1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дали македонските газди се умислуваат небаре се Господ?

Дискусија во 'На работното место' започната од Tanjamm, 18 април 2019.

  1. KateKane

    KateKane Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јули 2018
    Пораки:
    3.178
    Допаѓања:
    57.651
    Пол:
    Женски
    Вртете како сакате, во никој случај мала плата за вработен човек не е океј. Ако немате услови да понудите квалитетна плата, не барајте работници.

    Не знам како очекуваат квалитетна работа и мотивација газдиве кога не прават апсолутно ништо да ги стимулираат вработените. Основно правило на тој Запад кој толку го спомнуваме е дека работникот најдобро работи ако има доволна мотивација и ако е добро платен. Само кај нас понудите за работа се мизерија, па се чудат зошто вработените се апатични, нерасположени и не го даваат максимумот. Секоја фирма која инвестира во вработените иде напред, тие што вовеле тим билдинг и што нашле начин како да направат позитивна работна атмосфера просперирале.

    Не знам стварно како очекуваат Македонскиве газди работници кои квалитетно работат кога луѓето имаат преокупација за тоа како ќе го преживеат месецот, кога гледаат дека има кворум за да се повеќе платени, кога гледаат дека морат да трпат све и да ќутат пошто нели the customer is always right. Не може да се очекува некој да даде максимум кога паметот му е во тоа како ќе плати кирија и како ќе си купи леб. Па тоа им ствара антипатија, па автоматски понеквалитетна работа и се прави еден circulus vitiosus.

    A муабет од типот на ехехехе лесно ви е вас Германија, Швицарска и Шведска што си живеете, дојдете тука да ве видам какви работници или газди ќе сте е стварно непотребен затоа што секој човек кој тргнал во туѓа држава сигурно не поминал лесно. Тие луѓе си знаат како им е и како им било на почетокот. Не знам дали сте отишле странство, ама никој не сака да иде од што тука е убаво, да напушти родно место, да учи цел живот туѓ јазик и да биде граѓанин од втор ред. Маката ги тера луѓето и освен пофалба за храброст не треба ништо поинаку да им се збори.

    Пак ќе повторам фирми кои добро ги плаќаат вработените се развиваат добро, тие држави каде работниците се платени нудат најдобри услови за живот, а кај нас тука се крпи крај со крај и имаме понизок квалитетет на работа. Значи кај нас нешто не штима. Не може над 80% од луѓето да сакаат да се исселат ако имаат шанса, не е од арно што им е тука тоа.
     
    На Someonespecial, cresa-jagoda, kalinaka и 10 други им се допаѓа ова.
  2. Stark

    Stark Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2013
    Пораки:
    4.735
    Допаѓања:
    15.224
    Пол:
    Машки
    Искрено така нешто пример ако ја оштетуваш фирмата, успоруваш со работа и ако откажиш по само неколку дена, тогаш можно е да те тужат, сепак нека си видат во договорот како е, ама па од друга страна сигурно човекот не дошол пошто има пари и општо немам слушнато некој да тужи... сепак взаемно потпишуваат и то е то. На крај краева нека ја врати гардеробата...

    Инаку и јас имам таков договор на "пробни" 3 месеци.
     
  3. Amelie1708

    Amelie1708 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 април 2019
    Пораки:
    323
    Допаѓања:
    564
    Пол:
    Женски
    Па тоа сакам да ти кажам , на никој не му е дојдено до тужење ,затоа му направија одма одјава, откако се изјаснил дека сака да си оди човекот.
    Инаку причината која што ја наведе зашто си оди, а притоа коа потпишувал го прашаа 10 пати дали е сигурен дека сака да работи зашто ке се вложи во него и стварно тој период имаше потреба фирмата од работник одговорот му бил - па не мислев дека ке е тешко толку..
    И не е пробен договор за работа, сите вработени во фирмава имаат стаж по 10+години, најстариот вработен е од самото отварање на фирмата од 92ра година.
     
  4. Stark

    Stark Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2013
    Пораки:
    4.735
    Допаѓања:
    15.224
    Пол:
    Машки

    Добро и во мојата фирма има со по 15 години стаж вработени, јас сум.. најмлад, старосната граница ми се чини е над 35 години хаха. Инаку и кај нас по сто пати те препрашуваат дали си сигурен, ама па од друга страна таа опрема ќе си ја исплатите во само еден месец одработен...само тој ептен се откажал на почеток. :D
     
  5. BloodElf

    BloodElf Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2014
    Пораки:
    362
    Допаѓања:
    723
    Пол:
    Женски
    Па продолжи си да си ги нарекуваш клиентите будали и ќе ти цвета бизнисот.
    А која и беше функцијата на вработената?
    Доколку била козметичарка, а сте немале клиенти да не требало од улица да оди и да собира луѓе?
    Твоја работа си е да си го промовираш бизнисот, ако ти не си способна за тоа, тоа не е нејзин проблем.
     
    На Oscar Lady му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.892
    Што има 10 пати да го прашуваат дали е сигурен дека сака тоа да го работи?Треба да ви е јасно дека има опција да дојде, проба и си замине. Нема што да тужите затоа што во договорот треба да стои дека може во пробниот период да си замине со отказен рок од недела дена пример. Ако сака порано да си замине и не го испочитува и тој отказен рок, тогаш дури имате опција да не му платите за тие 7 дена.
    Како што и вие имате опција да му дадете отказ кога ќе ви текне.
     
