1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дали машките се материјалисти?

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од suGarBaby, 14 февруари 2010.

  1. velesanka

    velesanka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2009
    Пораки:
    2.535
    Допаѓања:
    2.427
    aуу познавам еден тип кој мислам дека додека одеше со едно девојче она се му плакаше буквално, пијачки, јадење надвор од дома, ако типот сакаше да уплати спортска пак она му даваше пари..не дека девојчево беше кузнае колку побогато од него само си кратеше од нејзините потреби за него да му удоволи...

    иначе да има машки материјалисти и во последно време се во пораст...
     
  2. Yipman2

    Yipman2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2010
    Пораки:
    4.029
    Допаѓања:
    25.020
    хмм

    на машки форум читам само женски биле материјалисти со нивните барања
    и наведени примери како се гребат за коли и пари и др.


    додека на женски форум читам дека машките биле материјалисти со нивните барања
    и наведени примери како се гребат за коли и пари и др.


    на кого да се верува ..... :sweat:
     
  3. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.166
    Допаѓања:
    26.994
    На двете страни и на оние кои кажуваат од искуство. Јас во моето мислење напишав дека постојат машки материјалисти и дека неможам да кажам дека не постојат и такви девојки затоа што не е така. Сите гледаме што се случува. Нема ништо посебно различно од машки особини и од женски. Луѓе сме, сите функционираме на сличен начин. Борба за опстанок. Е сега некои таа борба ја гледаат на тој начин, да се гребат и да живеат паразитски. А други ја гледаат преку тоа што сами ќе си обезбедат услови за живот на свој грб. Неможеме да генерализираме дека само машките или само женските се материјалисти. Постојат битно, без разлика од кој пол.

    Единствената разлика помеѓу машко и женско е тоа меѓу нозете. Ништо друго.
     
  4. Tenna

    Tenna Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 октомври 2010
    Пораки:
    305
    Допаѓања:
    331
    Ех,убаво било порано.Мажите си барале жени со убав и здрав изглед,а со тоа плодни нели :D да му роди деца и да ги гледа,а жените барале маж кој е способен да се грижи за неа и за семејството и да обезбеди се што е потребно и точка.Али сега,напредно време,и нормално не може времето да оди напред,ние жените да се еманципираме,а мушкарците да тапкаат во место..се свестија и тие :D Секој си бара бре девојка за него,да е поткована ,па и таа да придонесува,зашто само он да се пати? :lol: Ии,иако ова го кажав со малку иронија,кога ќе се погледне подобро реалноста е таа,и според мене сето тоа е наметнато од самото општество кое материјалната состојба високо ја вреднува и го изразува тоа најотворено.
     
  5. specificone

    specificone Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    539
    Допаѓања:
    836
    Во воведов на темава пишуваше дека као демек познато било дека женските биле материјалистки.
    Да не се лажиме не е на одмет едно Ламборџини, куќа со незнам колку спрата, гардерова Армани,Диор... ама верувам дека секој истото секој го сака без разлика дали се работи за машко или за женско ама едно се желбите а друго можностите.
     
  6. Yipman2

    Yipman2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2010
    Пораки:
    4.029
    Допаѓања:
    25.020

    сеа се согласувам за опстанокот но не е све да гледаш за себе ...

    ако има "паразити" у твое друштво или дечко/девојка или било кој би можела барем у 4 очи да му кажеш да му помогнеш таа навика да ја острани , да пробаш (не со зборови од типот промени се или нема сех или ке те тепам или .....) него со убаво

    ако не го бидува така ок онда си направила што можеш

    али не е работата гледам на повеке теми
    само оцрнување и напагање овој овака оној онака , мислам сите се луге сите имаат слабост и можат да се променат ако се обидеш да помогнеш

    плукање и оцрнување и газење по лошото , само ја влошуваш ситуацијата и паразитите се множат....

    ја од секад сум помагал на другите иако имале лоши навики , и ке помагам па и да ми штети на некој начин
    некогаш успевам , некогаш не....
     
  7. GeorGinnA

    GeorGinnA Популарен член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2010
    Пораки:
    667
    Допаѓања:
    2.007
    А зошто па да не? Едноставно има луѓе без разлика дали се мажи или жени, кои се програмирани да живеаат паразитски живот и обично таа етикета им ја лепат на жените ко да маживе нејќат пари,егзотични одмори и сл.

    Искрено имав прилика да запознаам неколку такви и дури се запрашувам дали се они тие "лошите" или сепак и девојките кои им овозможуваат да ги молзат треба да си стават малку прст на чело?

