Се е до личноста. Лично знам пример каде еден дечко кажуваше колку земала плата девојката која му се свиѓа и дека било малку а типот беше тогаш невработен. Едноставно од вакви личности без разлика дали се машки или женски
Постојат машки материјалисти исто како што постојат и женски. Можеби порано и ги немало толку, но во последно време ги забележувам се' повеќе. Лично ми признал дечко дека бил со мене само заради услуга која може да му ја заврши мојот татко Неколку пати ми се случило јавно, јасно и гласно да се стават на кантар мојата и неговата социјална положба, и дали ќе ни е полесно или потешко ако останеме заедно. Замислете само, сте излегле на кафе, вие си посегнувате по новчаникот да го почастите дечкото, онака без некој посебен повод и тој ви вели - Леле колку ми е мило што те најдов, ај части си вака постојано, да се опоравам од материјалистките во минатото! Романтика, а? (а ти што си во моментов, покрај сељак???) Да, ИМА МАШКИ МАТЕРИЈАЛИСТИ, од најбанални ситници како кафе и билет за кино, до вистинско искористување за нешто поголемо и покрупно.
Има машки материјалисти, како што има и жени, нормално. Дури понекогаш се запрашувам дали е можно машките да бидат и поголеми материјалисти?! Се почесто слушам за машки кои се со постари жени спонзорки, или за дечковци кои интерес имаат само кон парите или работата на таткото на девојката. Мислам дека сега во поново време, машките си бараат солидно легло, некоја на повиско или приближно социјално ниво, а не е лошо и кола да има, па и пијачки да части....
Сигурно има некое машко што е материјалист Во денешно време многу од машките си фаќаат побогати девојки, за да им купуваат коли,мотори, да им плаќаат одмори, да им даваат пари секојдневно(за поќер или слични глупости) .. срамота! Што е ова денес? Кој стигне вика: Te сакам! Ако и ги сакаш парите кажи: Ти ги сакам парите! А не и двајцата во заблуди живеат .. цц .. лоши времиња .. вистинска љубов ретко ќе најдеш, вистински материјалисти одсекогаш имало и одсекогаш ќе има.
Интересна темава... Како сте ја погодиле... Јас мислам дека машките се и тоа какви материјалисти, дури и поголеми од девојките. Значи има повеќе машки “спонзоруши“ од женски. Денес баш сите тоа гледаат и трчаат по пари, скапи автомобили...
Па секако дека има и машки материјалисти. Еден мој бивши другар трчаше по женски на кои татко им беше директор, мајка им наследила болемо богатство, имале низа бутици и бла бла бла. А да не ги заборавиме и женските кои се продаваат само за парите или за некој месец безплатно возење во скапиот мерцедес
Најлоши ми се тие, што се, ама се прават дека не се. Имам еден познаник што видел некоја девојка на ФБ и имала базен. Ми доаѓа следниот ден и ми вика да видиш колку убаво девојче најдов, со уште поубав базен.... ц ц ц. И му плеснав во фаца дека е материјалист, он не бе. Ми се згади од него, искрено.
секако дека се . од лично искуство ви кажувам. излезе онака како што јас предвидував. личноста ми се обрати за пари демек за заедничка цел биле!!!
Јас имав дечко кој се што правеше во животот беше џаболебарење и размислување од каде да дрпне некој денар. Паразит во секоја смисла на зборот. Беше таков, живееше исто како што живеат вошките. Не придонесува ништо а троши! Ми имаше и кажувано како бил со некоја ради пари, била богата и нон стоп му купувала свашта, де дуксери, де делови за компјутер, пари му давала и му купувала јадење! Кога го кажуваше сето тоа апла така без никаков срам, јас молчев и собирав. Кога раскинавме и почна да ме навредува му кажав дека е Спонзоруш и таков ќе остане! Исто живееше и на мој грб и на грбот на моите дома. Не му беше срам и од нив да се гребе по некој денар. Ама така знаеше учтиво да се упика и да ти влезе под кожа, професионалец во неговата работа! Таков материјалист каков што една девојка никогаш нема да биде. Не дека нема и девојки материјалисти. Овој беше врв! Неможеме да генерализираме. Постојат девојки на кои не им е битно кој дечко колку пари има, а постојат и онакви на кои им е битно и те како. Па не идат они со клошари што немаат кола и мотор. Исто и кај машките. Постојат онакви кои сами се способни да си заработат, постојат и такви какви што опишав, како мојот паразит од дечко(бивш). И да искористам приликата да го поздравам со песната... http://www.youtube.com/watch?v=iZB4YQa-m1E
Потполно се сложувам со мислењето на гордана 10 точно така е.И едните и другите се исти ретко кој размислува за убавината на заедничкото живеење.позз.
