1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дали македонските газди се умислуваат небаре се Господ?

Дискусија во 'На работното место' започната од Tanjamm, 18 април 2019.

  1. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.086
    Допаѓања:
    11.241
    Многу приказни на работници, па и мои искуства кога работодавецот ја поминува границата на културното - пристојно однесување ме тераат да помислам дека македонските газди се умислуваат како да се Господ. Што вие мислите?
     
    На baba Rada му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Someday

    Someday Популарен член

    Се зачлени на:
    12 мај 2017
    Пораки:
    538
    Допаѓања:
    1.773
    Пол:
    Женски
    Газдите можда и не толку, јас на пример повеќе сум имала искуство со вработени г***лижачи кои се замислувале дека се Господ, ама секој си го добива заслуженото на крајот, затоа што секој ама баш секој е заменлив.
     
    На mKdevojce, Zaljubena26, Mr. Right и 9 други им се допаѓа ова.
  3. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.169
    Допаѓања:
    177.063
    Пол:
    Женски
    Шефовите да
     
    На Zaljubena26, Starlič, Oscar Lady и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. Billy Idol

    Billy Idol Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 септември 2018
    Пораки:
    4.615
    Допаѓања:
    36.917
    Пол:
    Машки
    Се умислуваат дека Господ за м*да го фатиле...

    Како сите пресно дипломирани, така и јас барав работа. Иако имав завршено нешто што е барано на пазарот, секаде каде што тропнував на врата, никој не сакаше да ме вработи поради тоа што немав искуство, иако имав претходно практична работа, работев долго време онлајн и моите барања не беа мегаломански. Него нормални барања и права што ги заслужува секој вработен.
    После неколку месечно денгубење по интервјуа, критериумите, кои какви такви ги имав почнав да ги намалувам и да одам дај шта даш.
    Поширокава фамилија се заангажира и ми најде работа во едно локално место кај таков локален газда кој вчера постанал. Отидов на интервју кое беше про форма, ама се спремив, го прикажав своето знаење и практично, дури и дадов некои идеи како може бизнисот да се подобри (подоцна имплементирани). И кога дојде да збориме за плата...
    Ми вика. "Ти дечко немаш искуство, ние сме мало претпријатие и не можеме многу да понудиме. На почеток ќе имаш минимална плата од 12 000, а ќе те осигураме после 3 месеци и ќе добиеш покачувањe."
    Мене ме фати една нервоза поради неправдата... Не ми беше толку за платата, колку што треба 3 факинг месеци да му работам на црно, ептен звучеше понижувачки. Ај се договоривме да размислам и ќе сме се чуле.
    Дома моиве, притисок. "Што сега ќе одбиеш ли? Ќе не брукаш пред фамилијата?" "Поарно да работиш за 12к него дома така да седиш" (иако преку нет заработував далеку повеќе), "а што мислиш ти, заврши факултет и одма директор ќе те стават?"

    И ајде се сложив да почнам иако воопшто не ми се допаѓаат условите чисто за атерот на моите. По 2 недели одење и максимално посветување на работата, дознавам од колеги дека мене првиот месец нема да ми биде платен, на никого не им го плаќал. Му се јавувам на газдата и го прашувам? Ми вика: Tака e. Првиот месец ти идеш овде да се научиш и нема да ти го платам. "
    WTF? Нели рече 12к на старт? Ами превоз што си плаќам, храна. Ај што за 0 ден треба да работам, туку и во минус сум... Му изнакажав се и свашта по телефон и си заминав.

    Ова ми беше прв и последен пат да работам за македонски газда. Има и зезнати шефови, ама од покондурени газди што до неќни биле никој и ништо, а сега отвориле мало бизнифче, и купиле одма бмв од маката на вработените. Подалеку!
     
    На tina2018, VDT2906, Dream-Girl и 35 други им се допаѓа ова.
  5. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.892
    ^
    Таква е климата, учат еден од друг, а кој од кој посељак. Така се почнало и абер се нема да се заврши. Верувам не е секаде така ама стварно мислев дека веќе целосно се искорени она -три месеци на црно да се докажеш па после ќе те осигураме или -еден месец проба без плата. Нормални ли се? И тоа за 200 евра.
    Млад здрав човек со отворени граници за излез на вакво понижување со што доаѓа и до кршење на духот на подолг рок, не треба да се навикнува. Не слушајте совети од родители кои ве тераат да го сфаќате ова за нормално затоа што тие веќе за поинаку и не знаат.
     
