Убави се женските парфеми не викам не ама нежнички ми се некако сепак поубави ми мирисаат машките парфеми пошто се појаки и по секси а и не само парфеми мислам дека се што е машко ( и облека и патики и парфеми ) е многу подобро
Па ми се допаѓаат и женските и машките, но сепак кога ќе го осетиш тој машки мирис сепак е многу по убаво
Да да да да. Машкиот парфем ми е најубаво нешто, поготово јас кога мирисам на машки парфем иако не сум ставала.
Мн поубај се машките парфеми од женските, барем јас така мислам, а се надевам дека и мн др го мислат истото!
Машките парфеми се потрајни од женските, дури и оние не толку скапите што се, не би рекла дека баш секој машки парфем е поубав од женските, има исклучок за некој навистина ми се допаѓаат
машките секако - а верувам дека за нас женските посебно оние на дечковците претставуваат прави опиуми
има преубави женски парфеми, најјголем фаворит и го користам доооолго ми е Ричи Рич на Нина Ричи..но сепак навивам за машките .. има некоја сензуалност во нив.. што верувам ја чувствуваат сите припаднички од понежниот пол ..
Ухх, дааа. Како непишано правило е, мислам дека не сум сретнала женско што не обожава машки парфем, поготово на својот дечко, да го гушне и помириса или пак да се преправа дека ѝ студи за чисто од мерак да ја облече неговата тренерка која мириса преубаво.
Само јас ли не лудувам по машки парфеми? Мислам, сакам добар машки парфем и апсолутен плус ми е машкото да мириса убаво ама не можам да ги разберам женските што се прскаат со машки парфеми, не ми е воопшто убаво.
Машки парфем не постои поубаво нешто на светов. Мноогу ми се свиѓаат особено кога некое машко ќе помине покрај мене и ќе остави трага алал да му е кој го измислил
Да. Женските парфеми се, на некој начин изживеани. Секој ден ги мирисаме. Дали својот парфем, дали на некоја другарка, познаничка, влегување во некоја парфимерија па пробување на некој парфем... А, машките парфеми, се нешто...посебно... Па и самата појава на мажјакот + неодолив машки парфем =