Нема да пишувам долг уводен пост, бидејќи мислам дека нема потреба. Едноставно, ме интересира, дали можете да разграничите секс и емоции, или едно со друго ви е поврзано? Сите сме различни, па ме интересира, од прилика, во која група, колкав процент од нас/вас припаѓаат. Лично, да. Можам да одделам секс и емоции. Не мора да имам некаква длабока интимна/емотивна поврзаност со некого, за да имам секс со него/нејзе. А вие? ако не чини темава, бришете ја
А за кај не би могла? Секс без емоција, но полн со желба, страст за здоволување на физичката потреба. да...можам....но не се исклучува фактот дека можно е да ми се појават емоции после сексот
Искуството ми кажува дека можам но сепак мора да постои некаква емоција за да имаш секс со некого. Не можеш да си апатичен кон личност со која би имал полов однос. Нема смисла.
Ако е муабет за секс без страст, привлечност, бутур, само лежиш и чекаш да заврши...не секому му се троши животот на таква глупост. Секс со страст значи секс со емоциja. Али, ако збoриме за секс без некакви подлабоки - романтични чувства, мисли за врска, лjубов *blushing* ...и тоа се може и повторно, не ке е прв избор за некои, including moi, баш оти е претенка границата помегу анималната страст, привлечност и приврзуванjeто..подлабоките емоции и потреби по секс. Па, кога би се десил таков секс, би требало да е контролиран (без зближуванje, комуникациja) и не..репититивен. Too much ограничуванje, мисленje..да ти (ми) збоктиса.
Мислев на секс без романтични чувства. Нема мислење и ограничување. Кога ќе ми текне имам секс.. може и цел месец да не ми текне.
Мислам дека не може да се оддели, затоа што сепак самиот чин си носи одредени емоции. Љубов да се оддели знам дека се може, ама скрос емоции, тешко.
Не можам. Само ако вистински го сакам, му верувам и сум емотивно поврзана со него, можам и односи да имам со него.
Не можам. Морам да сум заљубена за да имам нешто повеќе, поинтимно со некого (како со него ). Само со некој кој неизмерно го сакам и му верувам. Таквиот секс е со најмногу страст според мене.
Знам на што мислеше. Ама не е прашање на „можам - не можам“, туку повторно на „сакам - не сакам“. Како и да вртиме, емоциите се неизоставен дел. Јас на пример, не сакам да имам секс колку да го имам. И не е причината во романтичните чувства, туку битни се повеќе сегменти во личноста за да ме привлече. Така одбирам да биде.