Машко како машко, си има свои потреби и свои сваќања. НЕ, нормално дека сите се различни машки, како што сите сме различни на овој свет. (добро може да се каже дека потребите им се исти)
Зависи како гледаме на работите.Одредени особини се исти кај секои машки, ретко кога ќе се најде некој исклучок.Но, вкусот, карактерот, изгледот и начинот на кој се однесува кон девојките е различен кај секого
Има една народна поговорка која гласи: КОГА СИТЕ ЧАСОВНИЦИ ИСТО ВРЕМЕ КЕ ПОКАЖУВААТ ТОГАШ СИТЕ ЛУЃЕ КЕ БИДАТ ИСТИ.
Мноооогу позната фраза кога сме скршени, и повредени ... Не , сите машки не се исти, ако еднаш во животот сме наишле на погрешен дечко дали треба да ги осудуваме и споредуваме, па и тие се исти како нас женските , секој посебен на свој начин со свои критериуми и сфакања за нас женските .
Различни луѓе, различни карактери. Не велам дека се исти, но како машки имаа некои исти карактеристики. Но, секој маж може да се скроти. Само нека се заљуби до уши.
често кажувам дека сите машки се исти од разни причини ,но сепак не го мислам тоа секој си е свој на некој начин
Како и да е не е можно сите да се исти. Е сега во секое машко го има она што всушност го карактеризира дека е машко. Меѓутоа однесувањето, потребите(мислам на секави потреби) , разбирањето кон девојката и ред други работи секогаш се различни. Кај некого подобри, кај некого полоши (овие се се почести) ама тоа е тоа. И машките викаат сите сме исти, сите ку*ви сме биле, по пари сме трчале, прво си му душа после кај се нема да те отера со пцовки и тоа всушност мислам дека им е најзаедничкото од се. Секогаш на крајот те оцрнуваат и по нешто свое си додаваат, е потоа девојкава револтирана и она вика дека и сите машки се исти, дека се расипани, подмолни, ѓубриња и ете кругот се врти !
Жената што ја смислила фразата : '' Сите мажи се исти '' , била Кинескиња која што го има изгубено мажот во гужва. Ајт доста беше од мене на темава
Па јас мислам дека ако постојат сличности меѓу машките нормално дека тоа не ги прави сите исти.Исто како и кај понежниот пол што е.Како што знаеме сите ние,не постои совршенство,и не мора да значи дека ако некој има одредени особини поточно маани не мора да значи дека треба да бегаме од нив т.е дека не не заслужуваат.Само треба да бидеме многу претпазливи со какви машки се запознаваме,искачаме и ред други работи зошто изгледот многу лаже.
Моментот беше што истава фраза и ја кажав на една другарка пред толпа Кинези од кои едниот ми се сврте и ме погледна на криво. А веќе после неколку минути зборуваше српски
На оваа тема имам правено муабет со дечко ми и ми кажа дека тоа не е можно сите машки не сакат исти работи,немат исти навики и не се однесуват исто со женските значи ако еден не повреди и ајде сите се исти не е тоа така има машки кои ке ти го подарат светот,а не да ти го разрушат сепак машката физиономија и природа е таа имат сличности многу,ама за да бидат потполно исти на ум и изглед тоа е невозможно
Да заљубена сум во машко кое ми покажа дека знаа да ме сака и јас понекогаш му се чудам на тоа колку многу ме сака,а пред тоа и јас имав мислење дека сите машки се исти ама изгледа срцката ми има големо влијание врз мене и сега добро сум обучена и знам да ги разликувам перфектно бидејки многу страдав.