Е како заклучи дека сите се исти? Секој си е различен карактер, сите различно ја манифестираат љубовта, чувствата, неможеме да кажеме дека сите се исти. Има и такви кои се ладни, сакаат само забава, не им се битни чувствата на другите, има и романтични, топли, полни со љубов. Многу случаи сум видела, само да тргнам од другарките мои и нивните дечковци сите се различни по карактер. Како може исти, тешко е да се најдат два исти карактери а не па сите
Па да, секој од нив е идиот на свој различен начин Се шалам, не се до толку. Има и од нив ретко добри примероци, не сакам да давам мислење генерално за сите. Секој си е посебен на свој начин.
Не Не се сите исти прво има зрели и незрели , паметни глупави , некои кои ценат убавина други памет ..... Некои романтични , некои многу зборат , некои срамежливи.... така што не се сите исти само кога девојка ќе засака некој идиот после го гледа во други и ако тој згреши он е идиот . Мене ме привлекувале деструктивни мажи , така што сега сакам паметни .... така што наредниот нема да биде деструктивен и нема да биде идиот ....
Да, можеби и се, со големо МОЖЕБИ. Од она што досега сум го научила, седејќи со другари... Се стремат кон целта, ретко кога припазуваат детали, гледаат во гради и задници, сепак тоа е примарен инстинкт... сексот го гледаат како легнување, а во исто време бараат и љубов, внимание и физичка блискост. Ако ги имаат овие работи добиено до вас, нема да им фали ништо, зошто викам јас -ко кутренца се. Ама кој кажа дека е тоа лошо?
Јас не мислам дека сите се исти. Како што сите девојки не се исти или што било друго, ни они не се. Не значи дека ако пример повеќе машки имаат заеднички работи, муабети итн. сите се исти. Напротив секој си има свој карактер.
Не се сите машки исти , иако на крајот тоа го мислиме сите поради тоа што сме на некој начин ’’разочарани’’ од нив! Кај мене поминале разни типа на машки, различни мислења,ставови,чувства.. така да НЕ СЕ СИТЕ ИСТИ!
Сите се различни. И машки и женски. На пр. во една врска машкото изневерува и женското вели дека машките се вакви, машките онакви. Тоа е заради тоа што е повредена и неподготвена на друг да му верува. Верувам и знам дека има поинакви машки од оние женкариштата. Но, има и девојки за на тие женкари да им се сменат умот.
дефинитивно не се, и јас го мислев истото се дур не се уверив, но како што машките мислат сите женски се исти така и ние мислиме за нив но сепак има огромна разлика од машко до машко
Не се сите машки исти...како што велиме. И нас нема да ни дојде убаво ако некој ни рече дека сите женски сме исти.
Не се сите машки исти има и педери ова во иронична и саркастична смисла хахаха. За мене во животот само мажот ако здравје боже се мажам ќе биди уникат и различен од сите останати друг никој