1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дали манипулирате со спротивниот пол?

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Unfaithful18, 12 септември 2010.

?

Дали манипулирате со спротивниот пол?

  1. Да

    87 глас(а)
    75,7%
  2. Не

    28 глас(а)
    24,3%
  1. Unfaithful18

    Unfaithful18 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2010
    Пораки:
    2.382
    Допаѓања:
    1.114
    Пол:
    Женски
    Девојки дали манипулирате со спротивниот пол?
    Дали го искористувате тоа што сте девојка за да свртите нешто во своја корист :)
    Споделете искуства.Сепак тоа е работата што знаеме толку проклето добро да ја правиме ;)
     
  2. stella83

    stella83 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јуни 2010
    Пораки:
    218
    Допаѓања:
    129
    Малку ми е срам што ќе кажам (со оглед на тоа дека до сега сум требала да научам како), ама не знам баш да манипулирам. :$ До сега секогаш сум си кажувала искрено и отворено ако нешто ми треба или ако сакам да постигнам некоја цел. Мислам дека манипулацијата со мажите е тесно поврзана со способноста за кокетирање со нив, а јас неа до сега ја немам баш многу користено :$ (единствено автоматски ми се вклучува ако навистина сум загреана за типот или кога ќе се случи онаа магнетска хемија) . Си признавам ми треба повеќе пракса, па уште од утре се менувам :lol: . Само не би ми биле на одмет некои совети како поспособните за манипулација го прават тоа :) . Баш сакам да станам и јас вистинска "манипулаторка" ]:) . So feel free to share your advice. :D
     
  3. lylaby

    lylaby Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2010
    Пораки:
    631
    Допаѓања:
    333
    Пол:
    Женски
    Да и тоа успешно мн се лесни за манипулација морам да кажам :D
     
  4. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.137
    Допаѓања:
    88.567
    Пол:
    Женски
    Мислам дека ние жените што и да посакаме добиваме, посебно од спротивниот пол. Можам да кажам дека успешно манипулирам, но се разбира не секогаш. Како викаат не е секој ден велигден :D
     
  5. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.050
    Да, можам и ми се случувало...Меѓутоа во одредена доза, затоа што сум осетлива сепак.Свесно манипулирање да ама ради одредена цел инаку повеќе ми се случило несвесно...Инаку и да не ги потценуваме мажите има дел од нив,поединци кои се опасни манипулатори. :!:
     
  6. mysterious

    mysterious Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2010
    Пораки:
    1.491
    Допаѓања:
    2.661
    Да. И особено ако дечкото падне на испитот.. ]:)
    Обожавам да си играм умствени игри со нив. :devil:
    За жал,понекогаш за да играм умствени игри,треба да се поседува умот...А не секој го има... |(
    :lol: :D
     
    На Marissa24 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. 2468

    2468 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2009
    Пораки:
    4.497
    Допаѓања:
    2.836
    Пол:
    Женски
    па женско сум бе, знам да си манипулирам :$ :D
     
  8. Winter.Girl

    Winter.Girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 ноември 2009
    Пораки:
    750
    Допаѓања:
    177
    Манипулирам,женско сум,тоа ни е во крвта нам :$ :D Ама сепак гледам да не претерувам,се си има граница.Морам да признаам дека и меѓу машките има доста остроумни манипулатори.Безобразни ]:)
     
  9. Shilaa

    Shilaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 септември 2010
    Пораки:
    30
    Допаѓања:
    9
    Женски тоа ни е во крвта. Да, манипулирам со спротивниот пол и мислам дека никогаш нема да престанам. :devil: :devil: Кој им е крив што се глупави и не сваќаат. хухуху :D :D
     
  10. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.071
    Секако дека манипулирам, најмногу кога сакам да ги свртам работите во моја корист, и љубениот да не се сомнева во ништо, сум манипулирала многу со бившите, и до пред некое време уште мислеше дека го сакам аххх за таков кретен само така тешки манипулации му направив :devil:
     
  11. Domino

    Domino Популарен член

    Се зачлени на:
    15 ноември 2010
    Пораки:
    971
    Допаѓања:
    1.037
    Па многу нормално. Малку добра глума, малку треп треп и завршена работа. :$
     
    На srcekrsacka му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.596
    Да, манипулирам и сметам дека секоја жена може и треба да го прави тоа, со усул и до одредени граници.
    Тоа е нашиот женски одбранбен механизам да им вратиме на мажите затоа што понекогаш знаат да бидат нечувствителни говеда.
    Па зошто да не го изманипулираш малку, што од корист, што од забава и сеир?
    :lol:
     
    На Sara123 и TeddyGrey им се допаѓа ова.
  13. creshicka

    creshicka Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2011
    Пораки:
    2.152
    Допаѓања:
    5.709
    Пол:
    Женски
    понекогаш. Мислам дека како што им е во крвта на мажите да гледат порно, и да следат спорт, така и нас ни е во гените да си манипулираме чат пат :D
     
