Дали мислите дека требаат повеќе теми за младите?

Дискусија во 'За форумот' започната од BlackMistery, 22 ноември 2020.

  1. BlackMistery

    BlackMistery Популарен член

    Се зачлени на:
    16 октомври 2013
    Пораки:
    702
    Допаѓања:
    1.351
    Пол:
    Женски
    Ајде да видам баш дали мисли некој како мене.
    По долго време се пуштив на форумов да читам така поактивно, ми требаа совети за студентски стипендии и ете деновиве си читав повеќе теми.
    Како млада 20 годишна девојка не најдов премногу теми што би ми го задржале вниманието подолго да продолжам активно секој ден да пишувам.
    Лично сметам дека ете за 16-25 години нема некои теми што голем интерес на долг план би ти задржале. Додека за членови над 30 да речеме има многу.
    Дали е намерно така или самата популација на членови го направила форумот да е таков?
     
    На christinnn и Seli20 им се допаѓа ова.
  2. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.539
    Допаѓања:
    78.661
    Пол:
    Женски
    Дај пример какви теми сакаш.
    Има во Кафе муабети, Насмевка, Литература и уметност, Музика, Филмови, Слободно време, Мода и стил... се' има. Стварно ме интересира кои се тие теми за млади што ги нема тука.
     
    На Snowflake97, Роберт 7, buba4e89 и 4 други им се допаѓа ова.
  3. Youknow

    Youknow Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2014
    Пораки:
    1.986
    Допаѓања:
    3.701
    Пол:
    Женски
    Isto i mene me interesira:?:
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  4. eliesaab

    eliesaab Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2013
    Пораки:
    3.833
    Допаѓања:
    11.662
    Пол:
    Женски
    Форумов ги има сите теми, избор колку сакаш. Ако на мнозинството им е во ред во категориите, а се најде еден член што не му се допаѓа тогаш или нека си каже што му фали или нека си се одјави.
     
    На edna_malecka и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  5. GirlRose

    GirlRose Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јануари 2014
    Пораки:
    5.069
    Допаѓања:
    26.780
    Секој има слобода, каква тема да сака да си отвори.
    И кај мене често цела прва страница ми е со теми за мајки, бебиња и слично што ми е сосем во ред.
    За млади има многу теми почнувајќи од ФМЌ, има доста теми општи дискусии и се што е актуелно.
    Не ми сметаат мајките, има доста што да се научи од тука.
    Форумот е главно за жени, девојчиња, мајки. Не е Гламстик.
     
    На black-angel, Angie1432, Роберт 7 и 8 други им се допаѓа ова.
  6. tinka-mace

    tinka-mace Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2013
    Пораки:
    3.451
    Допаѓања:
    16.463
    Да, има секакви теми.

    Само што генерално повеќе се активни темите за деца, бебиња, трудници па можеби затоа си добила таков впечаток @BlackMistery :)
     
    На edna_malecka и BlackMistery им се допаѓа ова.
  7. BlackMistery

    BlackMistery Популарен член

    Се зачлени на:
    16 октомври 2013
    Пораки:
    702
    Допаѓања:
    1.351
    Пол:
    Женски
    Да, добро ме сфати. Гледам тие дека се најактивни и во нив највеќе се пишува, другите како замрени некако.
     
    На edna_malecka и tinka-mace им се допаѓа ова.
  8. tinka-mace

    tinka-mace Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2013
    Пораки:
    3.451
    Допаѓања:
    16.463
    Јасно ми е и во право си. :)
    Главно тие теми се активни, се разбира не дека ми пречат само ги одминувам бидејќи не сум заинтересирана за нив.
    Форумов е многу поразличен од порано, на многу полошо ниво, а за тоа влијае и незаинтересираноста на некои модератори, членки кои деноноќно попуваат на секоја можна тема и не прифаќаат дека некој може да има поразлично мислење од нивното а сепак да е правилно, членки кои се замешуваат во секоја дискусија како нивен да е форумов, па исмевања ако случајно некој податок не знаеш или си згрешил, апла тролови се толерираат итн...
     
