Не бива и се по пари да се трча. Сеуште не сум запознал девојка која бара љубов а не добра кола, скапа облека или ајфон, не реков дека нема туку не сум запознал бидејќи врие од такви кои само тоа бараат. Секакви луѓе има небитно дали се машки или женски а вака сите во еден кош да ги ставаме не е убаво.
Ти не ги стави со твоето мислење сите девојки во еден кош? Или кога женски се ставаат во еден кош не важи, ама за машки не е убаво?
Ми нема поента освен flaming и препукување темава. Нема сврха. Генерализација знаеме што е, и знаеме дали е добра или не. Сите сме различни, judge (or judge not lest ye be judged) on case by case basis.
Зошто па да не бара? Тебе да не ти се слоши да најдеш некоја со топ пари. Вакви теми се најактивни и добри се за популарноста на форумот
Па ти прочита што сум пишал? Или ајде колку да се каже нешто колку да бидеш интересна. Реков сеуште не сум запознал бидејќи врие од спонзоруши како што врие од машки кои само секс бараат, а не реков дека нема бидејќи знам од други парови дека има. Ако не гледам дека ме сака или јас не ја сакам верувај дека не би бил со неа поради пари. Нека бара кој сака мене не ми смета тоа нај искрено, само да не се жалиме дека мажите искористувале после а причината што таа рандом девојка е со него е скапата кола или мотор.
Да, постојат такви женски ама јас не сум една од тие и затоа јас реков дека претежно сите машки се такви идиоти, постојат исклучоци, а ти викаш за сите женски дека се такви.
Ти мислиш дека ако некој има скапа кола, неговата девојка со него е исклучиво заради колата? Не е можно и да го сака?
Не не реков дкеа сите женски се такви ниту реков дека ти си таква. Туку реков дека не е убаво сите да ги ставаме во ист кош. Подобро кажи дека не си запознала таков дечко одколку да кажеш дека сите се исти што не е точно бидејќи сигурно не си била со сите нели. А и знаеш сигурно од други парови дека има некои кои поради љубов се заедно а не поради пари и искористување. Можно е зошто да не. Но во најголемите случаи девојките трчаат по богатите момчиња само поради добрата кола или богатство. Знам, сум излегувал и јас, имам богати другари тоест познаници и знам дека ретко која те гледа кога немаш во џебот. Го знаеш и ти тоа.
Да претежно сме идиоти и јас мислам дека сме идиоти и поради тоа што се трудиме да докажеме дека не сме сите исти. Па што е најтрагично некои девојки не го го гледаат тоа што се трудиш да и докажеш дека не си ист како некој кој и ги повредил чувствата. Тие цврсто се убедени дека сите сме идиоти.
4 генерализации имаш овде 1. сите жени се спонзоруши 2. сите мажи сакаат само секс 3. ако некоја девојка е со богат маж, таа е со него само за пари 4. ако некој маж е богат, сигурно ја искористува девојката. Не, не осудуваш, таман работа Многу сум интересна, знам
Не се сите исти. Еве мојот е различен од тоа што кажувате за повеќето Спојлер Глупи ви се муабетиве со генерализацииве најсериозно.
Дали воопшто имаш пишано нешто позитивно, општо, за луѓето околу тебе (машки, женски, млади, стари)? Далеку ќе догураш со овој став... жално.
Не незнаеш да читаш ти, јас не осудувам. Тоа што јас го пишав нималку не наликува на осуда. Веројатно појма немаш што е осуда. Тебе целта ти е овде да ме цитираш само мене и да пишуваш глупости. Дочитај до крај кога некој нешто ќе пише за да ја сфатиш поентата за да не ствараш лоша слика за се околу тебе. Кој јас? Девојката сака да каже дека сите машки се исти, јас само и објаснив дека без разлика на полот има расипани луѓе а не само машки. Тебе те иритира тоа што пишав за спонзорушите знам, епа и мене ме иритира кога некој ќе пише дека сите машки се искористувачи. Ич да не ти е гајле до каде ке догурам јас. Тоа е реалноста за жал, во најголемите случаи машките сакаат само секс и ништо повеќе, во најголемите случаи девојките трчаат по богат дечко. Јас не сум го измислил тоа ниту сум виновен што тоа е така. Никаде не пишав дека сите се такви бидејќи знам дека има исклучоци.
Тоа ти е исто како секогаш, само со помислата "ај да не пишам секогаш, за да не излезе дека сум површен и осудувам"