Uf sekako deka maskite se materijalisti! Sekoja cest na iskluchoci, no takvite se vo proces na izumiranje.
Секако дека се и тие материјалисти ,ама не си можат со нас жените додуша чест на исклучоците ,ама познавам многу машки кои зедоа секакви жени,постари од нив или болни само за да заминат странство,тоа е се за подобра иднина демек, ако тоа не го прави материјалист човек тогаш кој? исто познавав еден дечко што и беше на другарка ми ,чекаше таа да му го плаќа кафето и пијачката,е..е мажот
Има материјалисти и машки, и женски. Воопшто не е чудно да се сретне и маж материјалист, посебно во денешно време.
Кога отварате теми со прашањето ДАЛИ, нека не ве мрзи да ставите и анкета, за да можеме полесно да го видиме јавното мислење на форумов по прашањето.
Не сите. Не да се фалам ама убаво е кога сам стекнуваш или стекнуваш со помош на партнерката. Многу почнале од "тридесет квадрата", голем дел од нив развиле бизниси и голем дел од нив создале среќа, љубов, живот полн со радости. Колку и да изгледа бајковито, возможно е. Додека пак, влегување "во медот" мислам дека на крај завршува фатално бидејќи сѐ што е од материјалистички амбиции, пропаѓа.
Не би можела да генерализирам на темава. Познавам и мажи и жени материјалисти, а познавам доволно такви кои не се (или барем не толку истакнати ). Настојувам да немам многу близок контакт со такви луѓе. Да, парите ни се важни на сите, но лично за мене не се центар на светот.
Да бидеме реални. Материјализмот поретко се сретнува кај машкиот пол. Позастапен е кај понежниот пол. Сите го знаете тоа, џабе да се тапшаме по рамо дека не е така и се зависи од човек. Да, се зависи од човек. Но и двата пола се склони на одредени нешта. Еве на пример нема шанси да изедначиш и споредиш сексуално предаторство помеѓу мажи и жени. Секако дека е позастапено кај мажи..
Сите луѓе се материјалисти, нормално е.Не ми е јасно само зошто толку негативна конотација има зборов, како да има некој што сака да живее од воздух...
Искрено, идиотско ми е да мислиш/кажеш дека едниот пол е повеќе материјалист од другиот. Буквално нема логика, на кој начин полот влијае врз индивидуалната желба за материјалните нешта? Не, не мислам дека мажите се повеќе материјалисти од жените, ниту пак дека жените се повеќе материјалсти од мажите. Прашање е на карактер, воспитување, средина на живеење, искуство, лична дефиниција на вредности, итн. Според мене, на пример да посакуваш да имаш сопствен дом, не те прави материјалист. Да посакуваш да имаш кола зошто животот ќе ти се олесни, не те прави материјалист. Да посакуваш да имаш мобилен за да комуницираш со луѓе, да фотографираш, да слушаш музика, не те прави материјалист. Да сакаш да имаш добар пар чевли за да не ти студи, не те прави материјалист. Според мене материјалист си ако имаш 5 пара чевли, и посакуваш уште други 5. Ако имаш сосема добар мобилен, а го посакуваш новиот што само што излегол. Што посакуваш часовници, накит, шампањ, но исто така и 50та шоља за кафе, 10та крема за лице, 3ет пар слушалки, итн. Да нагласам: не велам дека тоа е лошо. Кој што го задоволува и прави среќен, нека си прави. Само велам дека за мене материализам е кога - без разлика колку нештото чини, без разлика дали е скапо и луксузно или ефтино и баналано - ти постојано купуваш и посакуваш нови материјални нешта, иако имаш еден куп стари кои се сосема океј и корисни.
Колку само не си во право, во последно па време мажите не да се матријалисти, не ни погледнуваат женско ако не е вработено, ако нема добра професија, ако нема сопствена кола, стан, а со оглед на тоа дека жените се посветени на образованието, градење кариера, среден живот, повеќет гледаат машкото во најмала рака да е нормално. А и за последната реченица во врска со предаторството и тука па ич не си во право, жените многу повешто го прават тоа од мажите.
