Не мислам дека сите машки се исти , имаат некои сличности но сепак се различни.. Како велат старите дали сите прсти на рацете се исти ? Не.. Па така и машките не се исти.. Како што тие не можат некогаш нас жените да не разберат па така и ние нив не можеме да ги сватиме..
Не е прблемот во мажите, проблемот е во самиот однос на жените. Никој никако и никогаш не може да е ист, иста е самата индивидуа која што на ист начин сс однесува со секого, на начин кој што може и не е во ред. Обидете се најпрвин да се промените самите себеси во однос на мажите, дур тогаш би сватиле дека никој и никогаш не бил ист.
Кога една другарка еднаш во друштвото кажа: сите машки се исти,еден другар и врати,па кој те терал сите да ѓи пробаш Јас мислам дека не се исти.Секое машко си е баш различно.
Исти се. Има мали исклучоци што се погрижливи, повнимателни ама и многу добро не е на добро. Се знае сите кон што целат. Разликата е во тоа што на некои им иде паметот кога се постари, ќе сфатат дека сакаат да бидат сакани, а некои си продолжуваат исто.
Не, дефинитивно Мислев дека се, до пред некоја година, дури не го запознав сега веќе дечко ми Исти ќе бидат додека не го запознаете вистинскиот
Се разбира дека не се сите машки исти. Вистина сите се заљубваме, сите сакаме некој, и ќе сакаме и ќе сакаме ама факт е дека мал број се луѓе кои ќе ни одговараат целосно. Човекот кој ќе ни одговара целосно ќе биди „поразличен од останатите“, а се што не ни одговарало е „исто како другите“ и накратко се шо е бившо е „непрекинато зло“, „лошо“ etc., барем од двете страни исто оди тоа ама дека тоа навистина е така - дефинитивно не. Мислам дека сите сме доволно способни да процениме колку некој човек чини, само некогаш љубовта знај да заслепи.