Tanjamm, afrodita94 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.071
    Допаѓања:
    12.809
    Во право си за ова, но тоа купување на работи кои реално не се потребни, не се приоритет, е аздис, неразбирање едноставно. Дали си видел жена без заби, а купува крема против брчки? Јас сум видела и се чудев, со самото тоа што млада нема заби, изгледа лошо, така да кремата нема да помогне, си треба забар за да стави заби. Или нема заби, не се потпишала, а нокти правела во салон. Моја познаничка не работеше, дома нејзините ја издржуваа, ама чуваше пари за еуцерин, да немала брчки, кој ќе ја земел после кога има над 35 години? Се е тоа за мене погрешно воспитување или невоспитување, и нерационално расудување. Ако здраво се храниш спасуваш здравје, па и убавина, а не јади евтина паштета и макарони, ама важно мачкаш еуцерин.
     
    На marchi-cool му/ѝ се допаѓа ова.
  8. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.209
    Допаѓања:
    36.697
    Пол:
    Женски
    Паѓа на велико. Мали плати, едвај се сврзува крај со крај. Како човек да се храни здраво кога не може да си дозволи. Здравата храна е скапа. Затоа луѓето јадат паштети, сувомеснати и друг вид нездрава храна. За да направиш добар ручек ти требаат пари. Едвај стасуваат пари за сметки. Некои се приморани и кредити да земат. Ама па тие пари не траат вечно.
     
    На Tanjamm, cresa-jagoda и smile:) им се допаѓа ова.
  9. Queen8

    Queen8 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2018
    Пораки:
    4.279
    Допаѓања:
    20.712
    Пол:
    Женски
    Општата економско-финансиска состојба во државава е очајна, стандардот е многу низок, платите се многу ниски во споредба со цените, затоа граѓаните масовно се иселуваат.
     
    На Tanjamm, Lovelybaby<3, Недопирлива5 и 2 други им се допаѓа ова.
  10. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.071
    Допаѓања:
    12.809
    Ни поскапе маслото за јадење, превозот и ред други работи.