Не мислам дека сите машки се исти. Можеби има нешто што ги карактеризира како машка популација,но секој има свои цели во животот.Некои имаат поскромни навики и потреби,други целат високо,трети пак се тотално конфузни во своите намери. Никој не наликува на некој друг.Ниту пак некој некого може да замени во животот.Ништо не е идентично.
Сите машки се исти!!!!Велат машките во мозокот се помали од женските.И да тоа е вистина!Сите се исти! COPY-PASTE!
Мислам дека таквите изливи на емоции(реакции) доаѓаат само од разочарување.Не се сите исти во никој случај и многу мразам такви генерализирања!
Не се сите исти. 1.Нормално постојано има ,,фраери‘‘ се мислат фаци се ова она, а уствари за грев се 2.Особено алергична сум на деца ,,богаташи‘‘ кои мислат дека секоја девојка ќе ја освојат :geek: Да, да, нема проблем, џабе пари, кога карактер ... (мислам дека оваа катгорија е полоша и од првата) 3.Има машки прави џентламени , ама ретки се.Што има подобро од добро воспитено дете, со вистински манири? Познавам такви машки ама на прсти се бројат (што е многу нормално во денешницава) Сепак од друга страна иако се ретки, сепак не се толку искоренети видови, алал да им е зашто се вистински примери како треба да изгледа и пред се‘ да се однесува вистинско машко
ОК, а вас не ве вреѓа кога некој ќе ви рече „исти сте ко другите“? Поодвратна изјава, реченица, незнамштоидаеова, не постои.
Според мислењава на повеќето тука испадна дека фразава е измислена и дека никој не се согласува со неа... шта речи
Мн. се нервирам кога некој ќе рече сите машки се исти. Ајде може и јас некогаш тоа од нервоза да го кажам.. Ама неможе некој да рече сите машки се исти. Сите имаме различни карактери, размислувања, и неможат сите да бидат исти. Е сега ние девојчињата малце сме комплицирани. Може ни се погодиле неколку такви исти, некои фраери што не разочарале, но има многуу добри машки кои би ни пружиле љубов, но нажалост тие таквите секогаш ние не ги сакаме или не ни одговараат.
дефинитивно Не има некои машки што сакаат само да те искористат и има некои кои навистина те почитуваат и те сакаат според внатрешна убавина.
Се согласувам со тебе да така е не се сите исти иако и јас порано така мислев и сите ги ставав во исти кош но сум грешела времето ми го покажа тоа има навистина супер момци и не вреди заради неколку трнови да ги мразиш сите ружи...
Сите се исти, абе ѓубриња, скотови, себични створења. Само за себе си гледаат и ништо друго. Само секс ги интересира. Незнаат да покажат почит спрема женски. Абе... да се сечат сите
Во основа сите сме исти,и машки и женски.Како куќите!Темелите им се исти,ѕидови сите имаат,тоа што е различно е фасадата,дебелината на ѕидовите,дворот го имаат,го немаат,на катови,без катови...(до недоглед)...Во ДНК-та на мажите или аманет од првиот предок па до последниот потомок им е да најдат жена која ќе им роди здраво дете (неслучајно "големи гради и облини" ни се убава појава(до нормална мера)).А на жените им е впишано да најдат маж кој ќе ги заштити и храни неа и нивното заедничко потомство (затоа кога ќе видите дека на некоја афродизијак и се парите,а на некого цицките размислете дали е за обвинување )..И стигнуваме до прашањето Дали сите машки се исти? Не се,како што не се ни сите луѓе исти,некои се расипани,некои не се,некои се повеќе лоши,некои се повеќе добри.Пред да ги пуштиме луѓето во нашите животи треба да ги ставиме во некоја резервирана зона,да ги процениме,па да ги пуштиме внатре (иако и тоа не е гаранција за понатака).Може само јас да бидам една иста будала према сите и да дозволувам да ме повредуваат,а не да бидат сите машки исти ѓубриња према мене.
Не.Така мислам бидејќи многу машки во денешно време се расипани со тебе се само за корист.Има машки кои се добри но кога се со другарите се монструми и има машки што навистина те сакаат ти веруваат и нема да те изневерат.
Дефинитивно НЕ. Секој си има различни сфаќања, интереси... Тоа дека сите машки се исти, дефинитивно го велат девојките кои се разочарани од некое момче. Ова е моето мислење.