Дали македонските газди се умислуваат небаре се Господ?

Discussion in 'На работното место' started by Tanjamm, Apr 18, 2019.

  1. BloodElf

    BloodElf Истакнат член

    Joined:
    Oct 30, 2014
    Messages:
    363
    Likes Received:
    724
    Gender:
    Female
    Извини поенциалните* клиенти.
    Искуство и стекнати муштерии некако не ми одат во иста реченица со 12 000, најискрено.
    Ако веќе носи муштерии, зошто би ти ги носела тебе кога можи самата да си отвори салон?
    За презакажување/откажување термини се согласувам, не е коректно во никој случај.
     
    Amelie1708 likes this.
  2. Amelie1708

    Amelie1708 Истакнат член

    Joined:
    Apr 13, 2019
    Messages:
    331
    Likes Received:
    565
    Gender:
    Female
    А тоа што ја фатив како краде? Пишав на почетокот на темава, незнам дали си прочитала.

    А кажи ми како јас да знам зашто прифатила да дојде да работи кај мене? Јас не ја фатив за врат, мое беше да понудам како тазе отворен салон , што можам да понудам , штом прифатила и одговарало значи. И не секој е во можност да отвори салон. Јас работев ,сакав салон и го отворив.

    Баш во контекст на темава. Браво, тогаш сите да одиме на работа да дремеме на телефони и да зимаме плата.
    Многу ме нападнавте ,ама толку пристрасно се придржуваш кон тоа како СИТЕ работници се фини и како газдите се губриња и што и да се пише идеш контра. Ако ти на твоето работно место си чесна а притоа газдата се иживјава со тебе, незначи дека сите се чесни како тебе и дека сите газди се такви, тоа ми е поентата на муабетов. И јас сум била нечија вработена ми се погодило да работам за губре ама и за прекоректни луге. И сум била реална.

    И да,ако на некој не му одговара да работи за мала плата дали тоа значи дека има право да краде, касни на работа, се понаша дрско со муштерии и да нарушува углед на фирмата? Ако сметаш дека ти е мала платата и не ти се работи ,напушти.
     
    PaLaVa, candy.cane, Lolipop23 and 6 others like this.
  3. Lolipop23

    Lolipop23 Форумски идол

    Joined:
    Mar 21, 2010
    Messages:
    5,517
    Likes Received:
    27,302
    Gender:
    Female
    Пристрасна си зашто си од страната на работодавците и нормално ќе ти одговара да некој прифати да работи за помалку пари. Да бараш работа на струка ќе те видам дали ќе ти се доволни 12000 денари. Што впрочем можеш да направиш со 12000?
    Ако не се вреднуваш самиот не знам како очекуваш некој друг да те вреднува??
    Знам дека денес секој еден завршува факултет, ама сепак губи години во студирање, парични средства и сл. А на лик и со едно интервју тешко се проценува дали човек вреди или не. Затоа договор на определено и ако го бива ќе му го продолжиш, ако не, не. Ама некоја достојна плата сепак треба да понудиш и за тие месец-два.
     
    kolovoz, Harper, cresa-jagoda and 7 others like this.
  4. Aglaja

    Aglaja Истакнат член

    Joined:
    Jun 17, 2011
    Messages:
    45
    Likes Received:
    24
    Не треба работодавецот да те бира тебе, туку ти него. И кога ова би функциониралo добро многу македонски газди ќе дојдат на позиција на која треба да се.
    Досега сум била во ситуација да имам секогаш опции па да бирам, макар сум склона кон погрешни избори, сфатив. :)

