„Сите машки се исти“ е само предрасуда... Всушност, колку и неверојатно да звучи тоа, секое машко е различно, секој е на свој начин посебен... Зарем не е тоа причината зашто некој ни се допаѓа? Затоа што во него сме виделе нешто различно, нешто поинакво од другите, нешто што не натерало да го засакаме токму НЕГО... Токму тие различности всушност и ја даваат основата на машко-женските односи.
Велат- Сите прсти на раката не се исти а камо ли пак сите луѓе секој си е различен и посебен сам за себе сепак има некои машки особини кои се заеднички за сите машки некој нивни основен код многу зависи и во кој животен период е личноста која сме ја сретнале а исто така и неговиот карактер,темперамент,домашно воспитување,образование,животно искуство,со какви луѓе се дружел пред да те запознае тебе,возраст,ставови и погледи кон љубовта,а и животот воопшто. Кога ова вака се ќе се каже изгледа мнооооогу комплицирано ама од друга страна и во тоа е убавината да запознаваш и да запознаеш некого кој и да е тој па дури и без разлика дали е машко или пак женско.
Секој си е посебна индивидуа за себе, така да и машките не ги доживувам како исти! И одсекогаш се ,,ежам,, на поговорката ,,Сите мажи се исти,, Како нееее! Напротив сите се различни и дополнително ни го усложуваат процесот на нивно анализирање , таман еден ќе го ,,научиме,, ни се појавува нов со сосема поинаков карактер па почнуваме отпочеток! Мислам дека заедничко кај мажите е тоа што сите манифестираат храброст,и тогаш кога се храбри и тогаш кога воопшто не се храбри! Не можам да се сетам на машко кое признало дека е страшливец, на мубаети се сите многу јаки мажи! Е во тоа ми се исти!
И јас сум го видела тоа на ФБ.... Но, тоа не е преголемо искуство. Моментално читам една книга „Зошто мажите лажат, а жените плачат?“ и таму пишува: „За жената е доволно да запознае еден маж за да го разбере целиот машки свет. Мажот, меѓутоа, може да ги познава сите жени, а да не разбира ниедна од нив.“
Секој човек е приказна сам за себе.Така е и кај машките но и кај девојките.Сите сме различни. Колку да знаете машките имаат поголемо срце и повеќе сакале.Мислам дека е вистина. Ништо нема послатко од заљубен маж.Мажот кога сака вистински,сака со цело свое срце. Не значи дека ако еден изневерува и сите други изневеруваат како тој. Според мое не големо искуство сметам дека не се сите машку исти.Прават некои слични работи но со тоа не можеме да докажеме дека се исти.
Се согласувам.. неможе сите да бидат исти. Како што ние не сме сите курви и слично не се ни они кретени и клошари.. Имаат слични особини да, како што и ние повеќето женски имаме, но тоа не значи дека се потполно ИСТИ. Ама ние кога сме разочарани од некој, или воопшто од љубовта веднаш велиме, еех сите машки сте исти - што воопшто не е точно.
Ова го велев секогаш после науспешна врска. А тоа беше затоа што се затрескував во ист тип на машки т.н. кретени. Но сепак не не се исти. Таман работа да беа.
Дефинитивно не се сите исти, се разбира дека има исклучоци, но според мене 90% се исти. Во денешно време многу малку има машки кои навистина се добри во секоја смисла на зборот, те ценат, почитуваат, искрено сакаат и што е најважно не те изневеруваат.
пссссссссссс добра е темата сношти бившиот дечко ме убедваше дека не се сите машки исти слатко се изнасмејав 90 % се исти мн.се ретки тие што поштоваат ценат и вистински знаат да сакаат немам доверба во нуту еден маж ниту еден и никогаш нема ни да имам ...
И мажите и жените ја прават истата грешка кога вака генерализираат. Што би рекле за тип кој вели "сите жени се исти, 90%, само пари сакаат и одма те вараат со тип со боља кола"... Очигледно типов што ова го вели е грешка. Фората што сите ја правиме е што се фокусираме на најлошата група, само нив ги приметуваме и после генерализираме на целиот род. Од соба полна со фини дечки/моми ќе ја приметиме едната ку*ка или едниот кр*тен игнорирајќи ги 90% добри мажи и жени. Фората е што секогаш баш најлошите луѓе се најприметни и најгласни. На поплака ''сите жени се спонзоруши'' добар одговор е ''а зашто толку многу се палиш на спонзоруши?'' На поплака ''90% мажи се кретени што вараат и кршат срца'' добар одговор е ''а ти зашто се палиш и фаќаш на женкари?''
