Дали македонските газди се умислуваат небаре се Господ?

Дискусија во 'На работното место' започната од Tanjamm, 18 април 2019.

  1. Aleksandar1212

    Aleksandar1212 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 август 2016
    Пораки:
    1.106
    Допаѓања:
    7.680
    Пол:
    Машки
    Да, Македонските газди се Господ. Господ да им дари долг о вечен живот.
     
  2. marchi-cool

    marchi-cool Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    7.014
    Допаѓања:
    14.499
    Пол:
    Женски
    да фала им, какви такви да не се тие леб ќе немаме да јадем
     
    На elimkd и Aleksandar1212 им се допаѓа ова.
  3. elimkd

    elimkd Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 октомври 2012
    Пораки:
    8.025
    Допаѓања:
    48.352
    Пол:
    Женски
    Кај нас најчесто има газди кои се експерти во сите области (финансии, маркетинг, менаџмент, сметководство....) e овие веќе не се умислуваат, туку овие се господ
     
  4. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.939
    ^ Убаво реков, не се плашете од стари што им лижат газ на газдите, плашете се од млади.
     
    На baby-star, Harper и Rebecca_R им се допаѓа ова.
  5. Harper

    Harper Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2018
    Пораки:
    664
    Допаѓања:
    7.890
    Пол:
    Женски
    Па да, во право си, со 200 евра едно семејство покрај сите останати трошоци, а со денешните цени, освен леб, не знам друго што ќе јаде.
     
    На Divinebutterfly, baby-star, jacqueline.s и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. marchi-cool

    marchi-cool Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    7.014
    Допаѓања:
    14.499
    Пол:
    Женски
    да ама некој ни толку нема. Во глобала цела ситуација е во стилот НЕМАШ ИЗБОР МОРА ТУКА. или 200 евра или ич
     
  7. Mrs. Lovett

    Mrs. Lovett Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2018
    Пораки:
    822
    Допаѓања:
    3.125
    Пол:
    Женски
    Приватњациве - газди се толку многу напувани по 6 - 9 месеци минимум те држат непријавен/а, боледување можеш да сонуваш, работното време од денес за утре ти го кажува, плата сакал ти дал сакал не, останување до подоцна, паузи?... човекови права? што е тоа? Од друга страна и да те пријави истото е, празници, делници ако не се работат ќе си ги одработиш ти накнадно со работа од 10 - 12 саати, битно кешот што си го испланирал да си го извади на крајот на месецот/годината, одмор еден летен па и тој ќе ти го исцепка. Секоја чест на исклучоци, ма да јас лично неам слушнато во мк некој приватњак да го почитува вработениот како жив човек, верувам дека има, но се ендемски видови. Државно е далеку подобро, не затоа што не се работи туку си знаеш кои денови си работиш на шо си пријавен/а, платата е далеку поголема за истото, слободен ден си е слободен, работа од 8 до 4, пауза како човек и ред други бенефиции. Цел свет се стреми кон приватниот сектор, само кај нас сите бегаат во државен.
     
    На Divinebutterfly, Aqualina, GirlLove и 6 други им се допаѓа ова.
  8. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.580
    Допаѓања:
    13.973
    И да те пријават по 9 месеци, тоа е на минималец. Ќе те скапат од работа, а утре дали за мизерна пензија ќе имаш прашање е. Работникот е оштетен со тоа што работи непријавен, а потоа работи за минималец, и на крај кога ќе треба да оди во пензија, пензијата и да ја земе, само за лекови ќе биде.
     
    На Mrs. Lovett му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Mrs. Lovett

    Mrs. Lovett Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2018
    Пораки:
    822
    Допаѓања:
    3.125
    Пол:
    Женски
    И покрај тоа што постојано бараат сертификати и надоградување од сопствен џеб, а доколку ти рипне платата, често знаат и да ти ја испланираат тие и не смееш не да кажеш, уствари никој не те ни прашува. :DЗа себе и за семејството не мора ништо да тргнеш на страна, ќе градиш кариера само за сопствениците да го полнат џебот. Да помислиш семејство да основаш? Важи, нема проблем одма урипува друг/а, ти чешај се. А за пензија... не сакам ни да помислам што ќе биде тоа и дали ќе се стигне до неа... Ќе студираш ќе вложуваш во себе и нит пријавување нит плата асалана и на крај испаѓаш досадна или без осет што си ја бараш изработената плата или слободни саати (не ден) за на доктор да отидеш. Ма без разлика дали некој е со диплома или без секој душа носи и секој заслужува човекови права, но кај нас тие права ги уживаат само газдите. Би испраќала ненајавени инспеции на 1 месец, а не 2 недели унапред најавени и тоа 10 души, едни да стојат пред „терасите“ другите внатре, а не газдиве да ги тераат да излегуваат непријавените од таму или како најчесто во поголемиве бутици или кафичи да се прават дека се муштерии и кој на колку саати е пријавен, а колку всушност работи. И би забранила секој да отвора што сака и да изиграва газда. За во бутик барале продавач/ка со факултет, ма немој молим те. Нека им удри државата и на нив да полагаат јазици, менаџерски вештини, писменост и да им бара диплома како тие што бараат. Знаеме како се збогатија денешниве газди, куцај до толку после некуцај ајде бре... Нека им удрат по тоа па ќе видиме до кога ќе тераат со поштена работа.
     