    Излегов од голема фирма во која имав привилегии и добра репутација и супер плата, за да влезам во помала, не затоа што во таа голема фирма имаше премногу работа и бегам од обврски, туку напротив ми требаа повеќе обврски и поширок личен развој во повеќе домени од дејноста.
    Влегов во фирма која штотуку се основаше, буквално од нејзина регистрација. Се создаде мал тим на млада работна сила која функционираше се' додека не сфативме дека својот сегашен претпоставен е еден од оние кои работат за себе, не за своите вработени и сакаат на секој можен да скратат од туѓото за да задржат за себе, па така со време кога почна да се зголемува обемот на работа, кога веќе го направивме своето стебло и се создадоа работни профили, наместо да вработи личност која ќе ни помогне, вработи личност која заради неопходни закони и документација мора да стои на хартија. :@
    Купи диплома од познаничкa. И мене во тој момент не ми беше јасно ако веќе си имал план, зошто сите оние интервјуа со заинтересирани личности за работното место, зошто да си го губат времето, зошто пуштивме огласи воопшто? :?:
    Личноста се нема појавено на работа, а требаше само на биро да седи. Ние четворица (ете толкав ни беше тимот, сега сме помалку;( ) бевме растргнати на сите страни, а сме во здравствена дејност, водиш веледрогерија.
    И кога на еден од тие четворица на кој му дојде преку глава си даде отказ, мојот работодавец му ја скрати платата без да даде објаснување и го извести писмено ден по негово заминување. Кој низок пад. Буквално во сума за да покрие трошоци кои се наметнаа со тој отказ.
    Да не збориме за тоа дека колегата, син на негов пријател кој не се врти во канцеларија, едноставно едвај чека да излезе некаде и зема плата која во согласност со работните обврски не треба да ја зема.
    И да, на крај се сведува дека двајца работиме. Од кои едниот е заменик директор, а другиот работник.
    И во тој момент кога увиде дека треба да ми се покачи платата и ми ја покачи, ме праша "Дали ти е покачена платата?" Да не мислеше "Фала директоре, оваа плата знаете колку ми е од помош", да му кажам.
    Работам за лично задоволство јас, а кога ќе го изгубам, ни плата не ме задржува. Нека си вработи поскоро личност, со двајца веледрогерија не се води. Стресот да ни се намали.:whew:

    П.С А кога збориме за македонски газди, татко на колегата има исто фирма, директор и тој, ете, ама тој сите состаноци и луѓе, роднини, пријатели си ги носи и води во канцеларијата на мојот директор без да го извести хахахахахха бар да имаа врска бизнисите хахахххаха
     
    Animali, MarigoldA and Tanjamm like this.
  5. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Joined:
    Mar 19, 2011
    Messages:
    11,211
    Likes Received:
    56,939
  6. Цвет88

    Цвет88 Форумски идол

    Joined:
    Mar 3, 2017
    Messages:
    4,506
    Likes Received:
    22,869
    Gender:
    Female
    Не знам газдиве како им е чудно што со 18000 плата тешко се живее. Како мислат дека е доволно 12 000 плата за 6 работни дена вклучувајќи празници и викенди, за кои дневницата треба да е дупла.
    Не сум имала проблем никогаш за примање на работа, веднаш ме примале, дури и по телефони сѕм вртела и сум прашувала дали им треба работник. Ми успевало.
    И од сите, само една газдарица беше фер.
    Малтене во секоја смисла. Задоволна со плата задоволна со услови, знаела да даде плус точно кога треба.
    А не ко овие сеа, ќе те задржат прекувремено, ќе те викнат од дома во слободен ден, не ти плаќаат плус. Ама не смееш да побараш ден.
    Од друга страна има и работници кои едноставно ги мрзи да работат, без разлика какви се условите за работа.
    Само треба да се знае дека задоволен работник е најпотребен ако сакате добар бизнис.
     
  7. lovestoneddd

    lovestoneddd Форумски идол

    Joined:
    Apr 14, 2018
    Messages:
    4,252
    Likes Received:
    39,639
    Gender:
    Female
    Јас пак, ќе кажам дека за сите срања кои ни се дешаваат на ниво на државата, сами сме си криви.
    Самиот народ си е крив што имаме газди какви што имаме и тоа се има докажано низ мал милион случаи.
    Некој клет народ сме, не знам како да не дефинирам, со сила да ги тераш за обединување заради заеднички интерес, со сила да им наметнуваш дека заслужуваат подобро и дека може да биде подобро.

