не се исти. треба да се гледаат како индивидуи а не како цел куп. секој си е различен карактер и во согласност со твојот карактер може да ви иде или да не ви иде. така да има секакви. ако некоклу те разочарале не мора да значи дека секое машко го носи истиот мозок и истото размислување и ист впечаток имаш оставено кај него. зависи од све и како ќе се поставиш
Како припадници на машкиот пол сите имаат нешто заедничко , некои исти карактеристики што ги поврзува па и е често е причина за некој да каже: "Сите се исти"- но не, напротив , не се исти. Мене лично ми се има случувано правејќи муабет со некој другар или некој припадник на посилниот пол да ми има кажено : "вие сте такви, вие сте онакви." - и кај мене право се јавува она чуство на револт. Чекај бре човече, ти ако си запознал неколку девојки кои ги имале овие карактеристики не значи дека сите се такви и сите можеш да ги ставиш во исти кош, па исто така и машките. Па и кога ќе почне да ме убедува дека не сум во право со таква сигурност. Секаде има исклучоци и сите сме си индивидуи самите за себе и мислам дека е време да се изфрли онаа и те како позната поделба на машки и женски.
Прво кога читам ваков наслов визуелизирам некој сајнс фикшн филм насочен кон иднината каде сите луѓе се униформно облечени имаат броеви наместо имиња и начинот на живот им е определен во вакви услови има поголема, но пак нецелосна веројатност за ако не идентичност тогаш голема сличност меѓу луѓето воопшто не само полова сличност. Најпросто може да се согледа тоа дека не се исти по тоа што ако ги компарираме двете последни врски ќе се види само колку различни биле проблемите кои искрснале, начинот на реакција кон нив, карктерот на дечковците и нивни ставови кон мал милион нешта ќе се јават толку разлики што ќе се изгубиме ако правиме листа што во преводот што во интерпретацијата и неколку табаци хартија ќе потрошиме . Не сакам генерализации, оваа дефинитивно е една од најидиотските. Јас не би да се осеќам пријатно во исти кош со милијарди други припаднички од мојот пол само по таа основа, па како да го очекуваме истото и од машките?! Апсурдно до бесконечност. Различноста е добра, да живее долго и вечно, !!! Дури и со слоган завршив, .
Јас, во машки немам многу доверба, така што мислам дека се сите исти. Можеби, како што напишале повеќе девојки погоре сите имаат различни карактери и размислувања, ама сепак, некако не можам сеуште да верувам дека не се сите исти, а особено Македонциве. Којзнае, можеби наскоро ќе ми се промени мислењето.
Не се сите исти, фала богу. Сум сретнала различни типови на мужи кои значително се разликуваат; од горделиви до гзолижачи, од подли до ептен добри дури мутави.. Луѓе сме, не е интересно сите да сме исти.
Дека се исти потешко, ама дека скоро сите имаат некои исти карактеристики тоа Колку пати се има случено да седиме и онака како по навика да си ги оговараме дечковците имаме приметено некои исти карактеристики, во слични ситуации исто реагираат и такви работи
Не, порано мислев дека се исти, но со тек на време како што запознавав повеќе луѓе сватив дека од машко до машко има голема разлика.
Јас сум многу разочарана од машкиот род не викам дека се сите исти но такво машко како што барам по се изгледа нема никогаш да најдам.Ме нервира кога некој тип на Фејсбук после две разменети реченици ке ми каже сакаш ли да се запознаеме? Мислам тој уствари не знае ништо за мене само сака да се измуваме и после како ништо да не било ете тоа ме нервира премногу а повеќето се такви мислам чест на исклучоците!
какви исти ? како може да се исти.. по кој аспект го водиш ова ? сите луѓе сме различни како што прстите на рацете ни се различни .. ние женските исти ли сме ?
Дефинитивно ми е преку глава кога ќе се спомене оваа реченица! нормално дека не се исти,како што генерално и луѓето не се исти..секој си е посебен и своја личност! мислам дека фразава потекнува токму од повредени души во љубовта,кои налетувале на грешен дечко и ја почувствувале само горката страна на љубовта,но тоа не значи дека таму некаде не ги чека нешто подобро!