Некои се материјалисти и се задоволни со својата девојка ако таа части пијачка,облека,вечера... други пак се гребат за станови и луксуз! Мој прјател во присуство на неговата идна жена со доста сериозен израз на лицето и голема доза на озбилност во неговиот глас си се изјасни дека -нејзините треба да купат стан, или ако веќе не можат да купат стан тогаш требало да го спремат станот комплетно со мебел! Не примал тој дома жена со куфер облека, туку требало и ќеш пари да донесе, пари кои нејзините родители ги заштедиле за неа! Девојка му се изјасни дека нејзините имаат планови да купат стан,но пред сите му кажа дека јавно ја разочара бидејќи приоритет дава на нејизнта финансикса состојба а не на нејзе како карактер! Морав случајот јавно да го раскажам бидејќи ме убеди дека материјалисти има полно и не се срамат од својата лакомост и лекомисленост! Чест на исклучоци кои се помалку ги има!
дефинитивно СЕ материјалисти, имам многу лични примери и примери на другарки мои, просто човек да остане зинат..... од таквите веднаш бегам зашто едноставно разочаруваат.... контактирав со еден дечко скоро еден месец и во тој месец 3 пати ми се случи да кога ќе искочиме во град, на кафе, пијачка што било, на крај јас да си ја платам сметката, затоа што дечкото „забораваше“ да извади пари од картичка од банкомат, два пати се случи да дојде и другарму, да пие со нас (нормално нели кога излегуваш во град), при тоа да си оди порано (за да не оставел на само) и на крај повторно немал ќеш со него, заборавил да извади пари од банкомат неколку пати го враќав од град јас дома, и им се фалеше на другарите дека сум ставала бензин за да го носам до дома, ужасно лошо и потценувачки, се чудам како и издржав цел месец со него, едноставно ми се од вакви личности, било мажи да се било жени, одвратно грозно и мизерно..... не е ни за 200, 300, 1000 денари, но кога ќе осетиш дека некој намерно се однесува така ти се крши филм максималноооооо среќата и убавината не е во парите дефинитивно, секој сака убав и лагоден живот, нема некој што ќе рече : ја сакам во сиромаштија да живеам, но да се ставаат вакви неморални, неразумни и ниски приоритети пред се останато е стварно ужасно..... нажалост се повеќе се ваквите случаи, може тоа е резултат на нашата економско социјална средина, но нема оправдување за ваквите однесувања.....
Едно големо ДА,како женските така и машките се материјалисти.Денес сите се во трка по моќ и успех.Па таа желба преовладува игнорирајќи ги останатите чуства.Каде отиде љубовта?Љубовта изгледа денес и ја нема во повеќето врски,со исклучок на некои.Се е интерес и корист.Знам многу случаи кај што машкото ја искористува својата девојка.Ја уценува пари пари од неа за превоз,за частење...и за се останато,секако ако девојката стои добро финансиски.Не изостануваат ниту женските.Навистина ова ми е одвратно.Значи не се цени и почитува личноста на човекот,туку се гледа неговата вредност,материјалната.
мислам дека подеднакво се материјалисти и жените и мажите, тој шо си е материјалист ќе си биди, нема врска дали е машко или женско
Што ги прави мажите поразлични од жените? Како има од едните има и од другите материјалисти. Не се сите исти. Сум имала и материјалист и не, но сеедно не се тие криви, ние сме криви што дозволуваме некој да издржуваме. И мажите и жените се спозоруш,и зошто има кој да ги спонзорира, да нема ќе си работат.
Освен мојот случај тука е и на другарка ми со нејзиниот бивши кој и зеде на заем 30 000 денари и плус I-Phone и не и врати ништо. ПАрите и беа собрани од матурската. 30 000 денари во неповрат