Викаат не мора да го испиеш цело море за да сватиш дека водата е солена...така и ова не мора да бидеш со многу за да го сознаеш тоа според мене мислам дека се ИСТИ ако не исти барем слични...
Исти се ако ТИ со сите исто се однесуваш. Девојки има не сакаат ни 2% да се сменат заради машко, или си фураат некој свој филм, или си прават слики за некој идеален маж во главата од тие што ги гледале по романтични филмови, или било која икс причина, важно удираат то глава во ѕид дека некого ке го сменат за 2 минути. Не драги мои, како може тој истиот тип со девојката што му била пред вас да се однесувал инаку а со вас инаку. За секој тип на машко си има посебна стратегија како да го направиш таков како ти што сакаш да биде. Само треба трпение, време и труд. Јас велам на крајот сите машки се ИСТИ (ама во позитивна смисла). На крај колку и да изигравале фраери ке им се најде некоја девојка што на ваков или на таков начин ке ги смени ке ги направи исти како сите други што се верни, што си ги почитуваат девојките и што искрено сакаат.
Mоже малку не во склад со темата ама ај ...и не важи за сите. Како минува времето машките се сменија и тоа без навреда на полошо.Се поретко се среќаваат машки кои не се оддадени на некој од пороците цигари, алхохол , коцка , неверства ... Непедантни се, лажат, крадат,безделничат ,неодговорно се однесуваат.... Се повеќе залудно го поминуваат времето по улиците ,со образложение дека ете немало работа. Точно е дека тешко се наога работа , ама кој сака да работи секогаш се наога по нешто.На пример дома секогаш има работа.Зошто да не се помогне, во било што? Зошто работите ги делат на машки и женски ? Значи жената да заработува и да го прехранува семејството не е срамота , а срамота е машкото да измие садови да спреми ручек , да спржи алишта, да си го чува роденото дете... Се прашувам дали се изгубивме низ просторот и времето ... Во која категорија спагаат македонските мажи ? Современи?Не би рекла. Старомодни сигурно не се во доба кога жената го прехранува семејството . Која им е поентата на тоа однесување? Јас би рекла одговор на прашањето , што ќе речат другите .... За да се докажат дека тие не се папучари, несовесно си наштетуваат себе и на семејството . Дали кавалерството е за потсмев, или пак маж без никаква култура ? Секоја чест на исклучоците , бидејќи мислам дека сите машки не се исти.
Јас верувам и гледам дека постојат сеуште вредни и паметни машки кои почитуваат женско. Помислете на пример на вашите браќа, па нели тие се добри луѓе. Најубаво ги знаете нив. Како што има суперлативи од женски има и суперлативи и од машки.
И јас стојам на тоа дека не се сите машки исти. Секаде има исклучоци, се разбира. Па и девојките сите не се цвеќиња за мирисање.
Машките во целост се разликуваат едни од други...Некој се како Земја и Небо,толку различни! И никогаш не лажете се дека сите машки се исти и дека сите истото го прават.Може да ти се случи да бидеп со некој па да бидеш изневерен од негова страна..па ќе кажеш,,сите машки се исти,,...не е така !
Од каде тоа дека сите машки се исти.Сите женски исти ли се? Не ,не се сите машки исти јас имам забележано дека машки од иста екипа, друштво, поблиски другари се однесуваат исто спрема девојќите имаа некој слични манири сакаат да се докажат едни пред други, но длабоко во душата се сосема различни
Мислам дека се исти. првенствено дека се малку плитки за разлика од женските кои се попаметни во размислувањата. Е сега ова беше генерално земено. Но има исклучоци,секако дека да.Во зависност од тоа како е воспитуван дома типот,од мајката. Многу е битно тоа.Ако дома е пораснат со љубов,со внимание со многу зборење секако дека тој маж утре и својата жена ќе ја третира така.Нема да си дозволува се и сешто. Но во денешно време,човек најдобро да внимава и 4 очи да му бидат отворени хаха
Сите машки не се исти, како што не се исти ни сите женски, генерализација по ова прашање е комплетно замарање на мозокот. Но со сигурност ви тврдам, ние машките сме исти по ова прашање. If you get it, you are awesome girl!
Како што машките треба да научат дека не секоја девојка е за искористување, така женските треба да научат дека сите машки не се исти. Не се исти ретки се машките на денешно време што искрено сакат ама сепак ги има, има такви што се само за афери, некои изневеруват, на други другарите им се поважни од неа па повеќе време поминуват со нив, педери но, на крај крајот се наоѓа и искрениот што ја почитува девојката ја става на прво место и најважно ја сака.
Постојат мажи го кивавица, ко грип и кашлица, онакви како сипаница или у најлош слушај ко хроничен бронхитис. Јас мојов мислев бил сипаница, ама никако да го прележам. Веројатно преминал во хронична состојба на бронхитис кај едно затрескано дете. Се утепав од кашлање, солзиве течат ли течат, носот такоџе, од летото зима дојде, еве го пак лето иде, а ја неам абер. Ама ко мува на гомно е досаден!
Секако дека не се. Да беа сите исти ќе требаше да се однесуваме со сите подеднакво исто, а тоа би било досадно. Јас со сите машки се однесувам различно xD
Не се сите машки исти. Некои знаат да ја чуваат саканата, да и кажуваат дека ја сакаат, да влеваат се повеќе доверба, едноставно да ја прават саканата да се осеќа како единствената за него што постои. Постојат машки коишто знаат да сакаат, но понекогаш ние женските знаеме да направиме тие лесно да изгубат доверба во нас. НЕКОГАШ едноставно само ние сме си криви и велиме:сите машки се исти..не, чувај го оној кој добро те чува тебе
Ако еден ве заебал или не се однесувал како што би требало,немора да значи дека сите останати се како него -невоспитани простаци,кој не знаат ништо друго освен да го понижат женскиот род. Се си е од домашната култура. Како е воспитан од дома-така и ќе се однесува. А понекогаш проблемот е и во нас. Како ќе си се поставиш,така и тој ќе се однесува. Како што реков-СЕ СИ Е ДО ЧОВЕКОТ,КОЈ КАКО Е НАУЧЕН И НАВИКНАТ. Има милион машки што знаат како искрено и вистински да сакаат.А ние самите сме си криви,тоа што не понижуваат и не не почитуваат.Пола од Скопјево одат само од чист интерес,а ние пак им завидуваме колку вистински се сакаат. Абее....за секое грнче има и капаче.Тоа што е ваше,ќе си дојде.