Секако дека не. Како што сите жени не се исти, така и сите мажи не се исти. Всушност, тоа се е карактер, нема веза дали е машко или женско.
I'ma I iskreni luge. Zavisi za sto laze nekoj. Ne e strasno ako e nekoja mala laga. Nekoj te laze dodeka gleda vo oci. Ne se site lazaci. Na latinica pisuvam, od telefon pisuvam I nemam mk poddrska.
Дефинитивно големо НЕ! Во текот на годините имам научено дека има премногу различни типови на мажи со премногу различни гледишта на животот... Пари, кариера, жени , и многу други различни под категории. Дефинитивно како се развиваат ( зборам со какви луѓе се друшел/ или со какви бил во близина ) влијаат на каков човек ќе биде понатака.
Не! Тоа дека една група на луѓе се исти што во овој случај се машките, е само стереотип! Дали сите жени сме исти? Не! Дали јас и челнката над мене сме исти? Секако дека не! Некако многу 2009та ми звучи оваа прашање...
Не се сите исти. Ниту треба да бидат, ниту може да бидат исти. Ако некои карактеристики се третираат како генерални за машкиот пол, не значи дека таквите постапки се стандард и прават сите да се создадени по некаков урнек. Секој е посебен и различен на неповторлив начин што не подразбира споредба.
Така е ние машките сме идиоти и кретени кои се трудат да направат некои девојки да бидат среќни иако можеби не го заслужуваат тоа. И вистина е не сме сите исти. Бидејќи постојат и друг тип на идиоти и кретени кај нас машките , каде девојките се обидуваат нив да ги направат да бидат среќни, а тие ги понижуваат таквите девојки. Има логика нели?
Нееее,таман работа да се сите исти. Имаш лош,полош и дебил. Исто и од другата страна (женската)лоша,полоша и итра . Ова од искуство
Нема ништо полошо од генерализација и предрасуди без разлика дали се работи за пол, националност, раса, возраст, место на живеење... Секој човек е индивидуа за себе
Сите машки не се исти,како прстите што не се исти така и ние машките.Што немам поминато низ овие години мислам дека на 30 ќе ми обеле коса. Јас сум реалистичен не ги гледам работите како што јас сакам да ги гледам туку такви како што и се. Мразам лажење бидејќи нејќам да ме лажат,а дефинитивно мрзам личности што не ти кажуваат нешто во лице туку секад позади грб.Сум карактер што све што има кажува во лице дали таа особа се налутила или не ако сум во право тогаш тоа не е мој проблем,бидејќи знам да сакам не сум како некои личности што им е гајле за нивната сакана,со една се договара со друга искача едноставно се тоа слепци невидени за мене.Мразам варање не мие во природа такво нешто со сваќањето "зашто да си ја изгубам саканата за 5 минутно задоволство со другакога можам со една да имам баш све". Не викам дека ќе немам лоши денови со нејзе али дефинитивно со петни жили ке се трудан да и нацртам насмевка на лицето а не солзи.Каква е таква е од кал да е битно моја ке е,а не 90% ропаци ги гледам низ градов..женско е чувај ја сакај ја ке ти врати дупло..и да и се пријаде се гасам идам со кола до било каде и зимам и носам пред прозор во 4 сабајле така..имало случаеви не му дава се треска од земја малиот и ги крши надежите за него..наместо да почека кога ке биде спремна тогаш и да е гола да ја покрие..ако ја сакам ќе ја чекам не е битно тоа,битно е да е до мене да ја гушкам гњавам да бидам мало дете со неа,ако она заплаче ради мене? Јас не вредам.Една нејзина солза вреди како 1000 мои... тоа е мојата добра страна,а лошата е ако и фали влакно од било кој не 20 души да ја закачаат и 80 нека се сам ке отидам без разлика на се,никој нема да дозволам да ја повреди а и ни самиот јас,и сите да ја напуштат ќе бидам покрај неа за добро знаеме сите треба да си машко за да останеш и во лошо покрај нејзе. На кратко тоа е мојот карактер за доказ дека сите машки не се морони постоиме и ние што сме 10%. Благодарам ако сте го прочитале до крај текстов се надевам дека на некоја личност сменив мислење дека не има.
Не се исти. Првиот беше превара,невера,параноичен,досаден,психички ме малтретираше. Пишуваше тука на фемина,прашуваше да не сум бремена.. Ми велеше дека ако остснам бремена ќр ми плато абортус и ќе присуствува за да биде сигурен. Премногу љубоморен. Вториот сосема спротивно. Не му текнуваше ни да ми се јави а камо ли да досадува, тешко му беше да се видиме. Не знам и дали ме сакаше но го немаше стравот за случајна бременост и параноја околу тоа. Велеше дека штом е со мене и прави нешто такво, спремен е и на ризикот. Сегашниов дечко нема потреба да го коментирам. Dream came true
Па сега тоа што за мене секогаш се залепуваат идиоти од секаков вид не значи дека сите машки се исти.Секој карактер е посебен.