Не се сите исти, биолошки - би било лудост, а технички не е возможно.....зашто е забрането клонирањето (ова ако мислите на буквално исти нели )
Не! Како што сите девојки не се исти така и сите машки не се исти! Милам хелоо како е тоа можно сите да се исто
Не стварно, многу глупа ми е реченицава. Сите машки биле исти. Е да бе. Јогуртчево што го пијам секој ден нема ист вкус, не па тие. Мене не ми се исти, далеку од тоа.
Ако имаат слични потреби не значи дека се исти. Они само се копираат меѓу себе и се надоградуваат за да испаднат кој од кој поголем мангуп!
Боже сачувај ,таа фраза е плод на неизлечените комплекси на некоја огорчена стара мома! Ние луѓево сме слични еден на друг ,ама никој со никого не може да биде ист ,па камоли цел машки род да се стави во една категорија на суштества кои меѓусебно се разликуваат исклучиво физички. Несфатливо ...
Сум ја кажувала репликава, не викам не. Но сепак, не мислам дека сите се исти Некои се гадови, некои се мангупи, некои се прават фраери, некои се срамежливи, некои се закоравени тиквари и идиоти, некои се внимателни и нежни, некои се фини и добри, некои се лигави .... Зависи на каков ќе наидеш, секаков вид има, но, и тие добрите постојат
Една од најинвентивните теми на форумов. Просто да не знаеш што да напишеш од што те предизвикува со својата креативност .
Темава толку што инспирира од што нема што да се пише ете го Јипамн со неговиот паметно-искрено-хумористичен пост. Инаку секако дека не се исти ни во билошка смисла ни во карактерна ако можа така да се израза.
Ако сите се исти, тогаш како ги објаснувате мажињата на Фемина? аамм? ам? Цури? Мутации? Фрикови на природата? Амм? Грешка у сериска производња? A secret experiment that went wrong?
не мислам дека се сите исти....се разбира дека секој човек ќе си најде слична карактеристика со некој друг, но тоа не значи дека се сите исти....баш спротивно, сите сме до некаде слични, но во глобала сме толку различни...
На темава имам само едно да кажам: МРАЗАМ генерализации !! Еден бивш не пропушташе на средба со мене да почни некој разговор со следната реченица: „Вие женските....“ и секогаш кога ќе ги слушнев овие зборови автоматски си го исклучував мозокот кој во тој момент разгледуваше можности и начини да му оптегачам една и да го вратам во она место од каде што излегол Јас не спаѓам во „Вие женските“ идиоте !! Му го кажав јас тоа ама тој не ме сфати сериозно и така славно заврши во категорија БИВШИ
А чекајте има некој што ги пробал сите машки па да каже сите се исти? Е па не се. Тоа е толку глупаво и бесмислено. Исто како што жените не се исти, ни мажите не се, ниту било што е исто. Ако си се зафркнала два ти пати па дури и повеќе сега сите се кретени, идиоти, глупаци. Meanwhile in the FRIENDZONE... Е да, тоа ти е...
WTF???? Се разбира дека не се исти, не можат ни да бидат исти, јас и сестра ми што сме сестри не можеме да бидеме исти, а не сосема различни личности и тоа машки. Можеби имаат некои слични интереси, барања, желби ама тоа е далеку од исти. Еве типичен пример за стереотипи и предрасуди, додека вака размислуваме никогаш нема да можеме убаво да живееме,
И сите лончиња да беа исти веројатно ќе им одговараше едно исто кап(а)че редум, ама факт е дека не се. Секое машко си е приказна за себе и секој си носи различно капче, ха.