Па на моменти помислувам дека се сите исти.Во некои ситуации.Но што повеќе ги запознавам сваќам дека не се сите исти.Пр.Имам еден другар,кој оди со една моја другарка.Знам дека човеков е спремен све да направи за неа,но таа не.Врската и онака ја смета ко за без веза.Значит заклучок не се сите машки исти,имат исклучоци,ретки се ама вредат
не верувам дека сите момцина се исти.имаат исти или пак многу слични особини.Кај нив нема па знаес,па незнам,па можеби,или е црно или е бело.Кај мене во фамилија само јас сум девојче сите други останати братучеди и + моите двајца браќа верувајте не е лесно да се опстане.Сите сме љубоморини и тоа е факт.Момците исто така се многу љубоморни,понекогаш знаат многу да изглумат,па се фураат демек ти не знаес кој сум јас и што можам и сл.некои такви работи.Но не се сите исти.Секој е посебна индивидуа,секој го интересираат различни ствари,имаат различно однесуване кон другарите,различно кон девојките,зависи кој на со се навкнал низ текот на животот.Ако гледал дека околку него се тепаат,пцујат,родителите се караат и тој исто така ке постапува,макар што тоа не е пресудно!!! ....Ја сум дека сепак не се сите машки исти.Има лоши,полоши и најлоши!!!!
Не се согласувам дека сите машки се исти. Ова го викаме кога ќе ни згрешат, а што кога ни е убаво..Тогаш викаме дека не сме запознале никој како него, дека е единствен и бла бла...Сепак, како што кажав..кога некој подобро ќе запознаеш согледуваш дека си има свои посебни особини, навики и сл.
Не, дефинитивно не. Можеби имаат исти интереси, или слични но различни карактери. Не се исти сингл машките, а за зафатените да не зборувам, многу се разликуваат од слободните, од искуство кажувам. Истотака разликата меѓу зафатените постои но е помала од разликата меѓу слободните машки
Нормално дека не сме сите машки исти. Исто како што и вие девојките не сте сите исти. Тоа што е исто за нас машките се тие некои притисоци со кои мнозинството сме пораснати и на кои во главно машките паѓаат. Нели ние треба да бидеме фраери, шармери, да ги мењаме девојките, па какво машко си ти ако одбиеш девојка, педер да не си? Јас лично сум слушал бесконечни приказни и совети од некакви си чичковци и самопрогласени ПРАВИ МУШКАРЦИ дека треба да се има секс со колку што е можно повеќе девојки, да не се замараш со ниедна оти сите биле исти, дека и во врска и во брак најнормално е да си фаќаш нешто на страна, оти иначе какво машко си ти? Имаше периоди како помлад кога подлегнував и верував во овие начини на размислување, но тоа повеќе од лична несигурност. Веќе долго време сваќам колку сите тие биле full of shit. Сметам дека баш поради ваквите средини (со такви совети и притисоци) во кои пораснуваат момците придонесуваат кон идиотско и несватливо понашање од страна на машкиот пол. Да бидам фер кон машките сега, многу од нив кои успеале да одолеат на таквите притисоци, и пристапиле кон девојка како личност а не парче за мување/секс, биле шутнати бидејќи тогаш бил претпочитан некој bad boy, дрзок и баш со такви ставови дека цурата е само за провод. Е сега оди најди му го крајот на овој хаос
Нормално не се сите машки исти. Најголем дел се просек и имаат горе-доле слични сфаќања и интереси и тука девојките прават грешка ќе сретнат неколку просечни и според нив си прават шема на сите останати. И така ќе тераат се додека не сретнат испод просечен идиот кој е катастрофа или ако имаат ептен среќа да сретнат надпросечен маж, е тогаш ќе видат дека НЕ БИЛЕ СИТЕ ИСТИ . Само надпросечем маж често бара надпросечна жена така да девојки тоа што го нудите најчесто и ќе го добиете .
Дали сите вие сте исти? Како може сите машки да бидат исти?!! Глупости! Секоја особа е различна индивидуа, израсната во различни услови, различна околина, различни гени. Ако зборувате за врски, секој знае да си ја цени на различен начин љубовта и да се однесува различно во љубовта, девојката, врската. Не е се трајно, крајот на една врска никогаш не треба да биде причина да се прашаш дали се исти, ќе трагаш додека еден ден не се случи вистинското. Ама како што викаат старите ако не помирисаш повеќе цвекиња нема да знаеш кое е најубавото и најмиризливото.
Нееее далеку од тоа, мислам стварно има ептен голема разлика од едно машко до друго машко, и никогаш не би рекла дека сите машки се исти, само можеби имаат некои исти сфаќања за некои работи кои нас не нервираат на пример, па затоа си мислиме дека сите се исти...
Не не никако... не мислам дека сите машки се исти..секој има различен вкус различно однесување различен стил...
Ова ми е многу смешна "теорија" и дефинитивно не се согласувам со неа, ако одиме по таа логика зошто и сите жени да nе бидат исти Сите сме луѓе со мани, посебни навики и склони кон грешки само разликата е во тоа што некои ги согледуваат грешките кои ги направиле и се стремат да станат подобри личности... Секако чест на исклучоците кои знаат кои постапки се правилни или не и никогаш не би направиле нешто со што би ја повредиле неа или него
стандард некако е ова... сепак мислам дека не се исти! знаат да бидат ОДВРАТНИ на различни начини шала на страна, има и фини момци, али ретки се за жал ... и битно е, што на кого му одговара!!
НЕ! постојати фини момци кои ги задоволуваат сите потреби на асален дечко шо пред се знае да те цени поштуе и сака,иако ваквите се бројат на прсти..
ne greshka si site mashki ne se isti ako site maski imaa ist karakter ili ke ni bea samo prijateli ili ke ni bea deckovci pozdrav [mod-kirilica:34sjzfmq][/mod-kirilica:34sjzfmq]
Не се сите исти, но имаат нешто заедничко т.е. скоро сите машки мислат дека се попаметни и дека во се се подобри од нас женските. Може да ме разубедува некој колку сака, но јас си стојам зад овој став. Не алаудирам на тоа дека сите се тешки шовинисти, но имаат бре нешто заедничко сите. Да, тоа и тие го велат за нас, ко демек исти сме сите и дека главна преокупација ни е (лелее душо што да носам вечер, убаво ли ми стои ова, еј знаеш за нив што се зборуватој ја изневерувал, лелее па тој бил многу добар в кревет...и бла,бла,бла) малку забегав од темата но извинете ми, може ова е резултат на мојта денешна исфрустрираност од разговорот со еден пријател.
И јас мислам дека не се сите исти, мојот е мнооогу добар, душа, абе нема ко него Еве и брат ми го гледам, има женска од др град и не се гледаат многу често а одат 1 година и верувале или не ја нема изневерено знам со 100% сигурност. Ни на фб си пишува со други девојчиња, ни на мсн а има само 19 години