Не ви е така малку здодеано од генерализации бре? Најтрагично е што кога сите ги ставате во ист (негативен) кош, се ставате и себеси, ама кому да му текне Мислам, секако дека во темава ќе кажат „да, сите машки/женски се исти“ само деца негде во распон од 15-18 години, кои не виделе ништо од животот, бројот на други деца кои ги познаваат им е ограничен, и мислат дека сѐ се врти околу нив, и освен нив сите се лоши и искористувачи или гадови. Вратете се на темава после 5 години, и пишете пак дали се сите исти (пак вбројувајќи се и себеси)
И некои жени сакаат само секс, и некои машки трчаат по богати девојки Тоа колку се (пре)чести такви случаи, зависи до тоа со какви луѓе си опкружен или до менталниот склоп (дали си реален и се трудиш да си позитивен или пак мрчатор што си се мисли дека е единствен чесен човек останат на Земјава, како тебе).
Јас тоа што го мислам тоа го пишав, ти какви сакаш претпоставки замислувај што јас мислам. Тоа не е точно. Ќе те замолам да не ми ги извртуваш мислењата или да кажуваш што мислам јас тоест како ти мислиш што јас би кажал. Секако. Барем јас секакви имам сретнато.
Па и јас тоа го кажав. И не се правам ниту мрчатор ниту некој најчесен човек на Земјава. Ако вас ве повредува реалноста и живеете во свет по своја замисла јас немам вина воопшто тука.
Абе дека има секакви има, точно. Ама поентата е дека индивидуално не треба за никого да оформуваш погрешно мислење пред убаво да го запознаеш само врз основа на генерализации. Остајте вакви муабети. Секој човек и машко и женско си е приказна за себе.
Многу извртувате зборови и напаѓате безврска. Vitaly ниту некого осуди ниту па сите ги стави во ист кош. Само пиша дека врие од такви, а не дека се сите такви. Не ги осуди, сама пиша дека постојат такви. Многу ви е интересно да се расправате изгледа.
Доволно е тоа што кажа дека сите женски особи што ги запознал досега се спонзоруши. Кој и да е, јас проблемот во гледам во личноста што пишува вакви работи. Знаеме и по дискусиите за јавните фаци колку е релативен овој поим (има луѓе што мислат дека штом некоја има богат партнер, тоа значи дека е со него заради парите), знаеме и колку ви е нереален и генерализиран погледот на светот со падот на „духовното“ и „материјализмот“. Така да, не верувам ни најмалку во неговата перцепција.
А што треба да кажам нешто кое не го мислам и не се согласувам со истото само за да се допаднам некому и да не се најде навреден некој? Не никогаш не го правам тоа нема ни да го правам по никоја цена. Тебе не ти сметаше што некои членки кажаа дека сите машки се исти ама ти сметаше кога кажав дека врие од спонзоруши.. Зошто? Нели рамноправност барате?
И што со ова? Може стварно не налетал на некоја добра и паметна девојка, што не значи дека сите девојки на светот се спонзоруши. Виталиј не ги запознал сите девојки на светот. А ти тука што генерализираш? Ние сите имаме различни мислења и ставови а ти секогаш не ставаш во ист кош и се обраќаш со ,,вие''. Ние сме индивидуи кои мислиме со своја глава и време е да почнеш да гледаш на нас како такви. Пусa.
Девојки не значи само оние што би требало да го привлечат како love interest, туку буквално сите околу него. Другарки, познанички... Така тој се изрази, па сега нека се правда. Не, не може некој само на нечесни да налетува (без разлика дали е маж/жена и дали се однесува на спротивниот пол или воопшто за луѓе), никој не може да ме убеди во тоа. Тоа е клише негативна енергија, самобендисаност и ставање себеси на пиедестал. Вие = другар ти и ти што дојде да го браниш, вие двајца. Кои очигледно се согласувате (за ова). Не мешам никој друг
" Пред да го најдеш принцот треба да бакнеш многу жаби. " Пред да ја најдам принцезата имам бакнато многу жаби и секаков тип на животинки и сите во суштина биле многу прекрасни али од сите тие сум одбрал една која што ќе ја правам среќна и ќе се сконцентрирам само на неа. За да дојдам на ниво да бидам " ПРИНЦ " ми биле потребни многу години патење, наука и најразновидни искуства со различни типови на жени. Компетентен сум да зборам за жени и можам да кажам дека сите жени се " исти ", секоја жена сака љубов, сигурност и маж кој што ќе и биде карпа во животот. Жените се многу ПОКУЛ ОД МАЖИТЕ! Жена е Креација, жена е тоа што на маж му треба .... Женската енергија е благотворна и треба да се негува. Сите жени се одлични , до мажот е како жената ќе се однесува и делува во однос на него. Жените се ЉУБОВ. Маж треба да биде МАЖ ... не ЏАСТИН БИБЕР , а не треба да биде ни КАМЕНКО , треба да биде " ПРИНЦ " ,според вашите критериуми, барања и во согласност со вашето ниво, статус и тоа што ви треба.
Нема потреба да се правда. Еве што пиша. Јасна е реченицава, за тој што разбира. А поентата на разговорот беше за девојка за врска а не општо. Ако е за општо, ете пишува дека знае за такви кои вредат и не се сите за во ист кош, било машки или женски.
Дечки, вие не го разбравте Витали. На исказот ,,Сите мажи се исти", тој само возврати со ,,Не само мажите, туку и сите жени се исти.". Бум, икуалити.
Темава е ... Лапнала Донка штрафцигер, как*ла бургии Него ја отварам и одма одам на прва страна да и турам еден лајк на баба Рада ама се разочарав, не била нејзина Двете стапала не ми се исти, а не па толкав број човеЦи