    Ова иде за сите приватњаци, менаџери и директори.
    Сте го фатиле законот, и исплаќате мизерен минималец, притоа и навреме, сте ги осигурале своите работници, имаат еден ебан ден слободен во неделата, пауза за кафе од смешни 15тина минути до пола сат, 8 часовно работно време, годишен одмор обезбеден, повишица..
    Ако мислите дека тоа ве прави газдетини, поим за претприемници, гадно сте се излажале. Газди сте само во вашите мокри соништа. Ниедно од горе набројаните не ви дава за право да се кочоперите со титулата газда, притоа и да зборите за себе во суперлатив, како сте најдобри а другите не чинат.
    Кога ќе сфатите дека сето ова погоре не е ПРИВИЛЕГИЈА за еден работник, туку основни услови и основни права за еден работник, тогаш титула газда ставајте си. Вака сте само обични експлоататори, кои со памук душа вадат. Ама не сте само вие криви, државата ви го дава тоа за право, а тие што ги носат законите пак ние народот, ги имаме изберено, значи ние сме криви.

    Од друга страна, за работниците.
    Не е срамота дипломец да работи за 12 000, имам работено и за помалце, али е нехумано и нечовечки.
    Ценете си го трудот, вложените финансии, стресот и упорноста што ве дотуркала до моменот кога сте ја добиле таа диплома во ваши раце. Кога сите би биле сложни по ова прашање, ни на најдегенското створење од газда, не би му текнало ни да ви спомне за минималец, камо ли толку да ве исплаќа.
    Ама се додека има некој од нив, кој би ринтал и за пола од тој минималец, дипломираните кои бараат соодветна плата, ќе бидат елиминирани и гледани со потсмев.
    Тоа некој не е потценителна бројка, дури повеќето се такви. Затоа и дојдовме до степен да дипломата не вреди ништо. А имал факултет, а немал, минималец не ти гине. Ако ти се наредат коцките, па дури и неколку иљадарки плус ќе земаш, нек се види раскош и нека се разиграат десетките во индексот.

    Имам видено и сеуште гледам све. Знам дури и денес за фирми, познавам и работници, искрено повеќето од нив се постара генерација, задоени да ќутат вечито и газдата како бог да го гледаат.
    Знам за фирми кои пуштаат минималец на сметка, па разликата од платата до минималецот бараат да им се даде на рака, и им се дава. Пуштаат К15, па си го бараат назад, и го добиваат. Пријавуваат па те одјавуваат за некој ден. Неплатени одмори. И сето тоа со согласност од злоставуваната страна.
    Страв во коски, а од што?
    Газдите се тие што треба да се плашат од работниците, а не обратно. Јер работниците се тие што го прават газдата, газда.
    Мајка ми, маки мачеше со фирмите во кои работеше порано, ради стварите од погоре. Зборат сите против газдата, бес од секоја пора им излегува, се појавува неговото височество, сите молчат. Хе хе директоре директоре. Собираат потписи за штрајк, прво едвај да ги натераш да се потпишат т.е повеќе да ги охрабриш, се думаат, а немаат пари аналгин апче за глава да си купат, кога имаат главоболка.
    Договараат штрајк, конечно. Се појавуваат неколку души од околу 70тина. И нормално, последицата ја снесоа тие неколкумина, кои од петни жили се имале трудено, да биде подобро, ама за сите.
    Добија отказ, а останатите продолжија да работат во мизерни услови.
    Да се имаат сите појавено и да кажат јасно и гласно што бараат, жими онаквото што на сите ќе им даде отказ. Тогаш нека стави катанец на фирмата одма, а не е луд да го стори тоа.
    И тоа не е единствен случај, можам да набројам за уште 20, па уште за 20.

    Млитав народ сме, у пичку матер.
    Тоа не кочи во све живо.
     
