Се сложувам за ова, во секоја тема се некој исти па исти се сезнајки и се они се во право, никако не прифаќаат туѓо мислење, мора да го истераат своето по секоја цена, нешто најиритантно, што не ми се ни влегува во дискусија на темата иако некогаш сум сакала, од тие напорни дискусии што ги прават некој членови губиш мотивација нешто да пишеш а плус па што се напорни за читање. Најубава тема ми е ФМЌ .
Има многу стари замрени теми, слободно можеш да си пишуваш ако нешто ти фаќа око.Или ако имаш идеја да отвориш нова тема.
Се гледа дека си зачленета 2019 ако ова сега ти е нетрпелив форум. Мислам, види, може и е ама јас паметам едно време од пред околу три години, кога форумов беше буквално буре барут и кавги пукаа и на најтривијални теми, како прашања за коса. Си седнал на Фемина за да се релаксираш, ќе отвориш тема, ќе затекнеш драма и толку од желбата и да читаш, и да дискутираш, и воопшто да отвориш фемина уште еднаш Што знам всушност, дали дека ја преживеав(ме) таа атмосфера, малите искри сега не ги ни регистрирам. Совет од „староседелец“? Игнорирај Ако приметиш дека некој сака да се расправа и дека комуникацијата надминува граници на културно форумско однесување, тргни се сама. Не вреди ни времето, ни енергијата потрошени во објаснување. Исто, пријавувај! Почне ли некој со навреди и ад хоминем испади, веднаш пријави го мислење. Јас сум прилично задоволна од работата на модераторите, знам дека реагираат на оправдани пријави.
Се случило неколку пати да ме нападне некој/а член/ка, ама не сум кавкаџика, па да паднам на такво ниво, секое мислење го почитувам без разлика дали се согласувам или не. Ако некому нешто му смета, подобро лп да ми пише наместо темата да биде со недолични коментари.
Има многу теми на форумот и тоа, од серии, филмови, актуелни настани, новости, мода, музика, книги, но за жал ретко кој ги отвара и пишува на тие теми, цел форум е сведен на бременост, мајчинство и деца
Има теми за младите, а поголемиот дел се за сите возрасти, но така изгледа затоа што темите за трудници, мајки и деца се најактивни. За членовите што не знаат да дискутираат многу е лесно, се игнорираат.
Според мене има теми од секоја област и за секого. Она што ми го прави форумов досаден е расправиите помеѓу членовите. Постојат членови кои се експерти во секоја област и во секоја тема се присутни. Има и такви што не ги интересира што е тема на муабет, туку гледаат што коментираат другите и веднаш почнуваат во жестока дебата. Со кое право ти го цитираш моето мислење и ме убедуваш дека не сум во право?! Ние овде сме дојдени да си го кажеме своето мислење, можеш да ме прочиташ и да одиш понатаму. Да не зборам за тоа како дрско и безобразно напаѓаат членови кога ќе побараат совет. Зошто сте толку нетрпеливи? Зошто сте толку исфрустрирани? Не можам да разберам...
Тоа што одредени теми се попосетени, кажува каква популација преовладува на форумот. Кога би имало повеќе млади, други теми би се вртеле. Мене лично, reddit ми се допаѓа доста, затоа што може да прашаш и да кажеш нешто без да си осудуван, да има потсмев и наметнување на мислење. Чинам форумов е под заложништво на одредени членови, кои коментираат на секоја тема и секогаш со потсмев или ја наметнуваат својата супериорност, која реално е типична фрустрација од својот несовршен живот. Разликата е што, ако ти се дома, можеш да ги отераш во три лепе, ама бидејќи форумот не е на татко ми, се учиш како да ги игнорираш.
Постарите членки се тука уште од кога постои фориумов, значи сигурно биле тинејџерки. И тие истите се сега сигурно мајки и затоа тие теми се поактивни. Како што тие први членови стареат така и темите стануваат повозрасни, можеби понатаму ќе има категорија за пензионери. Популарноста на одредени теми само покажува дека има мал број млади тука. Сметам дека треба да се подмлади, но не треба да чекаш на некој да отвори тема што тебе ќе те интересира. Отвори ја и види колкав интерес ќе има!
