Не се сите исти , ма да , во животецов повеќе работа имав со психопати одколку со нормални луѓе .. Среќа што на време ги откачив
Па добро не сите баш исти ама ретки се тие како би ги нарекла нормални личности. Денес е многу тешко да најдеш некој стварно што ке биде погоден.
Не се сите исти ама само штом ќе помислиш дека си наишла на некој нормален, одма се обидува да ти го докаже спротивното.
Како што е ситуацијава во денешно време жените ке ги заменат мажите за глупости. Кога ке видам какви глупости прават женскиве денес Сувишне су речи
Не се сите исти. Има и добри но според мене и женските сме криви што понекогаш некој што е премногу добар дури мислиме дека е глуп и си поигруваме со него за подоцна да се каеме.
Не се сите исти тоа е невозможно, туку има одредени карактеристики што ги поседуваат скоро сите. Има мноогу женски што трчаат по оние bad boys а ги одбиваат добрите момци и потоа се разочаруваат и велат дека се сите исти.
Јас мислам има има два типа на машки, исти и различни - Истите се емоционално празни и контролирани од хормоните, долната глава, мислат дека се што лета се јаде и се задоволуваат со "утешната награда" и тие за вас се "сите машки се исти." - Различните се оние кои се емотивно полни, заљубени и во полет и затоа се "различни", зошто го имаат цел плен и не трчаат по трошките, го даваат најдоброто од себе, не затоа што само тие го имаат, туку затоа што некој го извлекол од нив. Секој во одреден момент од животот бил различен или ист, нема исти машки или различни, има водени од убави емоции и водени од потреба и задоволство, кога првото го нема, тогаш второто е нагласено.
Пробано, различна техника... Во светот не постојат и не е ни можно две идентични особи, секој човек е уникатен, па макар и едно влакно повеќе на маде да има
Мислам некаде пишав дека се исти сите машки, не сум баш сигурна. Но, сега ако запознаваш секој пат еден тип на машки тогаш ќе бидам исти. Но ако запознаваш секаков тип на машки тогаш нема да бидат исти. Секој е различен на свој начин но секој има своја карактеристика по што е познат и како се однесува.
Не. Секој си е приказна за себе. Не треба да донесуваме генерален заклучок врз основа на пол. Ако нашето искуство со машките не било добро тоа не значи дека не постои машко на планетава што ги има карактеристиките на машко кој секој би го посакувал.
Дефинитивно не! Повеќето машки се понашат така како што ти ќе му дозволиш.А, и пред некое време прочитав нешто на фб , како зрачиш тако привлачиш, се смеевме баш со другарките ама има некоја вистина и во тоа.