На почетокот на врската со нов дечко ќе си помислиш еј овој не е ко претходниот ќе најдеш многу разлики и ќе мислиш дека ти поубаво дека имаш повеќе слобода дека имаш повеќе разбирање и слично.. но со текот на времето кога машкото ќе свати дека е заљубево и станува како и сите.. љубоморен кретен што замерува на секое твое лошо однесување и мисли дека некој ќе му рече браво ако неговата девојка направи да се однесува да биде совршена а не да се однесува онака како што и одговара.. елелелелле се изнервираф сега хахаха
паааа во глобала ДЕФИНИТИВНО за жал сите се исти....како што рече marijana..maca на почетокот на врската може ке се залажеш ама покасно гледаш дека и тој е као и другиот ама сепак....пак не можеме без нив
ne se site maski isti...mozebi so nekoi nivni TIPICNI maski naviki si licat eden na drug...megutoa kako i da e ne se isti...kako sto nie cesto znaeme da kazeme deka site maski se isti , taka i tie istoto go kazuvaat za nas
Најдобро прашање за некој кој вели "Сите машки се исти"... е "А зашто ти секад истиот тип мажи го привлекуваш?". Добар пример ми е една другарка која што цел живот, успева да бидне у врска со некој малеџиски насилник. Све од специјалци, избацивачи, типци што се враќаат дома со крвав нос. Јас во живот не сум знаел ниту знаел ниту еден таков тип лично, а девојчево ги вади како од калап, се чудиш кај ги наоѓа. Ако фати нов дечко, буквално знаеш дека за месец дена ќе дојде на врата крвав, или со полицајци до него го враќаат дома. Интересното е што она не го ни прави ова свесно. Она кога ги запознава не ни знае дека се вакви, дури отпосле дознава... Али како да некако подсвесно ги проценува и баш такви секад привлекува. Буквално сите до еден, можда 20 врски, сите од ист калап. Исто е за мажи иначе. Ако тип се жали дека сите жени се исти, добро прашање е "А зашто ти секогаш на истиот тип жена налетуваш?"
Секако дека не се исти...исто како и ние жените што сме различни јас мислам дека нема човек на планетава што е ист со друг...ма сите сме уникати е сега секако дека може да има сличности,ама дека сите се исти мислам дека не!не сум сретнала една машка особа што е иста со друга,бар така јас мислам
И јас истово го викам и баш се чудам како све така се дешава. На пример јас сум лепак за манијаци и разно разни силеџии. Можда тоа е зашто живеам во таква населба - страшна да ја речам, ама сепак има и сто други девојчиња па не им се случува тоа. Јас 90 посто некој дечко што ќе запознам или е манијак или силеџија или во најблага смисла малце мрднат.. Или на пример еве и другиве девојчиња ќе си се шетаат најобично и во најголем број од случаите никој не им дофрлува нешто на улица, не ги брка или следи до дома. А мене тоа највише ми се дешава а посебно од албанците.. леле -.- И сега зашто мене ме замараат такви разно разни лудаци јас го немам правото да речам еј сите машки се исти - силеџии и манијаци. И обратно ако машките се се лепат или им се лепат, сеедно некои ку*ви неможат да речат сите жени се ку*ви.
Има мала милијарда работи што потсвесно ги комуницираме уште пред да кажеме збор. Психата е чудна ствар... Многу често потсвесно даваме порака и сигнал, што свесно никад не би го дале... и обично има глупа причина, обично нешто од детство останато, што на возрасни години не не служи... Пример 1- Девојка што привлекува идиоти, зашто потсвесно и е страв од брак, бидејќи и е страв дека ќе ја зезне кариерата ако се заљуби и венча прерано. Па затоа потсвесно привлекува баш такви типци што нема теоретски шанси да бидат за брак... Со други зборови, потвесно ги шири тие сигнали што привлекуваат такви типци. Пример 2- тип што секад успева да пријде и се пушта БАШ на тие девојки што се спонзоруши (и ќе го одбијат гадно), бидејќи потсвесно се плаши од врска, бидејќи кога последен пат се заљубил, му било скршено срцето. Сеа место да го реши стравот од врски, може да ги криви девојките (сите се такви, ете, мене сите ме одбиваат, блабла бла)
bi sakala i jas nesto da spodelam na ovaa tema, dragi moi forumdzivki. Toa deka site maski se isti-donekade e vistina, no pred izvesno vreme razgovarav so edna prijatelka -psiholog e inaku po profesija, i taa mi objasni kako site nie lugjeto imame takanarecen miris vo sebe, toa sto go nosime so nas, a drugite lugje ednostavno ne mirisaat a maskiot rod se mnogu mirisachi, i taka odi toa. I jas sekogas naletuvam na nevolji a ne si gi baram, se nekoi pogresni kretencinja/kreteni mi se zalepuvaat na mene, i neznam sto da pravam [mod-kirilica:1laf60is][/mod-kirilica:1laf60is]
Пак можам да речам дека потполно се согласувам со тебе. Ама сепак сеуште сум мала за да можам уште сега сосем правилно да ги расудувам работите и да кажам нешто повеќе на темава.. И уште нешто како може една жена да вика сите машки се исти.. Таа да не била БАШ со сите машки? Хаха, сигурно не. Она била цело време со одреден тип на машки што не биле добри, таа работа поминала и сега таа разлутена или повредена од тоа вели ех, сите се исти - што е тотално, ама тотално погрешно. Поздрав.