Има и машки материјалисти да, но сакав да кажам дека жените се повеќе материјалисти од мажите. Сите го знаеме тоа, може само да одиме контра и да велиме дека не е така од инает и тоа нема да го сметни фактот дека не е така.. Не станува збор за добра професија и слично, туку мислев на бирање на партнер како спонзор. Материјалист во таа смисла. Почнувајќи од друштво, или едно одење во дискотека ќе видиш кај која група на луѓе е позастапен материјализам. Пример на мои другари и познаници при бирање на партнерка главна работа им е таа да биде "добра" тоест згодна. Другарки и познанички најчесто бираат момци кои се богати или прилично богати. Според она што сум го видел, доживеал и слушнал на мои 20 години е така. Но не велам дека нема да се смени. Имам впечаток дека и машките одат кон таа цел. А за последната реченица во врска со предаторство не би рекол дека не сум во право. До сега ниту еднаш немам слушнато во новости или прочитано на интернет дека средновечна жена силувала ќерка или внуче, или начекала некој во темна уличка. Додека тоа е секојдневие кога предаторот е од машки пол. Барем во нашава држава може често да се чуе на вести за таква случка. За жал. Минатата година во Русија станав дел на едно движење кое лови педофили, незнам дали ме имаш читано имам низ други теми кажувано за ова. Лично сум учествувал 14 пати, додека движењето може да се пофали со уловени повеќе од 1500 предатори на просторите на Русија, Украина, Белорусија и Полска. На видео има документирано повеќе од 200 случаи. Меѓу предаторите имало и судии, доктори, адвокати, полицајци па дури и министер за безбедност на федерален округ. Ниту една жена немаше помеѓу нив. Мажите се склони повеќе, тоест многу повеќе од жените кон сексуално предаторство и педофилија.
Женските кажуваат дека "не е битно дали мажот има кола, не е битно колкава куќа, плата зима". А во нареден момент несвесно се издаваат. Машките пример на некои небитно им е, на некои битно им е. 50-50. Или можеби не сум запознаена.
сите сакаме за повеке и полесно ама со чесна работа и од нула да почнеш милиони нема Луѓе парите се механизам да ти го олеснат животот секако патот е тежок немојте да мислите лугево со милиони у државава лесно спијат они си знаат ја си велам со малце пари тешко е а со многу пари уште потешко е
Правете разлика од луѓе кои сакаат пари и материјалисти. Сите сакаме пари, скапи работи, но не сме сите материјалисти. Екстремните случаи спаѓаат во материјалисти. Исто како што сите си ја сакаат државата ама не се сите патриоти. Јас не спаѓам во материјалисти или парољубци. Но ќе се лажам сама себе ако речам дека не сакам пари или дека не ми се битни парите и скапите работи. Сакам да ги имам, но не сум во занес и не ми е тоа единствена цел во животот. Приоритетите ми се други, но сепак поврзани се со пари и тоа е реалноста кај сите. Не знам зошто да се расправа дали мажите или жените се поголеми материјалисти. Многу е глупо. Има и жени и мажи материјалисти и не се знае кој од кој поголем материјалист е.
Резултати од лани спроведена анкета, нови индикатори кои се вистинските спонзоруши во МК Додека 91% од жените би работеле за да ја одржат својата финансиска самостојност и во случај кога партнерот комотно може финансиски да ги издржува нив (и децата), 48% од мажите одговориле дека не би работеле и би се грижеле за домот и децата (или би се посветите на некоја општествено полезна работа или хоби) доколку партнерката би можела комотно финансиски да го издржува него (и децата). 44% од мажите сепак би работеле. https://kajgana.com/feminizmot-vo-makedonija-do-kade-sme-so-rodovata-ramnopravnost