Колку се глупи ваквите генерализирања. Нема врска дали си машко или женско, не може ни да се дискутира на темава.
Има и такви. И тоа се повеке. И до некаде сфакам ако и тој е богат да бара таква што ке му парира, може да не ја сака, ама да тврди обратно. Е тука зависи од девојката дали ке дозволи да ја заведуваат со романтични приказни. А оние шо трчаат по побогата од нив а тие немаат ништо да понудат, мислааам стварно, ептен е очигледно што е работата, да не се лажеме. :geek:
Da ne generalizirame,DA,ima maski materijalisti,kako sto ima i zenski.Do skoro mislev deka toj broj e mal procent,ama ne bilo taka.
Се повеќе има машки материјалисти. Мене ми е многу глупаво кога на прв состанок дечко ќе ме праша колку плата земам. На што личи тоа?И таквите си добиваат клоца, се знае...
Па јас мислам дека ако машко планира нешто со тебе, си ја гледа иднината со тебе и сака да биде со тебе нормално е да те праша како стоиш финансиски. Не знам зошто се вознемирува некој кога ќе го прашаат колку плата зема, колку земаш толку, некој зема уште помалку, а некој повеќе. Ако те праша колку плата земаш не значи дека е материјалист, ако воопшто не работи и ако сака ти да му даваш пари е тогаш веќе е друга работата. Машките не се толку, колку што се спонзорушите, а такви има колку сакаш.
Зависи до човекот, а не до полот. Иако гледам дека машкиве се опседнати (зарад жениве) да бидат материјалисти, да имам појак мобилен, кола, за да се покажам, да заведувам. А, жениве се материјалисти (зарад маживе) види ми ги штикливе, новава јакна, уф колку јака сум бате (за да заведат и да се покажат колку се згодни, богати и најубави принцези), и башка уживаат да бидат возени во јаки коли, да седат на маса со јаки дечки (со материјалисти де). И сами си го загорчуваме животот. Парите доаѓаат и со одат, човечноста треба да остани.
Не, ако мислите дали машките одат со девојките од матрејална корист мислам дека тоа не е случај или барем не во таков обем кога се работи за обратна ситуација. Мажите барем голем дел од нив се палат на згодна девојка а не на богата, сите ние знаеме некој пример каде наводно машкото е со деојката од матрејална корист но во глобала ние жените сме матрејалисти за мој вкус премногу. Во последно време гледам другарките како да не ги интересира како е човекот туку веднаш гледаат каква кола има, дали има Ајфон..... Јас лично внимавам и на матрејалниот момент но не премногу. Да повторам. Не, не се машките матрејалисти или барем ниодалеку како што е тоа случај со нас девојките.
А зошто материјализмот би бил само женска особина? Појавата е застапена подеднакво кај двата пола само што амнифестациите се разликуваат.
Јас мислам дека материјализмот нема врска со полот, туку со карактерот на личноста. Некои се, некои не се.