  8. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Joined:
    Aug 1, 2012
    Messages:
    27,165
    Likes Received:
    177,117
    Gender:
    Female
    Претходното работно место ми беше катастрофално. Не е важно името на фирмата ама се работи за познат скопски бренд. Кога се вработив на почетокот мед и млеко, плата солидна, тек на средина на месецот им го видов лицето - НА СИТЕ.
    Лоша организација, лоши раководители, лоши колешки. Се запрашав дури и кај сум дошла.
    Ниту те ценат како почетник, ниту како особа. Гледаа само да им работиш.
    Имам спремено тужба, треба да ја пуштам за некои недоразбирања и малтретирање на работно место. Цел дуќан им го дигав на нозе. Толку проблеми, да не се заинтересирани за работникот, работникот за се виновен,да немаш право да кажеш нешто...мизерија.
    Секој се прави шеф и во отсуство на раководителите сите кралеви.
    Многу сме алчен народ. Ако некој згреши нешто секогаш помладиот е крив.
    Се дешавале многу случки, никогаш не молчам, си ги знам моите права...а за плата па што да ви кажам мизерија, не редовна и се гледа да не те исплати точно туку пола, гледа да ти најде грешка за да ти скрати од плата. Беда.
    После некое време реков дека си одам,јасно им потенцирав СИ ОДАМ за на крај да ми дадат образложение дека они не биле заинтересирани, ОНИ ИЛИ ЈАС?
    После мене напуштија уште 5 души.
    Секој ден пуштаат огласи. Жално и бедно.

    Јас сум човек што сака да си работи, кога сум на работа се сконцентрирам на работа и го давам максимумот од себе, јас појма немав од техниката која се работеше таму па за еден месец ги совладав успешно. Можев еден факултет да завршам, можам и да совладам техники на работа за краток период.

    А за газдата, тешка будала. Касни плата по 7 дена тој по кафани, патувања и к*рви. Кога ќе дојдеше изиграваше јак газда, некогаш знаеше да не малтретира, ти работиш тој доаѓа и ти се навикува, оти така му дошло во моментот.

    Зборот ми е дали со факс, без или со средно сеедно,работникот е малтретиран и искористуван во Македонија.
     
  9. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Joined:
    Oct 6, 2011
    Messages:
    9,788
    Likes Received:
    14,284
    Тоа ми е поентата и мене дека кога тогаш се покажуваат луѓето во вистинско светло и на некој начин ќе бидеш оштетен, колку и да си лојален. А платите секако се мали, за нормален живот, јас мислам требаат 20.000 и повеќе на работникот да му се дадат. Со 12.000, 15.000. па и 18.000, само си работиме за да не одиме голи, боси и гладни, но напредок нема. Со тие пари не може да се купи нешто поголемо или да се направи. Реалноста е таа, а ти го земаат времето за викенди, празници, и слично.
     
  10. Ма.нев

    Ма.нев Истакнат член

    Joined:
    Feb 18, 2019
    Messages:
    780
    Likes Received:
    1,225
    Gender:
    Male
    Дали за ресторан се работи?
    Слично сум слушнал за еден многу познат ресторан во Скопје...
     
  11. Alita

    Alita Истакнат член

    Joined:
    Apr 8, 2019
    Messages:
    197
    Likes Received:
    1,285
    Gender:
    Female
    Проблемот е што има луѓе што прифаќаат да работат за минимална плата, а ги има доста па затоа сме и кај што сме.

    Оваа група на луѓе не можам да ја смислам.

    Во првата фирма кај што се вработив , скоро сите постари кои работеа таму, беа такви. ,,Газолижачи'' - ми се повраќа кога ќе ми текне. Сите збореа за газдите се најлошо , газдиве стварно беа олоши (тип кад се сељак покондури) ама кога ќе беа во близина , абе златни газди биле.
    Мене ,,фосиливе'' oд колеги не ме сакаа пошто се им плескав во лице за тоа колку се лицемерни. Кога требаше да прашам нешто или да побарам од газдите - се бев дека јас сум со некакви барања , дека овие ,,младиве'' премногу зборуваат . Не , јас само си ги знаев и си ги барав праата што ми следуваат.
    Напуштив кога сакав да користам зимски одмор и ми рекоа дека може да користам само 3 дена - иако ми следуваа 10. Тогашниот ни Г од газда ми рече дека не можело тоа така , ако на сите им давал годишен одмор колку што им следувало , фирмата не можела да му опстои. Јас му реков тоа не е воопшто мој проблем, дека други фирми опстојуваат и така , само што факт е дека се алчни. (Уште ми е криво што не го тужев и што не пријавив во Хелсиншки).
    И да, ден денес - сеуште ме збори ( станав блиска со колешка што сеуште работи таму,за жал) па затоа и го знам ова.
    Муабетот ми е дека и газдите се плашат од нас работниците, само доколку повеќето постапат како што јас постапив.
    За младите зборувам.
     
