Имав читано една книга која ги опишува мажите и жените, и една од работите за кои се пишуваше секако беше сексот објаснувајќи како во стил во мозок на машките едноставно постоеле два канала едниот за емоции а другиот едноставно за ширење на нивната ДНК и пишуваше дека маж е во состојба да има секс со сопруга (која ја сака) и после тоа да му се појави некоја скроз непозната и привлачна за него пак би имал секс со таа во краток временски период нез да вклучува било какви емоции кон непознатата. До некаде ова ми помогна да разберам што отприлика се случува со нив. Дали е вистина или не оставам на стручните лице Јас никогаш не сум можела да ги одвојам овие две работи и не сум била во врска и по 2години и не сум била со некој ради секс, едноставно ми требаат емоции а некогаш ми смета што сум ваква зашто никогаш не можам да се опуштам само за секс кога станувало збор.
Оваа книга изгледа ја отвора психата на мажите во целост. Најверојатно не на сите, ама јас дефинитивно спаѓам во таа категорија. Незнам дали е појава, состојба или дијагноза за тоа ќе кажат стручните лица, ама ова е точно. Постојат мажи кои можат да имаат секс со сопруга или девојка што за ништо не би ја смениле и што ја сакаат, а после тоа ако се појави некоја рандом девојка, да се транформираат во нешто друго и со неа пак да имаат секс.
@hunter26 не верувам дека е дијагноза во прашање, туку сама природа... Но ова е нешто со кое имам разговарано и со другари истото што и ти ми го имаат потвредно. Секако не би да генерализирам.
Dodeka bev vo vrska koja traeshe dolgo mislev deka ova e nevozmozhno.....ama sega e povekje od vozmozhno... P.S ubavo e da imash pomlad 6 godini partner za seks bez nikakvi emocii
Не можам. Треба некој вистински да сакам, да му верувам за да имам нешто повеќе. Со голема страст Без емоции не можам да бидам интимна со некој.
Според мене од љубов најубаво,а секако дека не мора чувства романтични,затоа пишав привлечност ,читај страст .
Донекаде е вистина ова што го пишува во книгата. Мажите знаат да одделат секс од емоции. Иако јас повеќе би го нагласил тоа како страст од љубов. Доколку некоја особа физички ги привлекува и чувствуваат страст за неа, може да имаат секс со истата иако знаат дека немаат никакви љубовни емоции и нема да имаат. Но, примерот кој ти е наведен и не е баш точен или бар не за сите мажи. Ќе се земам самиот себе си... Со текот на годините се имам анализирано како реагирам на одредени ситуации при одредени состојби. Кога сум бил заљубен, не мислам на онака заљубен, затрескан, туку кога сум чувствувал љубов, во правата смисла на зборот, оние силни емоционални чувства за некоја особа која не се минливи туку така лесно и траат, доста време, дури и може никогаш не заминуваат, скроз. Тогаш сум почувствувал дека сите останати девојки ми станувале далеку понеатрактивни, или не сум ги приметувал толку, бар не на таков сексуален начин, ниту пак сум имал некоја потсвесна желба, мисла за некоја друга на тој начин. Додека, во такви моменти личноста што е до мене и за која сум го чувствувал тоа сум ја гледал и далеку повеќе физички атрактивна, привлечна и доволна за да ја задоволи мојата физичка, како и душевна потреба. Сум имал СЕ со неа и не ми било ниту потребно, ниту пак сум имал желба за нешто друго. Можеби не го чувствуваат сите мажи ова и јас сум само исклучок отколку пракса. Не знам. Ама за себе можам да го тврдам ова. На крај мислам дека вистината е некаде in between, во зависност од тоа како се чувствуваме. Некогаш знаеме да ја одвоиме, некогаш пак, не, кога сакаме некого. Но, без разлика на истото, важно е почитта кон партнерот и спремноста кога сме со него/неа да сме само со него/неа, а не да користиме некоја трета особа за физичко задоволство иако истата не привлекла на таков начин. Прав маж, знае да оддолее на оваквите искушенија. Исто така мислам дека ние мажите многу потешко и побавно се заљубуваме, но, нашата љубов трае подолго. Можеби не е така. Не знам. Ова е само субјективно мислење базирано на мене.
Ауу тешко прашање за мене.. Мислам дека не би можела. Ако имам секс со некој мислам дека ќе почнам да чуствувам нешто после тоа. А од друга страна пак си викам а зошто да не можеш? Не е толку тешко.. или е?
Секако дека можам. Сексот е потреба, емоциите се нешто друго. Секс може да се има и со човек со кој не сме емотивно поврзани.