    На Divinebutterfly, tina2018, Asparagus и 2 други им се допаѓа ова.
  10. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.580
    Допаѓања:
    13.973
    Секако дека работата влијае на личниот живот. Немаш пример слободен викенд цел за да излезеш како човек со дечко, да прошеташ, додуша кај ќе шеташ со мала плата и броени пари? Никаде. Работиш пример во смени, и со тоа ти треба цела организација да излезеш како човек со партнерот, кој можеби работи од 8 до 16 часот. Лошо во секој случај. Кулминација на незадоволството создава тоа што се нечовечни. Колку пати имало исмевање за тоа кој во какви услови живее, кој каде летува, кој како се облекува, кој каде излегува. Замислете тоа го кажува газда кој дава мизерна плата. Дај му плата од 400 - 500 евра на работникот, да има слободни викенди, па ќе видам дали нема да е среден, нашетан, итн.
     
    На Divinebutterfly, Bratot, Animali и 2 други им се допаѓа ова.
  11. Bratot

    Bratot Популарен член

    Се зачлени на:
    26 април 2019
    Пораки:
    4.941
    Допаѓања:
    17.033
    Пол:
    Машки
    Даа да,без нив не се може со нив пак ич.
     
    На Iluzija666 и Tanjamm им се допаѓа ова.
  12. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.939
    FB_IMG_1556896051089.jpg
     
    На senza.parole, Alita, Animali и 2 други им се допаѓа ова.
  13. Swatt

    Swatt Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 март 2019
    Пораки:
    192
    Допаѓања:
    367
    Пол:
    Машки
    Конкуренцијата е многу лоша кај нас. Премногу вишок на невработени. Ако не сакаш ти друг ќе работи за помалку и полоши услови. Тоа е целиот проблем. Самиот недостиг на работна сила ќе ги принуди да го променат својот однос кон работникот и платата. Порано градежниците беа слабо платени, а денес никој не е под 500 евра плата и слободни денови. Зошто? Затоа што има недостаток на градежни работници.
     
    На Dekorado и Mrs. Lovett им се допаѓа ова.
  14. Bratot

    Bratot Популарен член

    Се зачлени на:
    26 април 2019
    Пораки:
    4.941
    Допаѓања:
    17.033
    Пол:
    Машки
    Ова за невработените е во ред,ама кај ја најде таа плата од 500 евра за градежен работник и плус и слободни денови да добие!?
     
    На Mrs. Lovett и Animali им се допаѓа ова.
  15. Swatt

    Swatt Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 март 2019
    Пораки:
    192
    Допаѓања:
    367
    Пол:
    Машки
    Земаат земаат. Има голем недостаток на градежници. Многу заминаа со бугарски пасоши. Во 2020 ќе биде уште подобро за нив, затоа што Германија и Австрија ги отвораат вратите за квалификувана работна сила без потреба на ЕУ пасош. Сите ќе избегаат.
     
    На Dekorado и Bratot им се допаѓа ова.
  16. anggell

    anggell Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 ноември 2011
    Пораки:
    6.307
    Допаѓања:
    12.214
    Пол:
    Женски
    Ретки се газдите во оваа држава што се фер и коректни, се ќе направат да ја исцедат работната човечка сила. А психички па да не зборувам.

    Особено па колку се безобразни за оние кои знаат дека се во тесно со пари, и дека единствено решение им е местото каде што се.

    Жално ама вистинито. Работев во фирма за минималец, ама почнав непријавена, под минимална плата, работев се, секој ден по десет часа на работа освен недела, па капак на се бараше и преку време останување, само што јас не останував. Едвај две години издржав, не ми беше тешка работата како што психички не исцрпуваше .