    На CoverGirl10, Seli20, AngIv и 9 други им се допаѓа ова.
  9. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.310
    Пол:
    Женски
    Мене ми е во ред форумот, има теми од најразличен карактер и за секоја возраст. :)
    Си ги читам и темите за бременост јас, од медицински аспект ме интересираат прегледи, терапии итн, интересно е, само не пишувам. :lol:
    Има и доста теми и за нас помладите, ете цел подфорум за врски, сингл, образование, слободно време... :)
    Може и во ФМЌ да се приклучиш, супер е и таму ете за помладите. :D
    Зависи што сакаш да читаш, како што кажа @GirlRose сепак не е гламстик. :D:D
     
    На Elf, IRBBB, edna_malecka и 3 други им се допаѓа ова.
  10. BlackMistery

    BlackMistery Популарен член

    Се зачлени на:
    16 октомври 2013
    Пораки:
    702
    Допаѓања:
    1.351
    Пол:
    Женски
    Многу поразличен, тоа и забележав.
    Веднаш те напаѓаат ако имаш различно мислење, само што напишав како предлог, одма некој риплајна ако не ти се свиѓа оди си.
     
    На christinnn, Regina.Phalange, Seli20 и 5 други им се допаѓа ова.
  11. NovusOrdoSeclorum

    NovusOrdoSeclorum Популарен член

    Се зачлени на:
    14 септември 2011
    Пораки:
    1.044
    Допаѓања:
    2.270
    Пол:
    Женски
    @BlackMistery
    Не е до темите, туку до целната група која поминува време на форумот.
    За се има теми, меѓутоа трудничките се најактивни веројатно затоа што таа таргет група најмногу е активна, поради интеракцијата совет - одговор, чие поле на интерес е помало кај младите поради нивната почеста физичка социјализација.
    Трудна жена и жена со дете во принцип е повеќе дома и повеќе е заинтересирана за тие теми, за да научи нешто ново.
    80% од трудниците/мајките најчесто се активни исклучиво на тие теми. :)
     
    На Seli20, Snowflake97, thelittle17 и 3 други им се допаѓа ова.
  12. Nausicaa

    Nausicaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 декември 2013
    Пораки:
    3.439
    Допаѓања:
    20.028
    Не ни требаат теми, туку нови членови кои ќе пишуваат на веќе отворените теми.
    Односно, темите си се тука ама никој не пишува на нив.

    Јас за некој ден ќе правам седум години на форумов. Имам пишано на сите теми кои ме интересираат, сум кажала што имам да кажам (по неколку пати и тоа, ко расипана плоча :^)) и реално форумов повеќе од навика го отварам, отколку од што ми е забавно и интересно како на почетокот.

    Макар што, да бидем најискрена, да не беа темите за сериите, мислам дека воопшто немаше ни да го отварам.
     
    На Blue.Sky, Ugly Duckling, IM.TMKQ и 6 други им се допаѓа ова.
  13. Guns N` Roses

    Guns N` Roses Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2017
    Пораки:
    3.664
    Допаѓања:
    16.152
    Пол:
    Женски
    @BlackMistery
    Се сложувам со се што напиша, се вртат се истите теми и малце е монотоно, како што кажаа членките ,таа целна група е по активна и поради тоа така ти изгледа, иначе има теми за се и сешто, до душа има многу интересни теми кои се целосно замрени, а би можело многу да се дискутира на нив, сепак тоа е и до модераторите. Можеш слободно да отвориш теми за кои мислиш дека би биле интересни за дискусија.
     
    На BlackMistery му/ѝ се допаѓа ова.
  14. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.136
    Допаѓања:
    161.547
    Пол:
    Женски
    Форумот го прат членојте. Ако нешто ви фали, активирајте го. Отворете тема. Иницирајте дискусија. Забавно е.

    Труднички, мајчински се активни муабети од секојдневен карактер и зато се во активни теми толку често, ама има и членство кое се пронаоѓа во нив. Со сила модератори не можат да терат членојте да пишат на теми шо неќат. Ама сите членој можат да отворат каква сакат тема и да коментират на каква тема сакат.

