Дефинитивно најглупавата работа што ја прочитав годинава. Дали сите машки се исти? А дали сите женски се исти? Вие па што сте одговорите "Да, блабла исти се", вие исти сте со глупачата што не ја поднесувате? Нема везе, ептен буквално одговорив, ама ме нервираат ваквите генерализирања, па да си го напишам моето мислење. Спојлер За тие гневните што напишале ДА - ( тие 2-3ца на кои што мислите) исти се со вас, зашто така сте дозволиле.
Не е баш во склоп на темава али да речам најприближно беше... Вака се допишувавме неколку недели и скоро секој ден наговараше да се видиме и конечно јас се согласив пред некој ден и откако договоривме се, си реков ајде ипак да се распрашам за него и замислете луѓе чоекот си имал женска врската му била ваква онаква али ипак си е зафатен... Инаку со мој 23 години 2 години немам никого и конечно се решив да се решам од самотијава и што ми се дешава Ептен се чуствувам изиграно и глупаво. Фала му на ГОСПОД што не се видов зошто уште потешко ке ми беше ама сепак длабоко во себе се прашувам што ке се случеше ако заедно испиевме кафе... Па после цели две години некој ми се допадна и што зарем е можно баш мене ова да ми се случи ? А во склоп на темава и од мојава ситуација можам да кажам дека ако не сите тогаш 99% се исти нажалост....
Можеби премногу бираш или очекуваш, па кога ќе најдеш некој блиску до тоа што си го замислила, се разочаруваш ако испадне некој проблем. На темава мое мислење е дека не се сите исти, има исклучоци само треба да ја најдеш личноста пто ти одговара.
Секако дека не се исти има и полоши од претходниот кој ве разочарал и подобар. Кога некој ќе не повреди,од страв да не бидеме наивно повредени повторно,се водиме со тој факт дека сите се исти,е не се сите прсти на раката исти,така ни мажите ни жените
Никогаш не глобализирам, тоа е најпогрешната работа- дефинитивно не се сите машки исти, ниту на почетокот, ниту на крајот... Секое машко е приказна за себе, веројатно сличностите ве наведуваат да глобализирате (најчесто дека сите се лоши)...
Не мислам дека сите се исти.Сепак треба да бидеме претпазливи кога одлучуваме да бидеме во врска со некој.Бидејќи ние женските,како понежен пол,сме многу комплицирани и внимателни,за разлика од нас машките не се.Сепак како и ние што не сме сите исти,така и тие.Сега зависи,можеби е некогаш и проблемот до нас што секогаш бараме сличен на првиот т.е претходниот дечко? Има многу да се зборува на ова тема,затоа не би сакала да пишувам премногу Секој си има свој став и мислење.
Едно огромно НЕ од мене. Идиоти има и машки, има и женски. Дефинитивно не го ставам полот во преден план, се знае дека е карактерот. Колку случаи само има, добро машко а некоја женска ќе му ја пие крвта, ќе го користи, ќе му прави работи позади грб и слично. Ако сум женско, се дружам со машки доста и во многу работи ја заземам нивната страна. Ние жените знаеме да бидеме идиотки и без причина и себични, да бидеме реални. Машко барем кога ќе засака, сака вистински и не се сомнева во своите чувства и не глуми лудило, не прави кавги без причина и слични работи што предизвикуваат кавги меѓу партнерите. Не генерализирам ама најчесто ние сме предизвикувачите и оние што не се "сигурни" во своите чувства. Попрво би рекла дека ние женските сме горе-доле исти.
Не се сите машки исти. Оние девојки кои што мислат дека сите машки се исти, се имаат разочарано од љубовта. Животот оди понатаму. Ако некое машко те повреди, не значи дека и со другите ќе биде така. Само треба да се даде шанса.
Глупости, ова исто ''дали мислите дека сите женски се исти '' ? Секако дека не- образложение, многу краток и логичен одговор секое човечко суштество е индивидуално односно едно и единствено и има свое јас. Не ги разбирам ваквите теми