Бреее ама мразам вакви теми со генерализирање.Што демек не постојат жени материјалистки,што душата ќе ти ја извадат со памуче додека да стигнат до тој статус што го посакуваат.Ги има денеска таквите на секое ќоше.Има и многу прикриени и искусни што без да се свестиш си стигат до она што сакаат.
За жал, ги има многу повеќе отколку што мислев дека се... Тоа е жално.. Сега ми се чини дека и повеќе од девојките се загрижени за женење со некоја си парајлика и прават се да стигат до тоа... Познавам случај што дечкото се сврши со една ептен добро ситуирана женка и после мал период го остави зошто не и ги пружал условите кои таа ги имала кога била кај татко и и мајка и.. Луѓе, жално е.. Што се парите во споредба со искрената љубов, среќата, насмевката? Нула..
Нема да признае дека е со неа заради пари и комодитет кој таа му го пружа а за кој тој сонувал и е убеден дека би го имал и без неа само е прашање на време де...да го дозаврши факултетот...еве сега уште некој месец кај и да е ќе го унапредат на работното место...Мислам работата е што тој и онака ќе беше богат само што таа се појави порано...А таква тој заслужува, не богата, нели рековме не е со неа заради тоа, туку таа има стил, класа, знае што е добар провод, добар ресторан и квалитетна патика и не се замара за тривијалности..И пак ќе повторам-не е заради парите-таа ќе беше таква и да немаше пари, а исто и тој ќе беше со неа во истиот случај, само ете за беља се погоди богата...баш така... Не генерализирам, само си опишувам еден случај во близина...
Мажите биле материјалисти? Па поголеми материјалисти од жените во современово општество има ли?! Ццц мажите биле, предлагам да си погледнеме прво во својот двор, значи нема тука маж-жена никаква генерализација човекот како човек без разлика на полот и никаква друга диференцијација е материјалист или не е. И . А ако некој рече дека мажите биле, па можам да кажам дека најголемиот дел од нив можеби изгледаат така трудејќи се да ги задоволат потребите на жените фактички.
Не сите, ама како што има женски спонзоруши, така има и машки - цел живот ги учеле да си најдат богати женски со многу имот и пари, за да не мора да се мачат тие да создаваат, туку се да им дојде на готово. Зборувам од искуство со таков.
Според мене повеќе женските се матријалистки околку машкиве ама до душа има и машки и женски само што според мене е дека поголем процент се шенскиве .
Факт е дека нема некој што несака пари. Ако му се пружи можност незнам кој не би го искористил тоа кога би имал можност. Ова секако зависи од глупавоста на оној кој има пари, ако му дозволи ќе го користат, ако не нема
Јас мислам дека како што е дојдено времето машките се поголеми материјалисти од нас, жените. Ние кутрите сеуште се надеваме дека постои некој кој ќе не' сака бе оглед на се' и кој ќе не прифати такви какви што сме, па уште да сме презаљубени во него доволно е да сакаме да бидеме со него по секоја цена. А, машките, барем според мене и не сите, размислуваат малце поинаку. Тие се спремни да се ожена со која било, а притоа да стекнат било каков статус "над нивоу", на пример ако тате нејзин е јак човек, директор, кој плива во пари. Многу случаи, јас лично познавам кога машкото с жени со некоја од странство само за да замине и тој таму, за бољи живот, нали?! Многу глупави, според мене, сфаќања! Би било фино да не постојат такви ждерови, ама за жал, никнале и тоа бааги!
па нема врска тоа машко женско, зависи од човекот колку е материјалист и да признаеме сите сме материјалисти сакале или не, ама кој колку има граници е друго
Имам прв братучед како примерот што го опишуваш. Ама знам и женски што го прават истото. Јас пак мислам дека повеќе женски се такви. Но сепак, индивидуално е.
Има голем број на материјалисти во денешно време без разлика од полот. Машко - женско, сите тие имаат иста цел, да најдат некој со средства и да си се залепат за него како некој крлеж, па да пијат, да пијат да се препијат.
Јас мислам дека тоа не зависи дали си машко или женско туку зависи од самата особа. Подеднакво се и машките и женските. Ги жалам ваквите особи... цел живот тршаат по пари, и не забележуваат дека има и повредни работи.
Тотално.Слушнале дека женските се спонзоруши па мораа под итно да урамнотежат состојба, за да не дојде до дискриминација и сето тоа.