  12. supergirlmb

    supergirlmb Популарен член

    Joined:
    Apr 6, 2017
    Messages:
    1,366
    Likes Received:
    7,838
    Gender:
    Female
    И ќе ти рече некој ех вие двајцата на работа. 12*2=2400. Сметки,деца,храна. Празник, сабота. Море мирен народ сме ние многу, затоа газдите мислат богови се.
     
  13. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Joined:
    Aug 1, 2012
    Messages:
    27,165
    Likes Received:
    177,117
    Gender:
    Female
    Не е понижувачка платата од 12.000 ама ако имаме нормален стандард од пред 15 години, кога со 1000 денари ќе наполниш скоро цела корпа во маркет.
    Ама за денес не стасуваат.
    Затоа секое семејство е со кредит.
    Овде платата беше 15.000. И никогаш не ги зедов, а бев редовна, не каснев, го почитував времето за пауза и се остало. За секоја грешка си кажував, покажував човечност,несебичност,грижа. Ваљда нешто научија колегите.
    Јер некој не знаеше што е празник, кој е Свети Петар ама дошле да работат и да изиграваат јаки шефови демек. Јак "шеф" ама неписмен.:lol:

    @Ма.нев ресторан е да, ама од познат бренд и во светот.
    Никад нема да научат.

    А за Малта зборевте вака така, што сум заработувала поголема плата, знаете да лаете и префрлате само.
    1000 евра заработував од кои 500 евра ми одат за јадење, сметки и кирија.
    500 ми остануваат, ама бидејќи сум мераклика и сакам да шетам и купувам, останував со 300 евра на страна. 300 евра секој месец во касичка. Овде 300 евра секој месец само на хартија. ;)
     
    Last edited: Apr 19, 2019
  14. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Joined:
    Mar 19, 2011
    Messages:
    11,211
    Likes Received:
    56,939
    Се нафрливте на постарите, ви сметало што ќутат.
    Ќутат затоа што на 50+ немаат друга опција за работа. Знае дека ако ја изгуби таа ќе треба до пензија дома да седи. Ние, младите сме оние што треба да се бориме за подобро, а не да префрламе на старите генерации. Тие ќе излезат од пазарот на трудот, а нашето до прва доаѓа.
    Старите генерации не можат ништо да сменат, ние сме тие што треба да менуваме.
     
  15. Alita

    Alita Истакнат член

    Joined:
    Apr 8, 2019
    Messages:
    197
    Likes Received:
    1,285
    Gender:
    Female
    Можат нормално да си ја вршат работата, а не да лижат. Да,може да си земаат плата, а притоа да имаат трошка достоинство.
    И ние младите кога сме пробале да смениме нешто доаѓаат коментарите - ,, Е овие младиве само нешто се бунат, немаат ни малце почит кон газдата, им дава работа '' . Па тој газда бе не ми ја дава платата на поклон, јас работам за таа плата и тој има корист од мене.

    Не ги напаѓам само кажувам какви се.
     
