Благодарение на таквите како тебе сум имал фантастични моменти на победа кога ќе се обиде некое девојче да добие нешто од мене со тоа вашето ЕЈ СРЦЕ СИ, АЈ ВАКА, АЈ ТАКА ТРЕП ТРЕП, мислејќи дека сите ние сме од ист калап. На крај секогаш повеќе уживам кога ќе ми кажат ЛЕЛЕ КАКОВ СИ ЕЈ, ПРАВО МУШКО ТАКА НЕ СЕ ПОНАША, али барем си знам сум останал верен на сопствениот карактер и одлично развиениот bullshit radar. Следеча?
Не сакам да манипулирам во своја корист од типот да бидам злобна, но љубам да си играм со машка психа, и не само со машката додуше, туку и женската. Сарказам и иронија, втора љубов. Смотани кои не ја разбираат и мислат дека со тоа сум кажала нешто добро за нив, пак трета. Често пати играта со психа ја користам за добро на другиот, затоа што имам обичај да се занимавам со инаети, па на ваков начин им го докажувам спротивното. Способноста и можноста да женскиот род може да го прави ваквото нешто, е голем плус и добитен поен за нас жените. Во било кое време, на било кое мсто. Некогаш од чисто задоволство, некогаш за да се посмееш, поиграш или да му докажеш дека фраер така не бидува.
кога ке имам шанси манипулиреам,а кога ке немам се трудам да ја создадам,мислам дека сепак мажите и не се некој тешки за да не можеш да манипулираш со нив,едноставно или ке биде вака или сносувај се последиците
Незнам колку би можела да го наречам тоа манипулирање, но сакам работите да бидат во моја корист. Сепак одбегнувам да играм игри. Некои машки многу си придаваат значење и не вреди со нив да бидеш целосно искрена, или да се однесуваш којзнае колку коректно со нив. Нормално, има и исклучоци кои ја заслужуваат мојата доверба и почит.
уфф...и тоа како ...маа кој ми е равен ? кога ми се пружи прилика, па зошто да не? дане е тоа нешто лошо
Да, да. Па секоја го прави тоа во умерени дози. Мислам оние кои се осетливи. Јас понекогаш уживам да манипулирам . Кога сакам нешто да добијам. Па жени сме сакаме да ни се исполнуваат нашите безвезални каприци, затоа и го правиме тоа. Но секако, во граници на нормалата
се разбира а кој не го прави тоа и тие го прават со нас,но во умерена доза се разбира во ова ако излезат работите од конрола тогаш зошто воопшто си со партнерот само за да манипулираш со него?па не ми треба и таков влечко благодарам
Уф,ако ние жените не манипулираме-кој Женска моќ...па еве и јас ќе си признаам дека си манипулирам за нешто во мој стил- знам убаво знам да ги извртам работите кога ми треба нешто се случи за некои ствари да се каам,но тоа е...сепак тоа било за ситници,не претерувам...знам неколку што на големо манипулираат,глумат цел живот па нивните мажи и дечковци уопште да не знаат какви се тие...до толку не,ама за нешто зошто да не,па ние го вртиме светот
Кога нешто ке намислам а тој не се согласува со тоа, е тогаш сум приморана едно убаво да ја извртам ситуацијата во моја корист и сам да го натерам да ми го предложи истото нешто, за кое претходно ме одбил. Да, манипулатор сум, ама само доколку не наштетувам на никој. Не би газела по трупови за да добијам пшто сум зацртала.
Не сакам многу игри и манипулации но со машки кои се замислуваат јаки фраери и манипултори - задоволство е да манипулираш
паааа... кога сакам да добијам нешто а не можам на ПОШТЕН и НЕМАНИПУЛАТИВЕН начин да го добијам, на сцена стапува ПЕПЕРТУКА90 манипулаторката ,и сето тоа изгледа фино и ненападно! Прекраснотии!
Манипулирам до тој степен да самиот посака да го направи тоа што јас го сакам без да го прашам. Или уште подобро, да мисли дека он манипулира со тебе, а всушност не е свесен колку е изманипулираn. Yes, it`s a cruel world
Најдобар начин е овој: - Да изманипулираш некој да направи нешто што сакаш ТИ, а тој упорно да мисли дека е негова идеја
со тие што заслужиле-ДА сум манипулирала. иако после ми било жал или сум се осетила виновна во некои ситуации затоа што сум знаела да претерам. ама мислам дека со тек на време почнав да се подобрувам па играм на карта ИСКРЕНОСТ
Мех, кај се докопав до темичево... Па ова ли се истите жени што мрчат за рамноправност, бараат искреност и што се жалат дека машките си поигрувале со нив? Епа karma's a bitch, зарем не? А јас упорно се чудам кога ќе видам како на поединки со леснотија им успева се` да си доведат до својата замислена перфекција и притоа да си трепкаат со ореол на глава и да го влечат типчето за нос дури овој ко овчичка во облаци си трчка по нив. Јас си имам навика да си кажувам директно што мислам или што ми треба и да побарам помош од оној кој навистина може да помогне во одреден момент, а да гледам некој грев како се мачи само затоа што си мисли дека тоа го прави срцуфка во мои очи, тоа ми доаѓа чисто како да му се потсмевам на интелигенцијата или на физичката/психичката „неспособност“ да го направи она кое јас „способната“ наводно не сум можела. А нели, не го прави она што несакаш да ти го прават тебе? И за понижување не ми треба манипулација. Ако не го поднесувам типчето, си имам посебен речник со кој си го искажувам моето незадоволство и е многу поефективен од манипулативното фрцкање. Така да, огромно НЕ! Со големи букви, болдирано и подвлечено. Подобро сама и со искреност ќе си ја постигнам целта отколку со титулата „Беспомошно женче“, и барем лично поубаво ми е кога ќе добијам коментар дека јас машки сум ја завршила работата, отколку да ми викаат „Ти си женско, нежничко, чек јас“ и ко демек јас ќе треба да се стопам и да се чувствувам важна, посакувана или што ти знам таму.