Па има и такви мажи кои се материјалисти, не велам не, но во споредба со нас жените, ние сме многу поголеми. Денес се и сешто прават луѓето за да стигнат статус „над нивоу“ како што кажа Лепааа. Се женат/мажат за странци само за да се мрднат од Македониичкава и да живеат со некој/а која спие на кеш, та за да земат имот стапуваат во брак и се разведуваат, во врска се со некој/а за да им купи јака кола, да ги части најскапи пијачки и сл па да ја/го откачат, какви ли се далавери се прават за пари, не за џабе викаат „Парите го вртат светот“. Веќе се повеќе луѓе се материјалисти, се заборава на вистинските вредности кои не можат да се купат со патри.
Некогаш важеше она дека жените се материјалисти, ама како растам се уверувам дека мажите ги надминаа жените во однос на оваа констатација и се надминаа и себеси во идиотизмот, секако со чесни исклучоци и кај двата пола. Се фрапирам кога ќе видам било во диско, било на разминување по улици , за во кафич незборам- бидејки прво на маса се става телефонот и клучевите од кола и сите се зверат во нив, ама за првиве, посебно при разминување , како машкиве прво зјапаат во телефонот во рака па потоа во фацата... Ако те види добро скоцкана, со јак телефон и автомобил, прошетана, одма станува пријатен со тебе, те гледа со поинакви очи. Дали машките се материјалисти?- Да, и тоа големи!
Нормално..Шо има разлика помеѓу мажот и женета??Освен надворешниот изглед..Како што има жени материјалиски ,така има и мажи
Тоа ти е исто како мојата мачка да ја споредуваме со куче... само надворешен изглед им е различен се исто... (има и исклучоци од двете страни)
Не е до полот, до човекот е Како што има девојки кои се летаат по пари, моќ и социјален статус, така има и машки. Исто така морам да го спомнам моментот, на кој верувам сите сме биле сведоци, кога дечко не сака ни да погледне девојка која е посиромашна од него, без разлика колку е паметна, убава, забавна и неспонзоруша! Ако тоа не е материјалист, не знам што е
Кај нас сеуште е табу темава.Инаку реално во денешно време,поголем број машки стануваат 'спонзоруши'. Има многу случаеви кога машките 'дозволуваат' девојките да ги частат, ги шетаат, им купуваат гардароба, ги носат на одмори.. Спојлер Така кажано во поблага форма,инаку ме асоцираат на жиголо Инаку конкретно јас не сум се најдела во таква ситуација,најверојатно не е осетил дека добро стојам финансиски и дека можам да го финансирам
Па зависи кои...Како што сме сите различни така се и тие..Мм не е таков не ни знаеше кај живеам колку пари имам едно друго ниту го интересираше.. Инаку мразам такви мажи
Kakvo e ova prashanje ej? Sekako deka da -.- mazhite se ogromni materijalisti I toa skroro site. 1 godina odam so dechko mi I kolku povekje go zapoznavamm gledam deka ne e materijalist I znaete zoshto ? Zatoa shto negovite prijateli se materijalisti u srzhta. Neznam kako podobro da vi objasnam . Eve primeri nekolku postojano baraat pari od dechko mi I nekogash ne mu ni vrakjaat *Ne si kupuvaat cigari po cel den pushat od negovite *se toa se sluhuva koga toj kje zeme plata a na krajot na mesecot voopshto ne ni sakaat da izleguvaat so nego . Somnitelno neli? Sekako ima I iskluchoci kako dechko mi. Ne velam deka e sovrshen no ima mn dobra dusha I sekogash e tuka za prijatelite koga Im treba(a sekogash im treba) sum mu kazhala nekogash za taa rabota no toj ki veli sa ne se grizham deka toj znae shto pravi pa sega kje mu prepushtam nemu
Да материјалисти се. Колку пати сме биле сведоци дека некоја убава девојка била исмеана од машко и потценета само затоа што е сиромашна. Во денешно време се гледа само интерес.
И тоа како се материјалисти. Дечко ми искрено не е,не дека ми е дечко,но навистина не е. Сум имала дечко кој навистина не се поднесуваше. Така и тие гледаат денеска од каква фамилија ќе биде девојката. Без навреди,но ако е сирмашна никој не ја погледува.Нема пари за излегување,за облека и сл. Така да како што има девојки кои одат од корист има и такви машки. Не само од корист-може да му се допаѓаш,да те сака и се,но тој и материјалното го гледа. Како и повеќето женски.Која би сакала да отиде во сиромашна фамилија? -Верувам дека одговоров на ова прашање е никоја,колку и да го сака,не верувам дека некоја толку ќе се жртвува,освен ако има приходи од своја страна. Искрено,јас по богатство не трчам воопшто.Сакам дечко кој ќе ме сака и ќе го сакам,но како што реков ќе си гледате некој според своите можности.
Како што има женски така и машки.знам за еден што сто пати се скара и се смири,се и простува затоа што татко и и мајка и не знам кој биле.жално е тоа што и тој има,ама на сите им кажува дека за парите било.немам коментар за ваквите
Ако девојките се материјалисти,зошто да не се и машките? Секој сака да има поголеми приходи за поубав живот.Но,свесни сме дека сите не може да бидеме богати.Па,тие што се алчни и завидливи,неможејќи да ја прифатат сопствената ситуација,се впуштаат во потрага по љубовен партнер кој ќе може тоа задоволство да им го пружи.Понесени од задоволување на материјалните желби,ја занемаруваат емотивноста,па разделбата сама по себе се случува...
Охооо и те какви материјалисти се.Препредени,си бираат си темпираат која да ја ќарат.А на крајот секогаш ќе остане муабетот дека жените се најголеми материјалисти и гледаат богато да се омажат.
Кај машките од некогаш егото функционирало на начин, алфа-мужјак тој да биде оној кој ќе ги сноси "трошоците" (во секоја смисла на зборот), или барем поголемиот дел од нив, но во последно време упознавам и такви кои практично живеат на сметка на своите девојки односно "пријателки", и од тие причини го зачувуваат тој однос во кој се, и се обезбедуваат. Значи, како и девојките, така и момците знаат да прибегнат кон материјалното.