  16. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Joined:
    Mar 19, 2011
    Messages:
    11,211
    Likes Received:
    56,939
    Не зборувам за кај тебе во фирма. Не сум била и не знам. Зборам за многу што реално не се во завидни ситуации. Знам за газди што намерно примаат само жени што влегле во менопауза за да се сигурни дека нема да им одат на породилно и дека немаат друг избор па ќе трпат и ќе работат за 200 евра. Е нормално, кога една по една тие жени ќе заминат од фирмата, а нема да дојдат други на нивно место затоа што никој нема да работи во тие услови, фирмите се затвараат, намалуваат обем на работа, намалуваат профит. Па полека на газдите не им останува друга опција освен да покачат плата или да затворат.
    Не зборам лично за вашите колешки, зборам општо, за реални фирми.
    Проблемите со вашите колешки вие решавајте си ги. Ако мислиш дека твојот газда може да опстане само со старите - ќути и барај си потајно друга работа. Ако мислиш дека му требаат млади, не им обраќај внимание на зборовите и барај си ги правата. Како што кажав, тие не се одговорни за тебе, а нивното е назад. До прва сигурно нема да се борат.
     
    Tanjamm and PaLaVa like this.
  17. PaLaVa

    PaLaVa Популарен член

    Joined:
    Jan 24, 2011
    Messages:
    482
    Likes Received:
    3,743
    Gender:
    Female
    Навистина е така. Имав колешка на 50+ години, болна, оперирана, маж невработен и ќерка студент. Единствени приходи дома им беа оние мизерни 200 евра плата што ги земаше. И додека јас и помладиве колешки се буневме за се нешто кај газдите, таа ќутеше и не молеше да не ја вмешуваме во расправии затоа што знаеше дека ако остане без работа ќе нема дома од што да се прехранат.
    И како за беља, секогаш бесот беше истуран на неа и се што требаше да не искараат нас го кажуваа преку неа за да ние разбереме. Дури пред да ја напуштам работата влегов во страшен конфликт со газдата баш поради тоа што и урлаше поради грешка која не ја ни направила. Таков кретен во живот не сум сретнала, едно дигнато исфрустрирано човече што едвај до рамена ми стигаше, да можев во моментот со еден бокс ќе го залепев за земја од бес.
    Толку сме станати ладни, без сочуство, без емпатија, себични тоа е чудо едно. Затоа никогаш нема да просперираме во ништо, пошто брат на брат очи ќе си истераме од алчност.

    И да, тажно е и нефер човек со диплома да работи за минималец. Не дека ги потценувам луѓето кои не успеале да завршат факултет и работат со средно, ниту пак факултетот е репер за квалиетен кадар, но знам луѓе кои во тешки маки и финансиски состојби крпеле и се мачеле за да ја добијат таа диплома со надеж за подобра иднина, а притоа биле одлични студенти и се разбираат доста добро во професијата, за да на крај останат невработени под завод или работат за 12,000 денари.

    Зa крај, чисто една информација за војската ни наша.
    22.000 денари плата на професионален војник. Кај мене долу во бутик толку заработуваат продавачки во лето кога е сезона на свадби.
     
  18. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Joined:
    Oct 6, 2011
    Messages:
    9,788
    Likes Received:
    14,284
    Порано 12.000 денари беа пари, ама денес како што си пиша одиш во маркет, се чудиш кај летнале парите, а тоа што си го купил за еден ручек или два, и толку.
     
    Dust and buba4e89 like this.
  19. Forca

    Forca Популарен член

    Joined:
    Feb 21, 2016
    Messages:
    781
    Likes Received:
    2,130
    Gender:
    Male
    Во право си.
    Само кисело млеко, леб, и тоалетна хартија чинат 200 ден., а каде е се' останато?
    На денешниве цени треба минимална плата да биде 800 евра, али тоа што е, се надеваме на подобро. :)
     
    PaLaVa, Harper, senza.parole and 2 others like this.
  20. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Joined:
    Oct 6, 2011
    Messages:
    9,788
    Likes Received:
    14,284
    Колку ручеци ќе зготви човек со сума од 12.000 денари за цело семејство?Не многу, зависи како се храни. Тешко нас со платите, повеќето граѓани се хранат со евтини тестенини, евтино сирење, се купува она што е евтино и неквалитетно, она што дозволува џебот. За плус приходи треба плус работа, а со тоа се скратува од приватниот живот. На крај се сведува животот на преживување, па уште и кога газда на сиот труд ќе ти рече „земи или остави, тоа е“, ти иде да заплачеш.