  14. FBI

    FBI Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2010
    Пораки:
    1.513
    Допаѓања:
    5.299
    Обожавам да манипулирам, особено со единките кои спаѓаат во групата на “фраеришча“. Можам да им го предвидам секој нареден потег, па често ги ставам во шах-мат позиција. Ги водам во насока на мои размислувања и често знам индиректно да ги натерам да кажат работи наместо мене :D.
    МОжеби и ова играње игрички и манипулирање придонесува за мојот сингл статус :?:. Едноставно, кога некој ќе го прочитам, не ми е веќе интересен. Во последно време не се гордеам со тоа што им ги откривам идните потези, бидејќи им поставувам намерни пречки и тука играта завршува, а јас пак останувам сама :tmi:
     
    На ubavica25, srcekrsacka, mims-89 и 3 други им се допаѓа ова.
  15. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.122
    Пол:
    Женски
    ФиБи,
    радувај се што си им ги предвидела чекорите и си открила нешто уште пред да почнеш со нив.
    Не биле тие тоа што ти е потребно, ако биле ќе си била со некој од нив, немало многу да се мислиш, дури и работите што ќе ги дознаеш немало да ти пречат до толку пошто ќе лебдиш дур си со него, ќе имаш пеперуди во стомакот, ќе ти зуеа ушите, ќе ти црвенееше лицето :$ со тоа ќе се замараше де :P


    :music:
    Been dazed and confused for so long, it's not true
    A-wanted a woman, never bargained for you.
    Lots of people talkin', few of them know
    soul of a woman was created below, :smoke:
    ....
    (Led Zeppelin)

    [​IMG]

    Зар ќе постоеја толку песни за ѓаволестата жена, ако жената беше до толку невино биќе, како што изгледа.
    Дури и тој невин изглед, некако доаѓа како џокер во ракав... лице светица, ум грешница бре ;)
    Жената според мене има премногу во себе, и сето може да го искористи до максимум за да постигне што сака кај спротивниот пол, независно за што станува збор.
    Само што е потребно да биде самоуверена, да си ги знае способностите и да знае како да ги искористи во своја полза. Секое не користење на истите би било според мене жално и наместо таа да е таа што ја креира и контролира играта да испадне таа играчката.
    Мислам дека за жал кај некои од нас тоа и се случува, забораваат на тоа колку имаат во себе си и колку повеќе можат, пак потклекнуваат и се задоволуваат со ништото, просто се откажуваат без борба за она што сакаат да го имаат и сакаат да го задржат.
    И да, секако си го користам, сепак тоа ми е едно од оружјата во трката со конкуренцијата од истиот пол :angel:
     
    На FBI му/ѝ се допаѓа ова.
  16. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    манипулација на одредени поединци да да и тоа како
    а ако "загризат" на мамката :lol: :rofl: (како еден од бившите)
    а фраерчињата се интересни за манипулација :$
     
  17. Yipman2

    Yipman2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2010
    Пораки:
    4.029
    Допаѓања:
    25.020
    Да де али кога мажите ке манипулираат онда војна доага

    не сте фер...



    ја кога ми пријде некоја девојка што е анџелина џоли ,ко кученце сум радосен (пред девојка ми само во мене се радувам ) и ке ме искористи нешо да и помогнам или тамо некоја глупост....


    не сте фер еј :fubar:
     
  18. Rock-a-Fella

    Rock-a-Fella Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2011
    Пораки:
    1.392
    Допаѓања:
    1.384
    Оууу да!
    Па глејте подоле потписот, па ќе знаете веќе дека нема што да додадам. :P
     

    Прикачени фајлови:

    На O.l.i.v.a му/ѝ се допаѓа ова.
  19. joelle

    joelle Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2010
    Пораки:
    1.117
    Допаѓања:
    2.366
    партнерот мислам дека не го манипулирам, имаме таква некоја врска а и он некој специфичен карактер што секогаш ги свртува работите и мислам дека немам шанса да го манипулирам.

    но кога сум без него нормално дека знам сите знаеме тоа ни е во крвта. најмногу манипулирав со машките додека бев на факултет и работев во исто време така да ми беше интересно и релаксирачки али не е онаа безобразна маипулација едноставно знаеш дека си му симпатична на некого и само здраво и како си да кажеш и одма не гледа ништо друго и може се што сакаш да направи лол.

    абе жена што може да ти направе тоа господ неможе ни да го замисле (така викат кај нас)
     
    На Sara123 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.809
    Не и не би ни сакала. Сум имала илјадници вистински причини да се одмаздувам, да манипулирам, да се однесувам како кучка, жал ми е, јас таква не сум.
    Мозочево ми е едно, животот такоѓе, не сакам да го замарам мислејќи и комбинирајќи како би испревртела некои факти и работи само за јас да излезам како победник и да си заминам без око да ми трепне.
    Фраеришта да, обожавам да им го спуштам егото, да ги треснам на земја со силата на зборовите, но не манипулирам со нив. Човек може всушност да манипулира или со глупави, или со наивни луѓе или со добри луѓе, кои имаат толку чиста мисла што никогаш не би помислиле дека всушност спротивната страна сака од нив да извлече само некаква корист и ќе ги шутне потоа.

    Не можам бре, не можам, колку и да знам и свесна сум дека некои примероци на спротивниот пол заслужуваат камшик и бесење за левото јајце на сред плоштад.
    За таквите помага нешто друго, од таквите ништо не сакам а уште помалку да извлечам нешто во моја корист.
    На 500 км од нив, чао, пријатно, игнор копче. Никад чула више и никад видела :)
     
    На RedWine, Sienna, O.l.i.v.a и 1 друга личност им се допаѓа ова.