    Знаеше дека не зависам од него, па колку толку во однесувањето до некаде имаше осет, ама џабе беше гад до бесвест, а со колегите како се однесуваше, сега кога се сетам ми се повраќа. Кога напуштив ме бараше уште година дена ама кажав не се враќам, колку плата нека дава, таква токсична средина не можам да издржам. Одиш во 7часот на работа и од канцеларија слушаш викање, врегање, како денот може да ти започне :puke:
     
    На Divinebutterfly, hermosa, Tanjamm и 4 други им се допаѓа ова.
  17. GrimTheReaper

    GrimTheReaper Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 мај 2015
    Пораки:
    2.720
    Допаѓања:
    20.404
    За жал во нашата држава, експлоатацијата е на високо ниво. Сум работела непријавена со години или пак сум била пријавена на минималец, а останатото во плико. Истите тие се жалат како државата за се им е крива, а во суштина сивата економија потекнува од нив. Досега не сум работела кај македонски газда кој те ценел како работник. Те тераат да остануваш прекувремено и притоа дали си седел 8 или 12 саати, платата пак ќе ти биде иста. Плус што и покрај работата за што си вработена, треба и да си чистачка, кафекуварка, потрчко, сметководител, дистрибутер. Дури и на едно работно место каде што бев, а требаше по 12 саати да работам, не смеев да излезам од фирмата, за да купам јадење од продавница, пошо така се шетале вработените, а да не правам муабет за цигара, што не смеев да пушам. Инаку поимот пауза го дознав на новото работно место. И на крај ќе ти дадат помочана плата и ќе те направат да се чувствуваш потчинет како да не ја ни заслужуваш. Исто така, имав одмор цели 10 дена во годината.
    Завршив со таа приказна и од тогаш немам влезено во македонска фирма. Моментално работам во странска фирма, каде те почитуваат и ценат. Пријавен целосно, одмор колку што ти следи законски. Една минута да подостанам ќе ми ја платат. Ме унапредија за многу кратко време, затоа што знаат што значи добар работник. Во секој поглед сум задоволна и финансиски и психички.
    Полека младината се освестува, што многу ме радува. Ќе речат боље да седам дома него ли да рмбам за минималец. Донекаде и се во право, затоа што онаа тортура која што јас ја имам проживеано и си го расипав здравјето, едноставно не вреди. Многу сакам да останат без работници и малце да си ја чукнат главата, ако воопшто ја имаат.
     
    На Divinebutterfly, Dekorado, eliesaab и 5 други им се допаѓа ова.
  18. Ladybug98

    Ladybug98 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2019
    Пораки:
    1.093
    Допаѓања:
    4.201
    Пол:
    Женски
    Ретки се газдите кои што се однесуваат човечки со тебе и те ценат како работник.
    Работев краток период во приватна фирма на црно, но со причина дека бев малолетна за време на распуст. Се нафатив за 12.000 фиксна плата без разлика колку денови и саати работам и јас како средношколка си реков доста ми се иако од дома ме предомислуваа оти само услуга нив им вршам, а мене така ми одат деновите:) Тоа океј, ама односот на газда-работник, мислам дека повеќето имате почувствувано на своја кожа и знаете како е. Зависи од неговото расположение, ако е наспан сабајле ќе ти каже добро утро, ако не ќе се покаеш што си го поздравила. Работев уште триста други работи додатни, останував секогаш подолго од работното време, се дешаваше и по 2-3 саати, а никогаш не ми беа платени.
    Имав двајца колеги кои беа г*золижачи и најценети, а таквите ич не ги поднесувам ама што е тука е.. секаде ги има. За нив беше се дозволено, кафе и седење во работно време колку сакаат, слободен ден кога сакаат.. Од денешен аспект никогаш не би работела таму, ама еве ме со плус ново искуство и соочување со македонските умислени газди. Тогаш не сум размислувала исто како сега за да постапам правилно.
     
    На Dekorado и Tanjamm им се допаѓа ова.
  19. Aqualina

    Aqualina Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јули 2020
    Пораки:
    92
    Допаѓања:
    921
    Пол:
    Женски
    Имам работено на приватно на неколку работни места и колку и да се различни искуствата едно им е заеднички именител- арогантноста на газдите со став да можат на синџир да те држат да им работиш 24/7, а тие само да ти даваат корка леб и водичка.
    Ете тоа е тој менталитет заради кој тоне економијата и дел од младината е избеган, друг дел крои планови и размислува како да избега, додека остатокот што е мал и сака да остене тука гледа како да се приграби до работа на државно да цица од државната цицка.
    Мизерни стратегии и планови за задржување и развој на младината како неопходен човечки ресурс во стопанството и уште помизерен мајндсет кај газдиве си го прави своето кое го гледаме и осеќаме на дело.
     
  20. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.623
    Допаѓања:
    40.110
    Пол:
    Женски
    Јас не сум работела за друг, освен за себе, па не би можела да кажам но мајка ми пред неколку години работеше. Душата и ја вадеа, па одлучивме да прекине. Тој обем на работа не е возможен за едно човечко битие, односот одвратен.
    Никогаш повеќе не би дозволила некој да ја измачува така.
    Знам дека не е лесно фирма да се одржава, секако има кризни моменти ама па реално, ако не можеш да си дозволиш работник и да му пружиш човрчки услови, не ни покушавај.
     
    На Divinebutterfly, cresa-jagoda, stetoskop и 3 други им се допаѓа ова.