Ајде да видам баш дали мисли некој како мене. По долго време се пуштив на форумов да читам така поактивно, ми требаа совети за студентски стипендии и ете деновиве си читав повеќе теми. Како млада 20 годишна девојка не најдов премногу теми што би ми го задржале вниманието подолго да продолжам активно секој ден да пишувам. Лично сметам дека ете за 16-25 години нема некои теми што голем интерес на долг план би ти задржале. Додека за членови над 30 да речеме има многу. Дали е намерно така или самата популација на членови го направила форумот да е таков?
Дај пример какви теми сакаш. Има во Кафе муабети, Насмевка, Литература и уметност, Музика, Филмови, Слободно време, Мода и стил... се' има. Стварно ме интересира кои се тие теми за млади што ги нема тука.
Форумов ги има сите теми, избор колку сакаш. Ако на мнозинството им е во ред во категориите, а се најде еден член што не му се допаѓа тогаш или нека си каже што му фали или нека си се одјави.
Секој има слобода, каква тема да сака да си отвори. И кај мене често цела прва страница ми е со теми за мајки, бебиња и слично што ми е сосем во ред. За млади има многу теми почнувајќи од ФМЌ, има доста теми општи дискусии и се што е актуелно. Не ми сметаат мајките, има доста што да се научи од тука. Форумот е главно за жени, девојчиња, мајки. Не е Гламстик.
Да, има секакви теми. Само што генерално повеќе се активни темите за деца, бебиња, трудници па можеби затоа си добила таков впечаток @BlackMistery
Да, добро ме сфати. Гледам тие дека се најактивни и во нив највеќе се пишува, другите како замрени некако.
Јасно ми е и во право си. Главно тие теми се активни, се разбира не дека ми пречат само ги одминувам бидејќи не сум заинтересирана за нив. Форумов е многу поразличен од порано, на многу полошо ниво, а за тоа влијае и незаинтересираноста на некои модератори, членки кои деноноќно попуваат на секоја можна тема и не прифаќаат дека некој може да има поразлично мислење од нивното а сепак да е правилно, членки кои се замешуваат во секоја дискусија како нивен да е форумов, па исмевања ако случајно некој податок не знаеш или си згрешил, апла тролови се толерираат итн...
Мене ми е во ред форумот, има теми од најразличен карактер и за секоја возраст. Си ги читам и темите за бременост јас, од медицински аспект ме интересираат прегледи, терапии итн, интересно е, само не пишувам. Има и доста теми и за нас помладите, ете цел подфорум за врски, сингл, образование, слободно време... Може и во ФМЌ да се приклучиш, супер е и таму ете за помладите. Зависи што сакаш да читаш, како што кажа @GirlRose сепак не е гламстик.
Многу поразличен, тоа и забележав. Веднаш те напаѓаат ако имаш различно мислење, само што напишав како предлог, одма некој риплајна ако не ти се свиѓа оди си.
@BlackMistery Не е до темите, туку до целната група која поминува време на форумот. За се има теми, меѓутоа трудничките се најактивни веројатно затоа што таа таргет група најмногу е активна, поради интеракцијата совет - одговор, чие поле на интерес е помало кај младите поради нивната почеста физичка социјализација. Трудна жена и жена со дете во принцип е повеќе дома и повеќе е заинтересирана за тие теми, за да научи нешто ново. 80% од трудниците/мајките најчесто се активни исклучиво на тие теми.
Не ни требаат теми, туку нови членови кои ќе пишуваат на веќе отворените теми. Односно, темите си се тука ама никој не пишува на нив. Јас за некој ден ќе правам седум години на форумов. Имам пишано на сите теми кои ме интересираат, сум кажала што имам да кажам (по неколку пати и тоа, ко расипана плоча ) и реално форумов повеќе од навика го отварам, отколку од што ми е забавно и интересно како на почетокот. Макар што, да бидем најискрена, да не беа темите за сериите, мислам дека воопшто немаше ни да го отварам.
@BlackMistery Се сложувам со се што напиша, се вртат се истите теми и малце е монотоно, како што кажаа членките ,таа целна група е по активна и поради тоа така ти изгледа, иначе има теми за се и сешто, до душа има многу интересни теми кои се целосно замрени, а би можело многу да се дискутира на нив, сепак тоа е и до модераторите. Можеш слободно да отвориш теми за кои мислиш дека би биле интересни за дискусија.
Форумот го прат членојте. Ако нешто ви фали, активирајте го. Отворете тема. Иницирајте дискусија. Забавно е. Труднички, мајчински се активни муабети од секојдневен карактер и зато се во активни теми толку често, ама има и членство кое се пронаоѓа во нив. Со сила модератори не можат да терат членојте да пишат на теми шо неќат. Ама сите членој можат да отворат каква сакат тема и да коментират на каква тема сакат. Ако нешто ми е во интерес теми отворам, хел, имам спамано во сдк со "јавни покани" за да ми се активира тема. Ко сме кај то, цртачки предизвик има нов неделен предизвик избран - дружете не. smooth enough?
Чим јас како најмала не сум се откажала од форумов, рачунај дека тука има сештологија. За мене ќе зборам. Смеа, шала, радост, среќа, љубов, тага, солзи, поддршка, утеха. Колку пати ме карале, колку пати ме подржувале. Ехее. Уште колку глупости треба да напраам и да ги споделам со вас, а вие да ме просветлите ехее А има и членки што почнале од "Љубовни проблеми и совети". Се префрлиле во "Веренички прстени". Па во"Свадба бременост и крштевки" после тоа во "Мајчински муабети". Е сега зависи некои се во "Снаи и свекрви проблеми" или во "Брачни неверства". Шала на страна има многу теми за разговор. Ради форумов не се "осеќам осамено" да речам.
Штом за мене има теми и штом сеуште сум тука значи дека има теми за секој.. Буквално. Оние кои ме читаат ќе сфатат што зборам.
И јас би рекла дека не е до темите, туку до членовите. Најверојатно најбројни членови се оние кои пишуваат во мајчинските теми, па затоа така изгледа. Мене не ми сметаат, не ни ги отворам тие теми. Ама не можам да тврдам дека во иднина нема да ми затреба таму да прочитам. Има секакви теми за сите, само многу не се активни. Јас најчесто не пребарувам по категориите, туку ако приметам дека се активирала некоја тема и ме интересира, пишувам.
Темите што не ме интересираат не ги отворам. Најчесто, тоа се темите за трудници и мајки, свадби итн. Немам што да кажам, а не сум личност што ќе пише нешто само колку да се рече... Некогаш и само читам. Најмногу време поминувам во ФМЌ, љубов и врски, темите за храна и пијалоци, музика, литература и слободно време, а за тепање време секогаш ми се тука форумските игри. Се согласувам дека има разновидни теми, но и јас лично сум отворила неколку теми и искрено, бев изненадена од фактот што се разви одлична дискусија. Една таква тема е активна и месеци подоцна.
Не е забавно поради тоа што во секоја тема ќе се најде некој некого да навреди без причина, нема тема (оние кои ме интересираат и ги читам) кај што не се препирале некои членови, ќе се искараат во една тема, подоцна, гледаш истите тие се караат во друга тема. Модераторите не можат да постигнат да бришат недолични коментари и кавги. А често се случува и да се забега од темата поради овие причини. Самите сме криви, што место да постапиме со добар одговор и да го разбереме мислењето на друг, ние одма напаѓаме и доаѓа до кавги и расправии.