Јас сум на форумов повеќе од 10 години, иако имаше периоди кога од лични причини не можев да бидам активна, ама сум отварала да прочитам ако нешто ме интересирало. И пред 10 години темите за бременост, здравствени проблеми и совети беа поактивни, од проста причина што многу членки се тука претежно за таков тип на совет. Нормално дека мене тогаш не ме интересирало тоа, па сум била активна на други теми. Еве, конкретно тогаш мене ми беа најинтересни темите за секс Има еден куп теми за убави дискусии, не само за мода и блогерки, ама треба некој да ги активира. Разгледајте ги, пишете мислење и ќе видите како станува интересно, на крај краева постои можност да отворите нова тема, за тоа што денес е актулено меѓу вас. Баш ме интерсира на какви теми би дискутирале што не се опфатени на форумов
Мислам дека најголема улога има куповна моќ. Тие на 20-30 немаат баш додека тие 30+ имаат па можат да им се пласираат производи и услуги. Сакале или не, светот се врти околу парите. И форумов веројатно живее од спонзори, треба профит а има и трошоци, плати, придонеси, а и серверите и хостингот не се за џабе, камоли струјата.
Не се проблем темите, темите ги има и премногу дури, проблемот е во тоа што ретко кој пишува во половината па и повеќе од половина од темите од форумот. Скоро никој нема ниту енергија ниту време да "талка" по половина и повеќе замрени теми и да дава мислења, па и досадно е нема поента да штанца мислења насекаде без некаков повратен одговор или дискусија. Теми со дискусија примамуваат, останатите теми и штанцање мислења сам со себе не се баш интересни за да некој губи енергија и време секој ден зборувајки си сам со себе . Сметам дека секој еден кој доаѓа на форумот "талка" се додека не си ги најде своите критериуми за да остане и да посвети време на форумот. Некој се пронаоѓа некој не и тоа е во ред. Не дека секој од овде ќе пишувам на цел форум по сите теми секој ден да дискутира за се едно исто и се еден проблем или 5 на пример. Се трошат дискусиите, муабетите, енергијата нон стоп за дискусија за едно исто. Разликата е во тоа дека секој различно го сфаќа форумот. Некој доаѓа за рилекс и дружење, кафе муабет, друг за проблем, трет за дискусија, четврт со полна енергија за форум, пет не сака да дискутира и да се расправа сака да се релаксира итн. Секој со своите преоритети.
Теми има што се вика за од 7 до 77. Само треба да се "разработат". А и порано беше поактуелен овој форум кога немаше толку социјални мрежи, сега кој е поактивен на нив да не знае кај попрво да отвори.
Како нешто ново во подфорумот музика ќе се организираат на некое време избори за најубави македонски и странски песни по декади со песни што ќе ги предложувате, а можно е ако има заинтересирани и дуелот меѓу пејачи да го активираме пак, таа тема си умре некако... Ова како една покана да се приклучите и што повеќе да видите... Моментално има избор за најубава македонска поп песна, видете ја анкетата и гласајте. Исто така и во цртачкиот предизвик и фото натпреварот слободно може да се приклучите, мислам дека има интересни и креативни теми и редовно се менуваат. Теми за млади има ама некако нема заинтересирани и си стојат така... Ако имате идеи може слободно да предложите ете за подфорумите што ги модерирам, не ми е проблем да менувам анкети и да ги средувам редовно, само да има интерес.
Омилени ми се темите во литература и уметност и во музика Мислам дека секој се пронаоѓа во дел од темите кои се во нив, дали за фотографии, книги и рецензии, во натпреварите, па и во музичките теми. Би било добро да се поактивни. Се сеќавам дека еден период имаше тема за музички дуели. Можеме пак да ја активираме, само што овој пат нема да навивам од сенка за мојот фаворит Можеби ќе се заинтересираат и други членови. Што мислите за оваа идеја?