    Од секогаш имало а богами и ќе има такви и мажи и жени,за некои едноставно парите се примарен и пресуден фактор во животот,па по цена и да се газат сите можни морални начела и принципи
     
  8. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.809
    Има т.е. се. Не сите, ама ги има, а се плашам дека такво време дојде што машките веќе ја губат онаа да не речам заостаната и традиционална улога на „оној кој треба да се погрижи за семејството“. Полесно им е да си побараат девојче од добра фамилија, разбирај девојче со дебело сметче во банка, куќа, стан и кола се во пакет со понудата нели. Љубов не ги интересира. Ама знаат да сакаат вистински и искрено, од се срце бе души тие - се сакаат само СЕБЕСИ. Газат се пред себе, чиниш имаат вградено сензори за богати и за жал наивни девојчиња па прават се за да ја убедат во вистинска љубов се со цел самите себеси да си обезбедат убав и пред се удобен живот.
    Еј, не ми треба да бутнам два прста во грло - автоматски ми се згади од вакви индивидуи додека го пишував ова.
    Не велам дека спонзорушите ми се симпатични, ама да речеме дека за девојчиња ми е поприродно да ги гледам дека бараат добро ситуирани мажи. Ова маживе, пардон мажињава - мачо типови, као демек фраери, па јао бејбе колку те сакам, ваква ко тебе не сум сретнал во живот, патем тато што ти работи? итн. итн. така некако ми го дигаат желудникот. Ете - денес веќе втор пат :)
     
  9. K.e.ll.y

    K.e.ll.y Популарен член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2010
    Пораки:
    580
    Допаѓања:
    362
    Аууууу нема врска,зависи од човекот,не викам дека нема,ги има секакви,ко што има женски материјалистки има и машки,ама ја сум среќна што во моја околина нема некој таков пациент
     
  10. Fearless

    Fearless Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 септември 2010
    Пораки:
    944
    Допаѓања:
    1.344
    Не знам зошто ги делите на машки, женски. Се си е до карактерот, и секако дека има и машки и женски. Личности кои чекаат се на готово, и не се срамат да живеаат на туѓ грб, наместо да заработат некој денар. Како знаат да се пикнат под кожа, тоа е страшно. Ако си го имат тоа во себе, ич не менува полната разлика. Самата помисла дека некој те гледа во пари, наместо тоа што си мене ми е застрашувачка. Сум била сведок на такви материјални искористувања и од машки и од женски, и ми се гади од такви личности :puke:
     
  11. praski4e

    praski4e Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 август 2010
    Пораки:
    644
    Допаѓања:
    370
    Пол:
    Женски
    Не правам разлика меѓѕ машки и женски.Постојат и машки материјалисти што се гребат кога ќе се закачат за нешто не се откачуваат.Познавам еден таков не ни знам како да го наречам од тоа што е одвратен лицемер на сите им се улизува а го знаеме неколку луѓе каква му е намерата.Еднаш ме ни се јави да не викне неколку души во едно кафуле демек мн било добро журка се спремала дамо за да го пребациме со кола кога ке си одиме да не иде пешки.страшно се гребе за се и сешто ова што го спомна е само ситница.
     
  12. fighter

    fighter Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2010
    Пораки:
    1.249
    Допаѓања:
    2.485
    МАЖИТЕ СЕ ПОГОЛЕМИ МАТЕРИЈАЛИСТИ ОД ЖЕНИТЕ
    ова го тврдам од искуство!
    Страшно ги интересира (се извинувам на ретките исклучоци) дали девојката е добро ситуирана, односно дали поркај неа ќе можат да си „тераат зимски сон“.
    Некои тоа го прават „оправдано“ односно и самите имаат доста капитал па сакаат да се со ним „слична“ , ама има некои т.н. „легачи“ кои ги интересира само што ќе добијат доколку се заедно со таква добро ситуирана девојка, која ги части, им купува се што сакаат, ги носи на одмори на нејззин трошок...и др.
    Искрено не им завидувам воопшто не богатите девојки...околу нив еден куп МРШОЈАДЦИ
     
    На Miss666 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. teddybear

    teddybear Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    2.679
    Допаѓања:
    10.370
    Не е дека се поголеми материјалисти.
    Има и девојки и мажи материјалисти.
    Сите сме луѓе не има секакви.

    Нормално дека ако е машкото мрзливо и неодговорно а доволно снаодливо романтично и убаво за да најде девојка што ке го издржува нема да ја пушти од раце.
    Тоа не треба девојката да го дозволи.

    Искрени да бидеме има и многу девојки такви. Па не може да се каже кој е повеќе материјалист.

    Уште поискрено јас никогаш не би имала таков дечко а не пак маж : Да сака пари а да не сака да го стегне газот, Неодговорен и мрзелив. Не сакам да ми платат кафе, а не па да ме издржува некој па не дај боже некогаш таму да ми пререче. Господ ми дал две раце и памет сама да се снаоѓам и како што не сакам да ме издржуваат не ни сакам некого да издржувам,и нема да му дозволам јас да работам и чувам деца а тој да седи на троседот кој ке има дупка од неговиот газ да пие пиво и да гледа пензионерски емисии. На секој така му одговара ако му дозволат и има некој да рмба место нив. Работата е како и другата страна ке се постави 8)
    Затоа за се во животот се отвараат четири очи за да не си речеш понатака во животот ех да постапев така ... Е касно ке биде.

