Не дека сум машко и ги бранам машките далеку од тоа,колку што се исти сите женски толку и сите машки.
Сите машки и сите женски се исти. Ама оние КОИ СЕ ЗАЉУБЕНИ се секогаш различни, поинакви поиновативни самите себеси се изненадуваат заљубените така да
Неееее, веројатно тебе ти се погодуваат исти бидејќи те привлекува некој тип на машки пр. речеме женкари, тие имаат посебен вид на шарм и многуте потпаѓаме на тој шарм со што мислиме потоа дека се сите исти а добрите не ги гледаме бидејќи сме заслепени од злобните женкари...
Не се исти бидејќи секој е ѓубре на свој начин хаха се зезам, како да бидат исти, секоја индивидуа е различна, има на овај свет и добри има и лоши момци и девојки, е сега наше е на кој ќе налетаме за срека или несреќа
Знам да кажам многу пати дека сите машки се исти, незнам баш дали е така ама 99% сум убедена во тоа дека е така....
хаха зависи од хороскопскиот знак... не се сите исти, но горе-долу тоа е таа психа машка, така да... 70% се делумно исти!
Ха , тоа сигурно потекнува од жени кои налетуваат постојано на еден тип на мажи и поради фактот што мажите се во суштина рационални ( читај поедноставни ) во начинот на поимање на работите, за разлика од жените, кои се повеќе водени од емоционалното перципирање на сѐ околу нив. А и мажите генерализираат често за жените, така да тоа со генерализирањето потекнува најверојатно од лошите искуства. Мене повеќе ми пречи кога некоја нема ни искуство со повеќе од двајца до тројца машки, па доаѓа до ваква генерална констатација. Тоа важи и за мажите. Да не ја споменувам пак нивната констатација дека сите женски се кучки и к.... ! Заклучок мој е, дека не се сите исти, или просто кажано, тоа не е можно
Сите до еден. Без исклучоци. Сакаат да те искористат и да те баталат. Абе стока од род се, односно сме
Не сите исти секој лаже и изневерува на свој начинразликата е во тоа што некој ќе ги фатат во лага или на дело а некои не ќе си бидат скриени жарчиња. По кој знае кој пат стојам на својот став сите се исти додека некој не ми го докаже спротивно па се надевам ќе пишам пост во кој ќе речам не се сите момци исти имам ја срце од човек покрај себе. И да кога некој ќе рече а ти од каде знаеш дека сите се исти да не ги имаш сите пробано ми е најпримитивното нешто затоа што немора да легнеш со сите да процениш што човек е доволно е да размениш муабет или некогаш едно разочарување или две лоши врски си го прават своето па затоа ќе тврдиме дека се сите такви какви што се.
Ma jook nema isti site se razlicni site se glipi i pametni , ubavi i grozni , lubomorni i ne , i se taka na svoj nacin!
Не. Секој си е за себе Ни на лик ни на карактер ни на понашање Ако тврдите дека сите се исти, не е лошо да се преиспитате себе...да не е проблемот до Вас. Другарка ми тврди дека се сите исти...во нејзин стил кажано - ,,секој дебне да те е*не,, Ама се ми се чини дека во неа е проблемот