    На Dust му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Stark

    Stark Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2013
    Пораки:
    4.735
    Допаѓања:
    15.224
    Пол:
    Машки
    Мислам дека не постои такво нешто, затоа што треба лекарско и да му дадат опрема и тие пробни 3 месеци... испаѓа ги заебаваш. Кај мене барем не стоеше такво нешто во договорот, како и да е, вршат притисок и пред завршување на договорот демек да продолжиш ова она, ко демек вложиле во тебе, my ass. :D
     
    На Amelie1708 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Amelie1708

    Amelie1708 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 април 2019
    Пораки:
    323
    Допаѓања:
    564
    Пол:
    Женски
    А ти може да прекинеш да ги ставаш сите фирми,работодавци во исто коше? Или ке се факаш на секој еден пост што ке го пишам. И имаат право да прашаат баш по 100 пати ,зашто пари ке се вложат во тој човек за да му е удобно на работа , и се прашува баш ради вакви несериозни по 10 пати! Не знам што е толку страшно ако се праша. И пак ке ти кажам, не се сите идиоти и не сите бркаат од работа и даваат отказ како ке им текне.
     
  9. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.892
    Мора да има, не може со сила некој да те држи на работа.
     
  10. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.892
    Не реков никаде дека се идиоти, само очигледно некои основни работи околу закони и договори не знаат или не сакаат да знаат.
     
  11. Stark

    Stark Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2013
    Пораки:
    4.735
    Допаѓања:
    15.224
    Пол:
    Машки
    Ми е мака да ги барам договорот ама памтам што пишуваше, демек за операмта што ти ја дале и слично, би платил казна 3 пати од вистинската вредност, во случај ако откажиш да работиш, покажиш непослушност кон надредените и успоруваш во работата, и секако најниското нешто ако крадиш. :D
     
    На Amelie1708 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.892
    Па ова мене воопшто не ми звучи правилно, чисто се сомневам дека може вакво нешто да пишува во договорот а да е по закон. Парична казна и ако успоруваш во работата? Немогуче.
     
  13. Stark

    Stark Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2013
    Пораки:
    4.735
    Допаѓања:
    15.224
    Пол:
    Машки
    Сеа ќе го најдам договорот и ќе ти сликам
     
  14. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.892
    Ок, ти верувам, не се мачи.
    Само тоа што газдите ставаат во договори работи извадени од г'з и вработените потпишуваат не значи дека тие договори се валидни.Ако ги однесеш на суд и најмиш добар адвокат, не би требало да поминат. Правник еден тука ако може да се јави па да каже.
     
  15. Amelie1708

    Amelie1708 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 април 2019
    Пораки:
    323
    Допаѓања:
    564
    Пол:
    Женски
    Ова будали не се однесуваше на моите клиенти,туку на инспекциите кои кружат секојдевно. Неможам да знам кој влага во салон да закаже (реално ретко и влагаат зашто работам 9год веке со стална клиентела и закажувањата идат телефонски или месец за месец), подобро ми е да ја пријавам вработената него да се тресам дали е стварно потенцијален муштерија или инспекција.
    И да, беше козметичарка со искуство дојдена од друг салон и која пред да ја вработам тврдеше дека има веке стекнати муштерии, али ајде и да немала , презакажуваше откажуваше термини, се понашаше неодговорно, каснеше секој ден на работа, и не, никој не рече дека требаше да собира луге од улица мегутоа тука се работи и за осет малце, кога гледаш дека дента немаш пример ниедна закажано , неможе да дремеш на телефон и цел ден да зјаеш и само да чекаш да си земеш плата на лепе очи. И да , ако веке си дошол на работа да работиш , може и да се потрудиш за да има повеке клиенти. Пред да започнам сама кога работев по други салони, делев флаери, смислував промотивни пакети , правев нешто за да имаме плус повеке работа, НЕ ДРЕМЕВ.
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.892
    Што не ја викна дома ручек да ти зготви кога веќе немала друга работа?
     
  17. Stark

    Stark Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2013
    Пораки:
    4.735
    Допаѓања:
    15.224
    Пол:
    Машки
    Бруто плата ми е 30.000 и во случај ако ми врачи отказ поради наведени причини требало да му платам 5 кратно од последната исплатена плата т.е последниот месец.. значи во случај ако украдам, успорувам во работа или не извршувам задачи.

    А од друга страна пак има каде што се изјаснувам јасно и гласно дека нема да откажам на работава во овие месеци. :D

    Ги сликав иначе ако сакаш ќе ги пуштам..
     
  18. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.892
    Не мора да ги пуштиш. За крадење е ок, ама заради успорување во работа или неизвршување на задачи може само отказ да ти даде, каква парична казна, Богдачува, ова не поминува на суд.
     
  19. crimson

    crimson Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    3.948
    Допаѓања:
    51.307
    Пол:
    Женски
    Ама види, не е нејзин проблем што нема клиенти, ниту и е неа работа да дели флаери или да смислува промотивни пакети. Тоа може да го направи од добра волја, ама ако не е во описот на работа, не ја прави лош работник.
    Тоа што доцни е друг проблем.
     
    На T.e.d.d.y, cresa-jagoda, SexiLy и 4 други им се допаѓа ова.
  20. Stark

    Stark Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2013
    Пораки:
    4.735
    Допаѓања:
    15.224
    Пол:
    Машки
    Па искрено досеа никој вака не дал пари, ама сепак таков е каков што е договорот.. А инаку потребни им се работници, иако сум јас со диплома, засега ми одговара платата, ама сепак не сум задоволен општо од работата и временските услови кога ќе заладат, а сепак ми прават одоколу притисок уште од сега за договорот.