    Се распишав јас :tmi:
     
  14. Srekicka

    Srekicka Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2010
    Пораки:
    1.863
    Допаѓања:
    2.846
    Точно дека машките се поголеми материјалисти од жените.
    Другар на дечко ми идеше со една девојка и си се муваше со друга, на крај и раскина на девојка му, затоа што мувачицава имала кола, пари, татко и бил директор...добро му викам па ти не ја сакаш неа, па што ми вика, нема да гледам љубов, битно животов да си го проживеам... :o :x
     
  15. Sephora

    Sephora Популарен член

    Се зачлени на:
    5 декември 2010
    Пораки:
    2.690
    Допаѓања:
    4.481
    Maшките се материјалисти или не?
    Се. Дел од нив. Исто како што и дел од женските се материјалистки.
    Такви има и во едниот и во другиот пол, иако одреден стереотип посочува кон жените и само кон жените. :)
     
  16. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.629
    Допаѓања:
    21.963
    Пол:
    Женски
    Па да, мажите конечно се “освестија“ и си рекоа „зашто само мене да ме дерат кога можам и јас нив, зашто секад медицинската сестра да го фати докторот а не некој болничар-докторка и тн“. Јас би кажала на ова: тражили сте, гледајте. Ете тоа направи таа борба за еманципација на жената, жената се пикна во секоја можна институција, жената има право на ова, на она, со други зборови, жената стана способна да направи голема сума на пари без потреба од финиансиска поткрепа од маж и нормално тоа доведе до зголемување на бројот на “машки спонзоруши“. Ми кажуваа за еден манекен, модел, whatever дека одел со некоја 50 годишна и оваа му купила кола, го носи по одмори, го части и тн. Но, како што не сите мажи наседнуваат на спонзоруши, исто така постојат и жени кои не “паѓаат“ на вакви типови. Мислам, маж ми има еден другар, незз зашто важел за убав ама мене ми е одвратен, свиња дебела :puke: и вика тој еднаш, а џабе, ако таа нема свој стан, ако нема кола или е невработена, нема теоретски шанси да се земам со неа. Јас пак, ко шо сум си Калимеро, ни три ни четири, не издржав и му спукав „па затоа чиче маваш накај 40ка а никоја не те сака“ :lol: После тоа мм ми се налути у стил која сум ја на прво видување да му речам така на другар со кој се знае цел живот (шо да праам бе, невоспитана низаедна кога сум :rofl: ), ама eтe таква сум :lol: После самиот увиде дека ми се испонаша без причина и си рече „па не излажа нешто, така си е.“ :lol:
     
  17. NoellePage

    NoellePage Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2011
    Пораки:
    910
    Допаѓања:
    1.767
    Што се’ не ќе види човек. Материјазимот постоел и како што гледа се повеќе и повеќе постои. Примери колку што ти душа сака.
    Моја другарка идеше со дечко и тоа се некако напред-назад. Се’ им беше погодено, кликаа како путер на леб,ама он секогаш некако како да кажам, како воздржан, мислам се приметуваше во друшто, бааги што сум полиграф на две нозе и ништо од таа невербална комуникација и говор на тело не ми бега. И и’ викам еден ден, женска, да не мачи нешто? И она си се отвори и вика супер е се, ама он некако изгледа се распрашувал за мене, т.е за моите , од каде се како се, и изгледа како да не му одговараат моите на неговит статус. Од кај па знаеш и викам? Она го слушнала на телефон со мајка му како зборат и нејзе не и одговарало. Зашто они биле некој и нешто а нејзините обични смртници, чесни работници. А она зацапана у него, му се даде со се“ што имаше а он као никад ништо да не било. И ајде сега најди крај... НЕ знам дали од дома на некои ги потковуваат или сами се градат во тој стил,ама тргично е што упорно младинава оди се натака...
    Мене ми се случувало да се гребат од мене за све и свашта, али врв беше и реков стоп. Ма иди у неповрат, сами збирајте си трошки.
    Тоа за машкиот дел. А за женскиот исто немам пофалби чест на исклучоците. Една типка у град, у фазон најјака
    пичица
    , си фати едно богато муле и го молзе и моделира како што она сака. И викаат лепота шта ти ради...Ама изгледа не знаат дека лепота је пролазна ствар, и дека кога се’ ќе избледе остануваат голи до коска....Животот е кучка...ако не си еден чекор со мислата понапред, најебао си
     
  18. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    ни јас не познавам некој таков дечко
     
  19. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    за во Европа сум слушнала да, ама за Македонија прв пат слушам за ова
     
  20. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.071
    Според мене сите сме материјалисти. Нема некој кој не сака парички бе - факт. Сега не зборам за одење во крајни граници тоа да ти примарна цел и да газиш се друго.
    Секако дека и машките можат да бидат материјалисти. Познавам такви што уживаат да зависат од девојката, да живеат на незин трошок. И девојки што уживаат во тоа да му бидат спонзорки на дечкото.
    Имам другари на кои им е тоа пресудно, девојката да е позната фаца во градот, да има пари, да биде облечена по најнов тренд итн...