    На tina2018, Mr. Right, Robson и 13 други им се допаѓа ова.
  6. Billy Idol

    Billy Idol Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 септември 2018
    Пораки:
    4.615
    Допаѓања:
    36.917
    Пол:
    Машки
    ^

    Го знам јас сето ова. Ова е првата причина поради која цела младина се сели од тука, а никаде јавно не се зборува за ова изживување.

    Пред неколку години кога за прв пат стапнував во тој свет ми беше чудно и непоимливо дека сеуште постојат. Среќа сега после неколку години искуство, знам повеќе да си ги ценам своите квалитети и самиот поставувам црвени линии на интервју, а и изборот ми е далеку подобар па фактички јас сум тој што обично го прави изборот.
    Ова нека биде совет до сите млади кои за прв пат почнуваат со работа кај нас.

    А, за оваквите газди кои ги има и превише, само им посакувам еден ден да молат за работа, па да ги снајде истото што и они им правеле на вработените.
     
    На tina2018 и Tanjamm им се допаѓа ова.
  7. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.699
    Допаѓања:
    322.333
    Има газди и газди.
    Едни те гњават ама плаќаат па помалку боли гњаважата, и ваквите се малку.
    Другите, ем те малтретираат па и мисли дека за 12000 треба личен измеќар да си му.

    Ама нели од нешто треба да се живее, нели некој денар треба да се однесе дома, па се прифаќаат и нај-лошите работодавци.
     
    На tina2018, Starlič, PaLaVa и 7 други им се допаѓа ова.
  8. marchi-cool

    marchi-cool Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    6.889
    Допаѓања:
    14.246
    Пол:
    Женски
    вакви дали 10% има
    ваквите да не речам више од 90% се сеќавам бев на разговор во центар за физикална терапија и ми рекоа слободни денови не даваме а плата минималецот. И јас со факултет да работам за 12000? (facepalm) па луѓе без средно работат за толку.
     
  9. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.086
    Допаѓања:
    11.241
    Леле, ќути тоа со докажувањето, да се докажеш, па ќе те пријавиме, а тие во меѓувреме си ставаат пари в џеб.
     
    На Billy Idol му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    11.582
    Допаѓања:
    171.565
    Пол:
    Женски
    А тебе ти е понижувачко да работиш за 12000? Дека со факултет нели? Да имаше магистерски ќе ти беше понижувачко и за 22000..
    Најде подобро? Помалку понижувачка ти е работата кога работиш за повеќе или на пример кога бришеш нечии гомца за 12000 е повеќе понижувачно отколку за 22000?


    Факултетот не е мерило за способноста. Ниту способноста за платата. Ако сте способни и не ви се работи за 12000, секогаш има опција да си отворите ваша фирма :)
     
    На friendy, Starlič, Alisa22 и 4 други им се допаѓа ова.
  11. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    14.127
    Допаѓања:
    43.694
    Пол:
    Женски
    Има секакви.
    Реално сите да сме во таа фотеља сакале-неќеле ќе почнеме да командаме и да бидеме малце надмени.Се чувствуваш важен мислиш дека си семоќен.
    Знам газди кои се иживљаваат буквално врз работниците, знам такви на кои воопшто не им е гајле за персоналот, знам и фини луѓе.
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Lolipop23

    Lolipop23 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 март 2010
    Пораки:
    5.514
    Допаѓања:
    27.298
    Пол:
    Женски
    Зошто толку погрешно ја сфати членката? Нормално дека работните места кои бараат факултетска диплома треба да вредат повеќе од оние каде истата не е потребна. И ако некој работодавач бара лекар, инженер, професор и сл... ДА понижувачки е да ти нуди плата од 12000 денари. Како прво ако си пријавен со диплома законски минимална плата е 15000 денари.
     
    На tina2018, Someonespecial, cresa-jagoda и 16 други им се допаѓа ова.
  13. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    11.582
    Допаѓања:
    171.565
    Пол:
    Женски
    Затоа што денес ако имаш диплома не си го фатил господ за таквите..
    Какви луѓе со сите кецови и двојки завршија факултети, ми иде да скокнам од некоја повисока зграда..
    А немаат ни ден искуство...
    Џабе ти е дипломата ако си набубал материјал на памет за да положиш.
    Повеќе се вреднува средно и 5 год работно искуство него ли факултет без грам искуство..
    И сите скокаат за пари..
    Нормално е дека се средство за живот ама за некој да те плати соодветно, треба да имаш практично знаење и да можеш да го покажеш на дело..
    Минималецот во Мк е 12150 или 12 и нешто ситно, а не проверувам сега..без разлика дали си со диплома или без..

