Не мислам дека сите машки се исти. Како што не мислам ни дека сите женски се исти. Секој човек си има свој посебен карактер, по што се разликува од другите. Се согласувам дека некои машки навики и постапки ги имаме прифатено како универзални , демек сите машки се однесуваат така.. Ама, тоа не е доволно да кажеме дека сите се исти.. Крај краева да беа сите машки исти, немаше да сме толку пребирливи и да го чекаме Господинот Вистински!
Не мора да значи. Можеби покрај себе имаат згодна девојка, и да, гледаат во други, но само гледаат. Доволна и е таа згодна девојка што ја имаат и не сакат да ја изгубат.
Јао, што интелигенција покажавте со постовиве... Ако се сите исти, што се мислите кој да го одберете тогаш? Зошто толку думање?
не ... има некој машки што стварно се многу емотивни и прво се ставаат на местото на женското да видат како би се ччуствувале доколку би ја повредиле јас познавам едно такво машко ...и мило ми е што постоат ...
Според мене повеќемината се исти но сепак постои и добар дел од машките кои отскокнуваат од ова па навечер мирно си спијам.. Шала на страна, не мислам дека сите се исти, далеку од тоа... Има машко и машко бре... Такви што трчаат по секое здолниште, такви кои се на некој начин на место ( трча и тој али барем не го приметуваш ти тоа )
Во зависност од расположението така ми се менува одговорот. Кога некој нешто ќе ми направи, ќе бидам сведок или се слушнам нешто погрешно, лошо некое машко што направило одма доаѓаат зборовите сите машки се исти, на никое од нив не треба да се верува. Но кога некое машко ќе се покаже добро тогаш е она, ти реков, гледаш ли, не се сите исти. Така да незнам. Но сепак мислам дека не се исти, нели на крајот доаѓа принцот, тој е the man-от .
Како може бре сите машки да се исти ? Сите жени исти ли се, сите луѓе исти се? Не се и не треба да бидат. Точка.
Нормално дека не се сите машки исти. Ама, некои особини им се во генот! Вродени! А, многу повеќе познавам машки кои имаат само пе*ис и ништо повеќе од машкост. Ама ете, и тие се као машки.
горе -долу- ДА! Од искуство, не верувам на ниедно машко на светов! И никој неможе да ме премисли! A man is as faithful as his options!!! И точка. Наше е во што ќе решиме да веруваме.
Воопшто не е така. Неможе сите да се стават во ист кош поради двајца, тројца, па нека се и петторица. Се е индивидуално, дури сметам многу често дека однесувањето на девојките е повеќе предвидливо и слично, ама тоа не не прави сите исти Има прекрасни дечковци а има и гадови, исто и девојки.
Како можеме да ставиме во ист кош повеќе од 3.000.000.000 луѓе? Јас мислам оти сѐ е до домашното воспитување!
секој има нешто позитивно во себе и добро што се разликува од другите но сите имааат нешто што кај секој е исто...........