Ни одалеку не се исти има глупаци мислејки дека се мангупи има дебили мислејќи дека се единствени фраери и има прекрасни кои вреди да им подариш љубов
Ајде те молам, кој тоа научник докажал дека СИТЕ машки се исти? Баш ме заинтересира мислењево. Ама, којзнае, можеби и докажале научниците, можеби јас не сум доволно упатена. Ај, просветли ме.
Има машки кои сакаат да се излежуваат и има машки кои сакаат помалку да се излежуваат. Спојлер If you know what I mean
Не! Како што има разлика од женско до женско, така има разлика од машко го машко. Или што вика дечко ми: ’’Машко„ се пишува исто но има разлика од машко до машко. И така е навистина
Можеби ги поврзуваат некои универзални машки карактеристики и интереси,но дека сите се исти-не! Таа фраза,како и онаа дека сите жени се исти се користи од причина на неуспех на една личност во љубовта...Мажите се онакви какви што вие ќе оставите впечаток дека сакате да бидат..А не верувам дека некој маж би можел да биде вулгарен и лош пред нежна девојка,која е културна и пристојна..НЕ ВЕРУВАМ.Секој си бара према себе,и секој си го добива третманот кој го заслужува..
Секако дека не. Како што ние женските сите не сме исти, така и тие. Ама како што ние си имаме одредени заеднички особини, карактеристични за сите женски, така имаат и они. Сум сретнала од преголеми клошари, женкари до прекрасни момци, еве мојов ептен е емотивен, срце, ама има некои работи што ги делат, сега да не набројувам. Ама морам да признаам, си имаат бре некоја жичка во нив што сите ја делат, макар колку биле добри или пак лоши.
Па ако ние речеме сите машки се исти тие ќе кажат сите женски се исти? Вистина е? јас не мислам дека сите машки се исти човекот е она кое се навикнал да биде, ајде да ја ставиме и генетиката во оформување на карактерот на човекот е сега и според 2та принципа лесно ни оди логиката, ако се сите машки исти еден татко ќе ги правел и едно семејство ќе ги пораснало... А бидејќи не е така неможе сите да бидат исти, а пак и ако се исти зошто би ги бирале ние?
Не се исти,ама мене многу ми се слични,ептен лесно ги провалувам што, како сакаат,каков карактер се...не ги разликувам баш баш,и ич не ги обожавам овоа машкиве така мутавки ми се малце Иначе јас често се шалам на нивна сметка,дека не се сите машки исти,има глупи и поглупи
Како и да ја мислиш,тооолку мажи,едноставно не може сите да се исти. Е тоа шо на една девојка ја привлекуваат се еден тип на машки тоа е друга тема
Не, не и повторно НЕ . Ги знаете оние идеални мажи од филмовите? Оние кои ги сакаат, почитуваат и се трудат околу онаа со која се? Јас ја имав таа среќа да бидам со еден таков,после тоа никогаш повеќе не помислив дека сите се исти, никогаш. Него да го споредам со еден клошар кој се осудува да и вика на девојка си, да ја изневерува, понижува, или дигне рака на неа? Никогаш! Нема ни да ги споредам а камо ли да ги едначам. А за сите кои сеуште мислите дека сите се исти, девојки, бидете трпеливи,и во вашиот живот ќе се појави едно вакво прекрасно суштество кое ќе ви го промени мислењето
Потполно се согласувам со твојот став трпение спасение се надевам дека сите девојки ќе се најдат во нашава ситуаци ќе се појави некој кој ќе им го докаже тоа дека не се сите мажи исти,дека едноставно неможеш да ги споредуваш и изедначуваш клошар кој се осудува да и вика на девојка си, да ја изневерува, понижува, или дигне рака на неа.
Нормално дека не се. Всушност сите што ги познавам се различни. Да, имаат некои заеднички особини, но тоа не ги прави исти, со оглед на тоа дека секое живо суштество на планетава се разликува по нешто од останатите. Ние најчесто не знаеме што стои зад однесувањето на еден човек, но доколку сте дошле до заклучок дека сите машки се исти, тоа најверојатно значи дека тие машки имале некои слични искуства во животот што направиле да дојдат до слични заклучоци и слично да се однесуваат во дадени ситуации како и други што вие ги познавате. Колку и да се разликуваме, сепак сите луѓе сме си слични едни на други. Ако сме повредени повеќе пати, многу јасно дека сите слично ќе постапуваме во иднина или со други зборови ќе се плашиме од врзување и повторна болка, а тоа самото по себе си носи и други последици. Во главно би направила две големи поделби - сељаци и останати (или оние кои можеме да ги толерираме) машки. НО, под овие две главни категории има многу под категории за кои ќе треба многу време да се набројат и објаснат. Тие што мислат дека се сите исти ги делат машките исклучиво на овие две категории, а најчесто среќаваат машки од првата категорија бидејќи другава е во исчезнување. Тоа што треба да знаеме е дека и сељаците се разликуваат меѓу себе.