    Да редактирам..проверив - 12165
     
    На friendy, Starlič, PaLaVa и 4 други им се допаѓа ова.
  14. Amelie1708

    Amelie1708 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 април 2019
    Пораки:
    323
    Допаѓања:
    564
    Пол:
    Женски
    Да, точно е дека газдите се летаат ,мегутоа има уште по безобразни вработени што незнаат да ги ценат квалитетните услови за работа и не им се работи , па најлесно е да кажеш дека газдата е ваков или онаков. Еве ке зборам од моја гледна точка , моите имаат приватна фирма , имам и јас (во различни бранши сме), моите мака мачат да најдат вработени и сега ке ти кажам зошто и кои се условите во фирмата.
    Пријавени се сите од прв ден, плата се зима секој 29ти во месецот и во 26год постоење не е закаснето ни еден ден, бонуси има секој месец , и одговорно тврдам дека никој не зима плата помалку од 25,000 во месецот, платена им е храна, и облека (опрема) за на објект, треба на работа да дојдат само со свои гаки и чорапи би се рекло, и нормално да им се работи. И што се случува? Доага нов вработен , одма се пријавува , во мегувреме одма се прака на лекарско (кошта минимум 1000ден за да го извади фирмата зашто без него несмее да работи на објект), се зимаат мерки за опрема за на објект (спрецијално работничко,чизми, 3 маици по кратки ракави, јакна, дуксери) тоа кошта околу 250е од вработен, доага потпишува договор за работа, не проагаат 2 ипол месеца, сака да си оди. Зашто? Напорно му било неможел он . А фирмата вложила веке во него пари за да има услови за работа. Зашто потпишуваш договор за работа ако не ти се работи и не си сериозен? Има лоши работовдавци да, ама има уште по мрзливи и неодговорни вработени ова сум го видела со свои очи. Во мојот случај ,кај мене во фирмава кога ја отворив, вработив девојче и сакајки да го следам примерот на моите, ајде пријавена од прв ден, платена хранарина, превоз , во случајов јас не бев во можност да и дадам плата поголема од 12.000 бар за првите 3 месеци, од 4тиот месец се договоривме да покачам и да зима плус процент (имам салон за убавина), да напоменам дека јас бев пријавена на минималец , на 10.000 и знааете што се случи? се убивав од работа за да можам јас да извадам плата за двете, госпогата седеше на телефон, и првиот пат кога ја прекорив , нормално јас нечинев. После месец дена ја фатив како краде. Што да кажам повеке? Од тогаш мака измачив со огласи за работа да најдам девојка за во салот и верувајте дека ниедна ама ниедна не беше во најмала рака бар искрена, или лажеше дека знае да работи, или не се појавуваше на закажано интервју. Поентата ми е дека мн е лошо да се генерализираат сите газди како лоши,дрски безобразни, зашто верувајте дека има уште побезобразни вработени. И да, многу е лесно да кажеш еј платата ми е мала газдата нечини а никогаш да не земеш упредвид дека уствари твојата плата треба да си ја заработиш ( извадиш) а не само да ја земеш, затоа што некој друг треба тоа од џеб да го даде:)
     
    На ph.orhideja, cresa-jagoda, PaLaVa и 8 други им се допаѓа ова.
  15. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    11.582
    Допаѓања:
    171.565
    Пол:
    Женски
    Јас сум за бесилка за оние што не ги пријавуваат вработените.
    Треба да им се забрани да се појават како основачи на фирма во иднина.

    Јас ќе плаќам придонеси и данок за сите во моја фирма а на некој локален мачомен сите гревови му се простени уште пред да ги направи па непријавувањето вработени им е како добро утро.:envy:




    Друго на страна од муабетот погоре..не се исто 12000 во берово и во скопје.. мислам парите се исти, вредноста им е таа..
    Ама за тие 12000 на хигиеничарката јас давам 17300 со придонеси. 17300 да речеме со рентање 6 апартмани во Скопје и во Берово нема да ги извадиш парите за исто време..
    Исто и со кафичите... 30денари кафе во Берово и истото од 70 во Скопје..кафич во берово во просек 40-50 кафиња зимно време прави, плус пијачки секако.. Во скопје и најзатуцаниот локал ќе има преку 100 кафиња..
    Девојката што отвори центар за физикална терапија пред некое време, секако нема да има пополнет распоред како што би имала во скопје..
    Архитект не знам дали остана тука(facepalm) ама докторите особено матичните земаат преку 1000 евра затоа што сите селани се кај нив..
    Малите бизниси немаат големи можности за да понудат високи плати особено во внатрешноста на МК.. големите бизниси само гледаат прилика да земат некој грант или неповратни средства од аврм и да те исцедат до максимум..


