Да не го цитирам целосно aleknovy сакам да кажам дека се согласувам со него. Како што јас претходно се изјаснив дека цело време ме привлекуваа кретенчината и после секоја таква неуспешна врска, знаев да речам абе сите машки се исти. Таквото генерализирање не е потребно и го прават девојки кои очигледно се нашле во таа ситуација во која јас се најдов. Беше очигледно дека ме привлекуваа таквите во bad boy стилот и нормално дека ќе излезеш повредена и ќе се тешиш со тоа, ама еднаш ќе ти текне дека во тебе е вината , дека упорно со глава во ѕид маваш и после машките сите се исти. Е не се... Исто како што и сите жени не се исти или пак кога некој ме праша дали сакам деца. Па сите деца не се исти да можам да ти кажам дали сакам или не.
Јас само ќе кажам дека сите ние луѓето се разликуваме и во ниту еден случај неможе да најдеш две исти личности не па цел машки род . Да, често е користена оваа фраза од нас женските дека сите машки се исти, но сепак не се согласувам со тоа. Ова се кажува само во ситуации кога ќе сме разочарани од некое машко. Не се сите исти, и не може да бидат. Секој си има свој карактер и однесување кое го прави поразличен од останатите.
па во мојот живот сеуште не се појавил тој што ќе направи да го сменам мислењево. Не се сите машки исти, ама многу е мал бројот на тие кои се разликуваат и шансите да ги најдеш се многу мали. Можеби сум песимист за љубов,врски и љубовни ствари али на ова прашање секој одговара од искуство.Не се сите така среќни да го најдат оној вистинскиот или барем некој што ќе се разликува од сите останати
јас мислам дека едно машко можи да се однесува и добро и лошо...во основа зависи карактерот на личноста...а другото зависи од однесувањето на другата личност... т.е. едно исто машко можи да се однесува лошо со една девојка(доколку му оди по кефот)...а сосема спротивно со друга(која ќе го држи на одреедена дистанца и има свои правила)... сепак особините на едно машко не можи да бидат многу изменети од спротивниот пол ! така да...вервам дека не се сите машки исти ...сепак не е се така црно како што изгледа
Може кога ќе се разочараме од некој кажуваме `Сите машки се исти`,ама далеку од тоа дека сите се исти,се зависи од самиот човек,а и од друштвото негово.
Па јас би се навредила некој да ме убедува дека сите женски се исти и да ме стават во ист кош со некои примероци од женскиот род. Исто е и кај машките. Нити се нити може да се сите исти. (ама не можам да не цитирам една постара пријателка „Ќе видиш, сите се исти, а некои се и бетер“ . Не се согласувам, ама и ја обожавам изјавава )
Дали сите машки се исти не би рекла, секој од нас жените си ги доживуваме мажите на свој начин. Но понекогаш машките сакаат ние по нив да трчаме па не се јавуваат па се прават важни и ред други работи. Тоа го прават да се осетат сакани , барани, дека нешто вредат итн. Но многу колешки од факултет сум слушнала како рекле ,,ма сите машки се исти,, тоа го рекле од проста причина што избираат партнер кој личи на претходниот нивен партнер и кој им ги прави истите работи што ги правел бившиот затоа доаѓаат до заклучок дека сите машки се исти. Никогаш не бирајте сличе на тој што ви бил претходно тоа е честат гршка која девојките ја прават па затоа се разочарани, изневерни.
не се сите машки исти исто како и ние женските што не сме исти и тие не се сега не треба да ги навредуваме некои машки кои потполно знаат што да прават,не се досадни,стабилни се(со ова кажувам дека не се дрски)
Физички сите имаат еден нос,две очи,уста ,уши ,екстремитети,полов орган и незнам таму уште што ,исти се и во функциите кои ги вршат и користењето на мозкот- некои помалку ,некои повеќе успеваат во тоа..али јбг единстве проблем со нив е кога сакат да превземат улога на машина за перење и да ни перат мозок..Они на нас..!!! .....хахахха
интересно е вака кога ќе се видат мислењата на повеќе девојки, на различна возраст, со различни искуства позади себе... и знаете што? и машките истото го зборат и мислат за девојките. Со тек на време како созреваме имаме повеќе искуства сфаќаме дека премногу е да не речам детски да речеме дека сите машки или сите женски се исти... Едноставно не може да е така, ако цело време сме налетувале на некои лудачи или вие женските на кретени, не значи дека сите се такви. На крајот на краиштата да беа сите такви немаше да има љубов, среќни двојки и такви работи... не дозволувајте тоа што некој/а ве повердил/а да се затворите и огорчите и да ги испуштите приликите кои ви се укажуваат.
секогаш постојат исклучоци,па така и за машкиве.едно дрво нема исти листови,па така е и за нив.како фигури нема поголема разлика освен оние кои вежбаат и другите да не кажам позапоставените но сепак има исклучоци
Машките се исти во поглед на сите сакаат фудбал , секс , пивце , и тамо останатите познати машки работи ( материјален поглед) Во поглед на карактер се различни Во поглед на физички изглед се различни Во поглед на психа се различни Во поглед на религија,активност,работа,гледања кон животот,стилот,музиката,начинот на кој го живеат животот,....... се различни па заклучи
Spored mene lugeto se predvidlivi do nekade...Zboruvam za ona kolku sho sum primetila vo nivnoto odnesuvanje ne samo na moi bliski prijateli i vo okolinata da ne recam od moe "posmatranje" Mozebi i zatoa doagja toa deka Site Mazi se isti ili pak Sitre zeni se isti [mod-kirilica:24ppe3of][/mod-kirilica:24ppe3of]
оф леле многу пати сум слушнала од повозрасни женски личности дека машките се ист к*р во друго пакување ама јас не мислам така, сепак постојат исклучоци-наша задача е да ги пронајдеме и да ги задржиме секако а и многупати до сега сум слушнала од машките дека сите девојки се к*урви, спонзоруши, и само на пари мислат дека не постојат нормални девојки ТОА МЕ НЕРВИРА што знаат да сакаат, и да те разберат-сродна душичка-секако дека постојат исклучоци и ВАША задача Е ДА ГИ ПРОНАЈДЕТЕ И ЗАДРЖИТЕ