А дали сите госпоѓици и госпоѓи се исти? Какво прашање ејј. Ниту едно машко не е исто како некое другичко. Може да кажеме дека синот е плукнат на таткото, но тоа е изјава која само делумно е точна.
Па секој е различен на свој начин,ама во глобала сите се исти. Врти сучи сите машки ги поседуват истите особини
Абе луѓе џабе зборите на темава... Секој човек е различен, почнувајќи од физички изглед, па се до карактер... Што значи дека сите женски не се исти, и сите машки не се исти... Зависи сега за што се работи конкретно... имаш типови на машки да не кажам снобови, кои што ќе ја искористат секоја ситуација и после ќе те фрлат како ѓубре, а има типови кои знаат да го ценат она што го имаат и да си го чуваат...
Сите машки се исти! ...е сеа во смисол на изневерување...да не видат женски долги нозе, ќе се свртат по нив... да не му пријде некоја женска,нема шанса да не ја одбие... секад расположени се за „дружење“... СИТЕ МАШКИ СЕ ИСТИ , ИСТО РАЗМИСЛУВААТ - освен физичкиот изглед што ги дели... ( некој понизок, некој повисок. Некој со долга коса, некој со пократка ) е тоа е!
Да, секое машко ќе се сврти по долги нозе, но не значи дека и ќе те изневери... ако има девојка и да му приде некоја, ако е искрен и си ја сака девојката и е таков карактер нема да ја изневери, иако има и од оние другите типови, какви што ти ги кажуваш.... а тоа што се расположени за дружење мислам дека не е лоша особина... така да јас секако ќе си останам на ставот дека не се сите машки исти... а ти изгледа не си го запознала сеуште принцот (идеалниот за тебе) затоа и вака збориш...
Не, не мислам така. Значи она што го велиме ние сите биле исти бла бла се однесува на нивното гледење по женски. Тоа му е во психата па они се така градени. Мислам за ова сите се исти освен ако не дели некој педер што ќе гледа во нив. Маж како маж јака не јака, било да е женско ке ја погледне. Доколку е сам значи сингл нема зошто да ја одбие. Но дека сите се исти скроз исти НЕ. Моите другигари (читај другари над 24 години а не некои недораснати), дечко ми и другарите негови се дечки со морал и со свои вредности. Да се расположени за нови пријателства но ние женските не го гледаме тоа така. Нашата љубомора не ни дозволува. За изневерување не ни помислуваат а сите имаат врски и моментално се сите заљубени. Мојот дечко ми докажа дека не се сите исти и дека тој за ништо не би ја прокоцкал нашата љубов и мојата доверба. Затоа не се сите исти во своите квалитети и вредности и она што ние го велиме "доколку имал шанса би ме изневерил одма, па нормално сите исти се."" Вистинскиот ќе дели. И никогаш ама баш никогаш нема ни да помисли на изневерување. Ни во пијана состојба.
Браво... мило ми е што има некој на форумов што ме подржува и што има исто мислење со мене... се надевам дека повеќето девојки ќе ја најдат среќата и човекот каков што го бараат одсекогаш... ти си го нашла или он тебе, не е битно, сега чувајте си се и смао ќе кажам дека нема ништо поубаво од тоа да бидеш со некој што те сака и тоа да ти го докажува...
Мислам дека има разлика меѓу нив за одредени работи ,но во некои сваќања се скоро исти..Секоја чест за исклучоците кои се многу ретки
Има една ваква ... „Пред да кажеш сите машки се исти отвори ги очите а не нозете !“ и потполно се сложувам.Не се сите исти ! Никако , во никој случај !!!!!
Апсолутно не верувам во тоа дека сите машки се исти. Сите машки различно постапувале со мене и секој од нив различно размислува.. ако мислите дека се сите исти најверојатно сеуште не дошол некој поразличен од другите.. Јас едвај наоѓам по некоја сличност
Не, не се исти, исто како шо ни сите женски не се исти. Секој си е индивидуа сама по себе.. со свои уникатни карактеристики шо ја делат од толпата. Е да, коа сме разочарани во машките сите знаеме да го повториме фамозното "сите машки се исти" иако и самите не веруваме во тоа. Јас верувам дека има машки кои шо делат определени карактеристики..следеј ќи некој си тренд на сноб, ако може така да се каже, или во голем број случаеви егото си го праи своето, дали е повредено или само некој цел живот ги дигал во облаци (тоа е веќе доста дискутабилно), али во принцип има машки кои се приземјени, љубезни и културни. Ист случај е и со девојките. Е сеа.. неизбежно во животот е да налетаме на секакви, да поминеме одредено време со нив, да избегаме со брзина на светлината од нив, или да останеме со нив, зошто па и тоа е едини начин да дознаеме какви машки сакаме покрај нас.