    Ако нешто ми е во интерес теми отворам, хел, имам спамано во сдк со "јавни покани" за да ми се активира тема. Ко сме кај то, цртачки предизвик има нов неделен предизвик избран - дружете не. :makeup: smooth enough? :rofl:
     
    На Bezimenka90, Blue.Sky, thelittle17 и 5 други им се допаѓа ова.
  15. edna_malecka

    edna_malecka Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2018
    Пораки:
    3.894
    Допаѓања:
    14.699
    Пол:
    Женски
    Чим јас како најмала не сум се откажала од форумов, рачунај дека тука има сештологија.
    За мене ќе зборам. Смеа, шала, радост, среќа, љубов, тага, солзи, поддршка, утеха. Колку пати ме карале, колку пати ме подржувале. Ехее. Уште колку глупости треба да напраам и да ги споделам со вас, а вие да ме просветлите ехее :rofl:

    А има и членки што почнале од "Љубовни проблеми и совети". Се префрлиле во "Веренички прстени". Па во"Свадба бременост и крштевки" после тоа во "Мајчински муабети". Е сега зависи некои се во "Снаи и свекрви проблеми" или во "Брачни неверства".:rofl:

    Шала на страна има многу теми за разговор. Ради форумов не се "осеќам осамено" да речам. :hug:
     
    На Seli20, marija305, Guns N` Roses и 9 други им се допаѓа ова.
  16. Vitaly

    Vitaly Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2016
    Пораки:
    2.593
    Допаѓања:
    4.649
    Пол:
    Машки
    Штом за мене има теми и штом сеуште сум тука значи дека има теми за секој.. Буквално. Оние кои ме читаат ќе сфатат што зборам.
     
    На Angie1432, cresa-jagoda, Jana06 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    15.900
    Допаѓања:
    123.259
    Пол:
    Женски
    Има теми за секого. :D
     
    На cresa-jagoda и edna_malecka им се допаѓа ова.
  18. Amellie13

    Amellie13 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 јануари 2017
    Пораки:
    3.942
    Допаѓања:
    54.744
    Пол:
    Женски
    И јас би рекла дека не е до темите, туку до членовите. Најверојатно најбројни членови се оние кои пишуваат во мајчинските теми, па затоа така изгледа. :)
    Мене не ми сметаат, не ни ги отворам тие теми. Ама не можам да тврдам дека во иднина нема да ми затреба таму да прочитам. :lol:

    Има секакви теми за сите, само многу не се активни. Јас најчесто не пребарувам по категориите, туку ако приметам дека се активирала некоја тема и ме интересира, пишувам. :)
     
    На tinka-mace му/ѝ се допаѓа ова.
  19. prominent

    prominent Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2014
    Пораки:
    5.399
    Допаѓања:
    61.229
    Темите што не ме интересираат не ги отворам. Најчесто, тоа се темите за трудници и мајки, свадби итн.
    Немам што да кажам, а не сум личност што ќе пише нешто само колку да се рече... Некогаш и само читам.

    Најмногу време поминувам во ФМЌ, љубов и врски, темите за храна и пијалоци, музика, литература и слободно време, а за тепање време секогаш ми се тука форумските игри.

    Се согласувам дека има разновидни теми, но и јас лично сум отворила неколку теми и искрено, бев изненадена од фактот што се разви одлична дискусија. Една таква тема е активна и месеци подоцна.
     
    На edna_malecka и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  20. LadyLollypop

    LadyLollypop Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2019
    Пораки:
    1.121
    Допаѓања:
    5.407
    Пол:
    Женски
    Не е забавно поради тоа што во секоја тема ќе се најде некој некого да навреди без причина, нема тема (оние кои ме интересираат и ги читам) кај што не се препирале некои членови, ќе се искараат во една тема, подоцна, гледаш истите тие се караат во друга тема. Модераторите не можат да постигнат да бришат недолични коментари и кавги. А често се случува и да се забега од темата поради овие причини.
    Самите сме криви, што место да постапиме со добар одговор и да го разбереме мислењето на друг, ние одма напаѓаме и доаѓа до кавги и расправии.
     
    На noteforself, IM.TMKQ, Seli20 и 6 други им се допаѓа ова.