    Од друга страна пак, лани нудевме 26000 за една работна позиција, ама никој не сака физичка работа да работи и на крај на нас остана физичката работа ..
    Има вработени што ќе те искрадат кришум... имав прилика да посведочам на кражба на пршута од ресторан. Да пршута.. 5 кила за викенд, за време на свадба(facepalm)
    Тешко е да си од двете страни.. и како работодавец и како вработен.. секој се бори со различни давачки и проблеми..
     
    На friendy, ph.orhideja, Elen4e_sonce и 8 други им се допаѓа ова.
  16. Amelie1708

    Amelie1708 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 април 2019
    Пораки:
    323
    Допаѓања:
    564
    Пол:
    Женски
    Егзакли мај поинт! Се слагам, btw мене вработената ме украде пола кило восок за депилација за да ги депилира дома мајка и и сестра и , и покрај тоа што и беше кажано да дојдат во салон,да ги среди и да не им се наплака.
     
    На cresa-jagoda, Snowflake97, Dust и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.086
    Допаѓања:
    11.241
    Има и неодговорни работници, не дека нема, но има и газди кои експлоатираат работници од причина што знаат дека кај нас не се наоѓа лесно работа.
     
    На cresa-jagoda, senza.parole, Dust и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.086
    Допаѓања:
    11.241
    Леле, крадењето е ептен брука. Таков работник не заслужува веќе да го примат на работа.
     
    На cresa-jagoda и Amelie1708 им се допаѓа ова.
  19. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.892
    Ти треба да си спремна дека секакви ќе се јават, затоа се прави договор на месец, два или три за почеток како тест период па ако сте задоволни обострано, тогаш се продолжува. Тоа што ти или твоите сте имале неколку лоши искуства не ви е оправдување да не осигурувате луѓе и да ви работат на црно и за џабе. Кршите закон впрочем. Издатоците кои одат со вработување и отпуштање на вработени треба да ви се пресметани и работниците не треба да ги интересира. Ако не ви излегува есапот, затворете фирма. Во фирми иделе луѓе за работа со договор и се' и веќе вториот ден ги нема. Имаат опција првите месеци да дадат отказ во рок од неколку дена, па ќе си земат ден или два боледување и не се појавуваат веќе. И платено им е за тој ден. Така и треба да е.
     
    На Elen4e_sonce, cresa-jagoda, oblace1 и 3 други им се допаѓа ова.
  20. Billy Idol

    Billy Idol Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 септември 2018
    Пораки:
    4.615
    Допаѓања:
    36.917
    Пол:
    Машки
    @Amelie1708 , по твоево напишано ти не знаеш да водиш бизнис. Викаш дека не си можела да понудиш повеќе од 12к, а очекуваш од друга страна вработената да се убие од работа за да го заработи тој минималец. Зошто мислиш дека неа како вработена треба да се секира за проблемите низ кои ти поминуваш. Ќе се сочувствуваш ли ти ако она почне да ти се жали како со тие 12 000 го поминува месецот? Пошто реално со тие пари ни во Скопје, ниту Берово, ниту во Свирипичино можеш да го поминеш месецот. Ај може на вториве две места ќе го поминеш некако со конзерви месен нарезок и векна леб, а зимото ќе го минеш во кебиња замотан, ќе носиш абибас патики по 4 години и ќе се молиш да не се разболиш оти ќе немаш лекови да си купиш.

    Ако сакаш квалитетни вработени, понуди и конкурентна плата и други услови, пошто не е се во платата, па ќе видиш сама како ќе почнат да се пријавуваат такви какви што бараш. Квалитетот си има цена. А ако не можеш да го платиш и не ти е бизнисот профитабилен, стави му катанец.

    Јас сум на двете страни. И вработен, и од скоро со мал бизнис во партнерство со татко ми. Имаме еден вработен и му плаќаме 10% повеќе од конкуренцијата, ама затоа е он одличен, а и во секој момент можеме да најдеме и друг пошто самите луѓе не прашуваат за работа. Профитот ни е помал, ама не ни очекуваме да се збогатиме од него, туку да живееме.
     
    На Someonespecial, cresa-jagoda, SexiLy и 17 други им се допаѓа ова.